fbpx

Зошто ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА не е единствениот индикатор за УСПЕХ при слабеењето?

tonus

Одредени студии прогнозираат дека во наредните 10 години, речиси половина од светската популација може да има прекумерна тежина, секако доколку не се превземат сериозни превентивни мерки. Но, факт е дека прекумерната тежина за многумина претставува товар и може да влијае на расположението и менталното здравје. Меѓутоа, нездравата опсесија со тежината како бројка може навистина негативно да влијае на секој аспект од секојдневието. Во продолжение ќе зборуваме зошто бројката, односно тежината не е главното нешто на кое треба да се фокусираме кога се обидуваме да слабееме.

 

Дебелината – меѓу најзастапената здравствена состојба на денешницата

Прекумерната тежина е дефинирана како состојба кога телото има абнормални, односно прекумерни резерви и наслаги од масти. BMI (Body mass index) е еден начин на кој лесно може да се провери нашата моментална состојба во поглед на телесната тежина. Секако, поради својата едноставност, ваквиот метод е доста општ и не секогаш целосно прецизен и објективен.

Во светски рамки, САД е на првото место како држава со најголема гојазност. Но, се проценува дека во периодот од 1975 па до денес, на глобално ниво, прекумерната тежина кај популацијата е за три пати позастапена. Таа исто така претставува најпревентабилна причина за предвремена смртност. Истата е поврзана и со бројни други заболувања, како што се: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и др.

"“Online”/

Во 2016 година, повеќе од 1,9 милијарди возрасни луѓе (над 18 години) ширум светот, имале прекумерна тежина.

Загрижувачки е што ваквиот пораст е забележан и кај децата и тинејџерите. Едно истражување покажало дека гојазноста кај оваа група е зголема за 10 пати од 1975 година до денес. Во 2016 бројот на деца и тинејџери со прекумерна тежина бил 124 милиони, наспроти 11 милиони во 1975.

 

Зошто бројката на вагата не треба да биде единствениот приоритет при слабеењето?

Иако бројот на вагата често е нajследена и најопиплива мерка за напредок во слабеењето, од клучно значење е да се препознае дека постојат бројни други показатели за успех кои можат да бидат подеднакво или уште позначајни од бројот на килограмите. 

Еден особено важен  параметар е самата физичка состојба и структура на телото, односно пропорцијата на масно ткиво, мускулно ткиво и останати параметри. Дури и ако вагата не покажува значително намалување на тежината, подобрувањата во составот на телото, како што се намалување на процентот на телесните масти и зголемување на мускулната маса, може да значат позитивни промени во здравјето и кондицијата.

Дополнително, подобрувањата во физичката кондиција и издржливоста, воочливи преку параметри како зголемена сила, флексибилност и кардиоваскуларна кондиција, се важни индикатори за напредок и чекор кон целосно подобро здравје и благосостојба. 

Останати „споредни“ придобивки се можеби подобрениот квалитет на сон, зголеменото ниво на енергија, подобрено расположение и ментална благосостојба, зголемена самодоверба и подобар севкупен квалитет на живот. Ваквите параметри се далеку позначајни од една обична бројка која ќе ја видите на вагата. Секако, тие се постигнуваат со усвојување на поздрави навики, како: здрава и балансирана исхрана, редовно движење и физичка активност, контролирање и менаџирање на стресот, регулирање на хигиената на спиење и сл. Покрај воочувањето на овие „индиректни“ придобивки, важно е да се насочиме кон реален, одржлив пристап кон регулирање на телесната тежина, односно да усвоиме навики кои можеме долгорочно да ги одржуваме и истите да прераснат во своевиден нов, поздрав начин на живеење. 

[Поврзано: Зошто КАЛОРИИТЕ не се најважни при СЛАБЕЕЊЕТО?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор