fbpx

Како ПОЛНОЗРНЕСТИТЕ ЖИТАРКИ нè држат СИТИ и полни ЕНЕРГИЈА?

tonus

Денешното темпо нажалост се одликува со се помалку време за себе, брзање и голема изложеност на стрес. Во секојдневните задачи, понекогаш се случува да немаме време ни за оброк, а често се задоволуваме со нездрави, брзи опции. Но, таквата брза храна не нуди долгорочна ситост, па по неколку часа сме повторно гладни. Долгорочно, ваквата пракса се отсликува на телесната тежина и здравјето. Но, постои здрав, едноставен тип на намирница кој е одличен за брз оброк и долгорочна ситост, а тоа се полнозрнестите житарки. Самиот состав на житарките е наменет за ситост, добра регулација на шеќерот и подобро дигестивно здравје. Во продолжение ќе зборуваме накратко зошто тие треба да се нашиот прв избор доколку ни е потребен долг, континуиран извор на енергија. 

 

Зошто се важни полнозрнестите житарки?

Полнозрнестите житарки и брашната кои се добиваат од нив се застапени во сите здравствени препораки. Тие треба да бидат темел на нашата исхрана, да се консумираат редовно и трајно да ги заменат рафинираните брашна и производите кои се добиваат од нив. Под зборот полнозрнести подразбираме дека житарката ги содржи сите нејзини составни делови и воопшто не подлежи на деструктивниот процес на рафинација. На овој начин целосно се задржува нејзината нутритивност и се добива продукт (брашно) кој е особено корисен и здрав. Освен како брашна, полнозрнестите житарки може необработени да се користат и во нашата секојдневна исхрана. Овесот, просото, хељдата, пченицата, ‘ржот – може редовно да се користат за подготовка на разни рецепти, а покрај тоа тие се одлична идеја за подготовка на брз и нутритивен појадок.

Токму составот на полнозрнестите житарки (првенствено нивната богата содржина со растителни влакна) ги прави особено погодни и корисни за лицата со дијабет. 

"“Online”/

 

Зошто полнозрнестите житарки се асоцираат со ситост и енергија?

Целите зрна, како што се кафеавиот ориз, киноата, овесот, јачменот, ‘ржот и интегралната пченица, нудат изобилство на нутритивни придобивки, а една од најзначајните е нивната способност да обезбедат стабилна, долготрајна ситост и енергија. Овој ефект првенствено се припишува на нивната висока содржина на влакна, како и нивниот состав на сложени јаглехидрати. За разлика од рафинираните зрна, каде се изгубени одредени делови од зрното при обработката, полнозрнестите житарки ги задржуваат овие клучни елементи, што резултира со побавна дигестија и постепено ослободување на глукоза во крвотокот. 

Растителните влакна во полнозрнестите житарки се едни од причинителите за  чувството на ситост. Покрај нив, сложените јаглехидрати кои се наоѓаат во овој тип житарки се разградуваат побавно, обезбедувајќи одржлив извор на енергија во текот на денот. Ова постепено ослободување на енергија помага да се стабилизира нивото на шеќер во крвта, спречувајќи ги скоковите кои вообичаено се поврзуваат со рафинираните јаглехидрати или било кој тип на брза храна. Постојат огромен број студии кои ги потврдуваат ваквитее ефекти на интегралните житарки, при што истражувањата покажуваат дека поединците кои имаат исхрана богата со полнозрнести житарки имаат најчесто и помала телесна тежина и намален ризик од дебелина во споредба со оние кои консумираат претежно рафинирани житарки. Исто така, поради бавната дигестија и присуството на растителни влакна, житарките се одличен избор за луѓето кои имаат нарушена гликемија или пак сакаат подобра контрола на шеќерот во крвта. 

Дополнително, бавниот и континуиран доток на енергија обезбеден од полнозрнестите житарки може да ја подобри когнитивната функција, да ја поддржи физичката издржливост и активност и да ја промовира целокупната благосостојба. 

Сето ова укажува на бројните бенефити кои полнозрнестите житарки ги нудат. Тие се застапен во секоја здравствена препорака, а тоа е со причина. Како еден вид бонус, тие се вкусни и навистина лесно може да се вклучат во огромен број рецепти – од појадок, до ручек и вечера. За тоа како да ги вклучиме полнозрнестите житарки почесто во нашата исхрана, може да прочитате повеќе доколку кликнете тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор