fbpx

Како ПУШЕЊЕТО влијае врз нивото на ХОЛЕСТЕРОЛ во крвта?

tonus

На нашиот портал постои еден вид на кампања која ги истакнува сите ризици и проблеми со здравјето кои ги носи пушењето. Веќе имаме зборувано на огромен број теми – ефектот на цигарите врз белите дробови, дијабет, бубрезите, плодноста итн. Покрај овие здравствени проблеми кои може да се јават, пушењето претставува и сериозен ризик и опасност по здравјето на кардиоваскуларниот систем. Токму затоа, во денешната статија ќе зборуваме нешто повеќе за ефектот на цигарите врз здравјето на срцето, односно ефектот врз нивото на холестерол.

Ефектот на цигарите врз кардиоваскуларното здравје

Грубата статистика покажува дека 25% од инфарктите се предизвикани од пушењето. Исто така, пушачите се од 2 до 4 пати поподложни на разни срцеви заболувања. Штетниот дим од цигарите кој се шири низ просторот е наречен „пасивно пушење“ и истиот може да влијае и да го загрози здравјето и на луѓето околу вас.

Нашето срце зависи од редовен и континуиран доток на кислород и нутриенти од крвта. Тие доаѓаат до срцето преку крвотокот или т.н циркулаторен систем. Со тек на време, може да се појават наслаги од масти во внатрешноста од крвните садови. Ова доведува до стеснување, а тоа го намалува протокот на крвта и го зголемува ризикот од инфаркт. Оваа состојба е наречена артериосклероза. Пушењето се смета дека го забрзува ваквото таложње и стеснување на крвните садови. Дополнително, пушењето ги оштетува и останатите крвни садови низ целото тело. Ваквите „периферни артериски заболувања“ може да доведат до намалена циркулација – особено кај дланките и стапалата, згрутчување на крвта и сл. Откажувањето на цигарите се смета како најпревентабилен чекор за намалување на ризикот од појава на овие состојби.

"“Online”/

Пушењето исто така може да доведе и до мозочен удар – состојба кога дотокот на крв до мозокот е попречен или целосно запрен. Тоа може да предизвика трајно оштетување на мозокот, па дури и смрт. Ризикот за мозочен удар е највисок кај активните пушачи, наспроти луѓето кои ги откажале цигарите или пак никогаш не пушеле.

Како влијае пушењето врз нивото на холестерол?

Добро познато е дека цигарите содржат илјадници различни штетни соединенија, но едно соединение особено се смета за опасно и штетно по срцевото здравје, а тоа е акролеинот. Ова соединение е синтетски добиено, односно е произведено од човекот и се смета дека влијае врз начинот на кој телото го метаболизира холестеролот.

Ефектот кој го имаат цигарите врз нивото на холестеролот, било тема на голем број истражувања. Еден од најизразените и најдобро познати ефекти за научниците е намалување на „добриот“ или HDL холестерол, предизвикано од пушењето. Инаку, овој тип на холестерол има заштитна и позитивна функција во организмот. Затоа е пожелно нивоата на овој тип холестерол да се повисоки, нешто што редовното пушење може да го спречи.

Покрај тоа, негативните ефекти на „лошиот“ – LDL холестерол се дополнително нагласени кај пушачите, а со тоа дополнително се зголемува ризикот за стеснување на крвните садови. Имено, овој тип на холестерол е главно заслужен за стеснувањето кое се јавува кај крвните садови како резултат на создавање на наслаги во внатрешноста. Пушењето го прави ваквиот LDL холестерол уште повеќе штетен и опасен, а и дополнително се зголемува инфламацијата кај пушачите – состојби кои водат до појава на артериосклероза. Се смета дека и акролеинот присутен во чадот од цигарите, доведува до инхибирање на дел од ензимите кои го одржуваат LDL холестеролот неоштетен и непроменет во организмот. Без дејството на овие ензими, LDL холестеролот станува подложен на оксидација – сложен процес кој ја менува неговата структура. Поради оваа промена, нашиот имун систем не го познава повеќе овој тип на холестерол и поради тоа доаѓа до појава на имун одговор. Тоа подразбира создавање на леукоцити и останати молекули кои се дел од имунолошката реакција, а сето ова доведува до дополнително зголемување на инфламацијата. Одредени студии покажале дека колку повеќе е присутна оваа оксидирана форма на LDL холестеролот, толку повеќе се зголемува ризикот за срцев или мозочен удар.

Откажувањето на цигарите значи и поздраво срце

Иако најдобар начин да го заштитите здравјето на вашето срце е никогаш да не пушите, откажувањето сепак доведува до значително подобрено здравје со тек на времето.

–       По 20 минути од гасењето на цигарата, вашиот пулс и притисок се враќаат во нормала

–       По 12 часа, нивоата на јаглероден моноксид во крвта се нормализираат, овозможувајќи повеќе кислород да се пренесе до виталните органи и срцето

–       По 1 година, ризикот за појава на инфаркт или мозочен удар е преполовен, а по 4 години непушење, ризикот за мозочен удар е еднаков како и на непушач.

Откажувањето не е лесно, но е неопходно за подобро здравје. Не чекајте да се јават проблемите за да реагирате. Пушењето е штетно за вашиот организам и доведува до помал квалитет на живеење. Со ваша волја и решителност, како и поддршка од средината, можете трајно да ги откажете цигарите.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор