fbpx

Женшенот во борба со т.н. сенесцентни клетки!

tonus

Сенесцентни клетки

              Човекот со векови се обидува да најде некаков начин да го спречи стареењето. Иако тоа физички е практично невозможно, модерната медицина овозможува се’ подолг живот, а одредени навики навистина делуваат на успорено стареење. Стареењето претставува природен процес кој подразбира акумулација на клетки коишто не умираат, но веќе не можат да се делат. Иако тие имаат и позитивни страни, како што е превенирањето на појавата на рак, сепак т.н. ,,сенесцентни клетки” ослободуваат хемикалии што поттикнуваат инфламаторни или воспалителни процеси.Зошто се тие особено лоши по нашето здравје, прочитајте на линкот подолу.

[Поврзано: Имате 40, а се чувствувате како 25? Што означува поимот БИОЛОШКА ВОЗРАСТ?]                     

Причини за стареењето

                Стареењето е особено комплексен процес кој зависи од бројни фактори. Во однос на познатите фактори, како најважен се издвојува скратувањето на теломерите (заштитата на краевите на хромозомите). Други поттикнувачи на стареењето се оксидативниот стрес, јонизирачкото здрачење, лошата исхрана и слично. Последните фактори влијаат на стареењето и без факторот наречен скратени теломери. Стареењето поттикнато главно од факторите што не се поврзани со генетскиот материјал се нарекува ,,предвремено” стареење. Во оваа насока за фактор со најголемо влијание се смета оксидативниот стрес,предизикан од слободните радикали.

"“Online”/

Истражување – Олигопептидите на женшенот и стареењето

                  Женшенот има навистина долга историја во традиционалната Кинеска медицина. Уште пред многу векови се употребувал за долговечност и енергичност. Поради присуството на уникатни аминокиселини и функционални биоактивни компоненти, како женшеноиди, феноли и фитостероли, истражувањата наоѓаат силна поврзаност помеѓу користењето женшен и намалениот замор, вишок телесна тежина, па дури и намален шеќер. Како ,,виновник” за овие ефекти се сметаат неговите антиоксидативни и антивоспалителни ефекти.

[Поврзано: Страдате од хроничен замор? Можеби ЖЕНШЕНОТ е решението за вас!]

                     Едно истражување од Универзитетот во Пенкинг, Кина, ни дава интересни информации во оваа насока. Имено, научниците сугерираат дека олигопептидите на женшенот имаат способност да го одложат формирањето на претходно споменатите ,,сенесцентни” клетки, преку различни метаболитички патишта. Суплементирањето со олигопептидите на женшенот значително ја подобрува митохондријалната функција и биогенезата, преку метаболитичкиот пат познат како NAD+/SIRT1/PGC-1. Сето ова има потенцијал да го успори процесот на стареење.

                      Иако истражувањето е анимално, истражувачите тврдат дека тоа отвара перспектива која ветува во однос на женшенот и стареењето кај луѓето.

Дознајте повеќе околу ЖЕНШЕНОТ и ГИНКО БИЛОБАТА на следниот линк:https://shop.drmitov.mk/p/ginko-zhenshen/

Извор:

Bioactive Oligopeptides from Ginseng (Panax ginseng Meyer) Suppress Oxidative Stress-Induced Senescence in Fibroblasts via NAD+/SIRT1/PGC-1α Signaling Pathway

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор