fbpx

Зошто кога е ТОПЛО се чувствуваме УМОРНО и БЕЗ ЕНЕРГИЈА?

tonus

Денес ќе зборуваме за нешто што секој од нас го чувствува во овие топли денови, а тоа е безнергичноста и заморот кој доаѓаат исклучиво од високите температури. Ќе погледнеме зошто се јавува овој замор и како може да го подигнеме нивото на енергија во најтоплите денови од годината. 

 

Како влијаат високите температури на телото?

Топлото време може да влијае на телото на разни начини и истото станува опасно кога изложеноста е подолга. Во прв момент, топлината може да предизвика дехидрација, а во посериозни случаи и топлотен удар,

Дури и поблага форма на дехидрација е заслужна за промена во когнитивните функции и расположението. Ваквите состојби се штетни и може да бидат сериозни.

"“Online”/

По подолга, повторувачка изложеност (неколку дена), екстремните температури може да делуваат врз функционирањето на внатрешните органи и особено да се отежне функцијата на кардиоваскуларниот систем.

Важно е да се напомене дека топлото време влијае различно на популацијата. Децата, повозрасните, бездомниците и луѓето со веќе постоечки кардиоваскуларни проблеми имаат зголемен ризик за појава на здравствени проблеми поради топлината. Некогаш луѓето не се свесни дека премногу долго биле изложени на сонце или на висока температура, бидејќи симптомите се јавуваат кога е веќе доцна. 

 

Зошто се чувствуваме уморно и без енергија кога е топло?

Многу често заморот, поспаноста и безенергичноста може да се јават како резултат на временските услови. Летото и високите температури се типичен пример за ова. Кога е топло, телото се „бори“ да ја одржува константна телесната температура, а тоа навистина може да влијае и врз нивото на енергија. Како што споменавме во претходна статија оваа недела, топлото време го намалува притисокот, го забрзува пулсот, ги шири крвните садови и доведува до обилно потење. Сите овие процеси бараат енергија, па иако делува дека мируваме, всушност нашето тело силно работи против топлината. Обилното потење исто така го зголемува ризикот за делумна или сериозна деихдрираност, што пак веднаш ќе се одрази на нивото на енергија. Дополнително, со потењето губиме и низа на минерали кои се неопходни за функцијата на мускулите, со што дополнително може да се чувстуваме уморно. Интензивна физичка активност исто така може да доведе до сериозен замор, бидејќи процесите што веќе ги споменавме, би биле само значајно понагласени при било какво вежбање или движење, а тоа би значело и дополнителен замор и безенергичност. И секако, спиењето е еден аспект кој не може да го занемариме. Поради високата температура во ноќните часови, спиењето е отежнато и неговиот квалитет е секако намален. Ова веднаш се одразува и врз нивото на енергија, особено при вакви подолги периоди на екстремно високи температури.

 

Со цел да го намалиме заморот и да го зголемиме нивото на енергија, може да се придржуваме до следните неколку препораки:

  • Подобрете и одржувајте го квалитетот на спиењето
  • Пијте доволно течности
  • Избегнувајте тешки и обилни оброци
  • Избегнувајте тешка физичка активност во најтоплите периоди од денот
  • Избегнувајте подолга изложеност на директно сонце
  • Доколку имате можност, престојувајте во разладени простории
  • Доколку мора да искочите надвор, користете крема за сончање, некаков тип на шешир или капа и престојувајте што е можно повеќе под сенка. Пијте повеќе течности доколку сте на отворено.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор