fbpx

Како ПРЕДИЈАБЕТОТ да не премине во ДИЈАБЕТ?

tonus

Денес ќе зборуваме за дијабетот, односно за преминот на предијабет во дијабет. Ќе погледнеме зошто и како настанува ваквата транзиција и како успешно да ја избегнеме. 

 

Што претставува дијабетот?

Дијабетот претставува состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова најчесто е поради недоволно количество или поради не ефективност на хормонот – инсулин. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

Постојат повеќе типови на дијабет – тип 1, тип 2, предијабетна состојба, како и гестацискиот дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчестите се: генетски, прекумерна телесна тежина, возраста, слаба физичка активност, останати здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

"“Online”/

Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на било кој тип на дијабетна состојба, промени во животните навики исто така може да имаат исклучително позитивен ефект. Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот.

 

Како и зошто предијабетот минува во дијабет?

Прогресијата од предијабетес во дијабетес вклучува сложена интеракција на повеќе различни фактори – генетика, животен стил и метаболички фактори. Предијабетесот, кој се карактеризира со покачени нивоа на глукоза во крвта кои сè уште не се во опсегот на дијабетичари, обично се јавува поради инсулинска резистентност, односно состојба каде клетките стануваат помалку „чувствителни“ на инсулинот, хормон одговорен за навлегувањето на глукозата од крвотокот во клетките. 

Како што се намалува чувствителноста кон инсулин (се јавува инсулинска резистенција), панкреасот почнувда да компензира со производство на уште повеќе инсулин за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта. Меѓутоа, со текот на времето, овој механизам може да се „истроши“, што ќе доведе до дополнително опаѓање на секрецијата, но и на ефективноста на инсулинот. Истовремено, хроничното воспаление, дислипидемијата и абнормалности во функцијата на панкреасот, може да придонесат за прогресија на предијабетот во дијабет. 

Факторите на животниот стил како што се лошата исхрана, седечкиот начин на живот, дебелината и пушењето, целосно ја влошуваат состојбата и го забрзуваат преминот кон дијабет. За да се спречи прогресијата од предијабетес во дијабетес, од клучно значење се промените и интервенциите насочени кон ризик факторите.

Промени во начинот на живот, вклучувајќи усвојување здрава исхрана богата со житарки, овошје и зеленчук, редовна физичка активност, одржување здрава тежина и избегнување на алкохол и цигари се најважните превентивни чекори. Дополнително, може да се земат предвид и фармаколошки интервенции како што се метформин или други лекови, особено за лица со висок ризик или со специфични метаболички абнормалности. Секако, започување со терапија мора да биде во консултација со вашиот лекар или специјалист. Но, комбинацијата од лекарства, промени во начинот на живот и физичка активност е најдобриот начин за да се спречи преминот на предијабет во дијабет.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор