fbpx

Гинко-женшен

849.00 ден

Категорија:

Опис

Гинко билобата дефинитивно се вбројува во најстарите живи билки на планетата Земја. Се смета дека ова дрвно растение е старо милиони години. Води потекло од Кина, а ова екстремно отпорно растение, по мезозоикот, повторно пристигнува во Европа во 18-тиот век. Со векови се користи во традиционалната медицина како природен лек за повеќе различни состојби, како астма, болести на бронхиите и белите дробови.. Главната научно поткрепена употреба во денешницата му е за подобрување на периферната и мозочната циркулација.

Подобрувајќи ја мозочната циркулација, односно снабдувањето на мозокот со кислород, гинкото директно влијае на подобрување на функцијата на мозокот и кај здравите лица.

Женшенот пак, претставува една од најпознатите медицински билки ширум светот. Терминот ,,женшен” всушност реферира на неколку видови растенија од семејството Панакс. Станува збор за билки што растат во пределите на Америка и Азија и имаат ароматични, туберозни корени.

Повеќе од 2 милениуми нивниот корен бил силно ценет од традиционалната источна медицина, пред се’ како како третман за стрес и за поголема енергичност. 

Најчесто користениот и најистражуваниот вид на женшен е Азискиот, уште честопати нарекуван и црвен, Корејски или Кинески женшен.

Женшенот е најпознат по својот ефект во однос на хроничниот замор, или константната состојба на намалена енергија зад која нема некаквo здравствено нарушување. 

Комбинацијата женшен + гинко претставува идеален микс за одржување на енергијата, подобрување на менталниот капацитет и подобрување на циркулацијата.

Конкретно, комбинацијата од суви екстракти на гинко и женшен, за здравјето придонесуваат на следниот начин:

  • ОПТИМИЗИРАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА НА МОЗОКОТ

  • ПОДОБРА ПЕРИФЕРНА ЦИРКУЛАЦИЈА ПРИ ШТО Е КОРИСЕН ЗА СЛУХОТ И ВИДОТ

  • ПОДОБРО КОГНИТИВНО ЗДРАВЈЕ

  • ПОДОБРА МЕМОРИЈА И ПАМЕТЕЊЕ

Состав: СУВ ЕКСТРАКТ ОД ЖЕНШЕН (Panax ginseng), бели желатински капсули, прав од Гинко (Ginkgo biloba), сув екстракт од Гинко (Ginkgo biloba), микрокристална целулоза (Е460), магнезиум стеарат (Е470b)

Нутритивна вредност (во 1 капсула): 300mg сув екстракт од женшен (Panax ginseng) со 15mg женшеноиди, 100mg Гинко (Ginkgo biloba) во прав и 60mg сув екстракт од Гинко (Ginkgo biloba) со 14,4mg флавон гликозиди и 3,6mg терпен лактони.

ПРЕПОРАЧАНА ДОЗА: една капсула на ден

НАПОМЕНА: Овој производ не се препорачува за трудници и доилки, лица кои имаат проблем со згрутчување на крвта, со автоимуни заболувања и хормонско-зависни типови карцином. Да не се надминува препорачаната доза. Да не го користат лица алергични на гинко и женшен.

ТРАНСПОРТ ПО БРЗА ПОШТА Е 150 ДЕНАРИ.

ЗА СМЕТКА НАД 1000 ДЕНАРИ – ТРАНСПОРТОТ Е БЕСПЛАТЕН!

(времето на достава во просек е 3-5 работни денови)

 

Продуктите не ги испраќаме во странство.

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Оценете го производот “Гинко-женшен”

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор