fbpx

Кафето е здраво, но во кои граници?

tonus

Кафето е дефинитивно еден од најпопуларните пијалоци на денешницата. Речиси да не постои човек што не пие еспресо, капучино, турско, нескафе итн. Како и во поголемиот дел од светот, така и кај нас во Македонија, огромен дел од луѓето имаат редовна навика за пиење кафе.

[Поврзано: Ритуали за релаксација!]

Во последниве декади, слободно може да се каже дека кафето е и една од најистражуваните прехранбените намирници. Во последно време, вестите се сè подобри и подобри. Така, не само што СЗО го тргна кафето од листата на потенцијално канцерогени намирници, туку сега потенцира дека може да има бројни корисни ефекти по нашето здравје.

"“Online”/

[Поврзано: Добри вести за љубителите на кафето!]

Умерената консумација на кафето (2-3 чаши во текот на денот), некои студии ја поврзуваат со продолжен животен век. Имено, една студија од 2015, објавена во списанието Circulation ни дава податоци според кои редовното консумирање кафе се поврзува со 8-15% намален ризик од смртност од било која болест.

Бројни други студии покажуваат дека пиењето кафе може да го намали и ризикот од:

кардиоваскуларни заболувања (вклучително срцев удар и мозочен удар)

Колку кафе е премногу?

 

Видовме дека умерената консумација на кафето може да има бројни корисни ефекти по здравјето, сепак важно е да се напомене дека претерувањето со кафето може да ни создаде повеќе штета отколку корист. Па, колку е премногу?

 

Едно неодамнешно истражување од Австралија, вели дека честото пиење на големи количества кафе, може да води кон навистина сериозни здравствени компликации. Под големи количества, истражувачите од оваа студија подразбираат над 5 чаши кафе дневно. Кафето во вакви количества, ќе го зголеми ризикот од срцеви заболувања за дури 22%.

 

Во првата фаза од истражувањето, научниците од Универзитетот на Јужна Австралија, следеле колку кафе консумираат над 345 илјади испитаници, на возраст помеѓу 37 и 73 години. Потоа, испитувано било дали постои одредена поврзаност или релација помеѓу внесот на кафе и кардиоваскуларните болести кај испитаниците.
Утврдено било дека со зголемувањето на испиените количества кафе, се зголемувала и застапеноста на кадиоваскуларните болести. Количеството над кое се јавувале проблемите – навика за над 5 шолји кафе дневно.

 

Затоа, професорката Хипонен, водач на истражувањето, силно препорачува да не се пие повеќе од 5 шолји кафе на ден.

 

До 400mg кофеин на ден!

Според врвната Мајо клиника од САД, возрасните лица можат да толерираат кофеински внес до 400mg дневно, без да имаат несакани последици и ефекти. Тоа е екивалентно на 4 до 5 шолји кафе на ден. Сепак, треба да се има предвид дека не е само кафето извор на кофеин. Затоа, бидете особено внимателни и со енергетските, газираните пијалаци, кофеинските чаеви и чоколадите.

[Поврзано: НАЈОПАСНИТЕ калории: ТЕЧНИТЕ калории!]

 

Децата се особено чувствителни на кофеинот и не е добра идеја воопшто да го внесуваат.

За бремените жени, Мајо клиниката препорачува внесување на кофеин до 200mg дневно (или до 2 шолји кафе).

Треба да се има предвид дека овие препораки важат генерално. Постојат и возрасни луѓе кои имаат особена сензитивност на кофеин, па тие треба да бидат многу повнимателни.

 

Можни симптоми ако претерате со кафето?

 

Покрај зголемениот ризик од кардиоваскуларни проблеми, ако внесувате повеќе од 4 шолји кафе на ден, веројатно имате симптоми кои ви создаваат тешкотии во секојдневното функционирање, како:

  • Зачестени главоболки
  • Вознемиреност и треперење
  • Несоница (хорнична)
  • Лесна надразливост
  • Често менување на расположението
  • Доста зачестена потреба за уринирање
  • Забрзан ритам на срце
  • Мускулни грчеви
  • Силна зависност од пијалакот

    и слично.

 

Кофеинот особено е проблематичен во однос на спиењето.

 

[Поврзано: Како да го подобрите сонот?]

 

 

Начинот на кој го пиете кафето, исто така определува дали кафето ви е здрава навика!

 

Многумина го пијат кафето со многу шеќер, кравјо, полномасно млеко, па и различни високо-калорични кремови.

Значи, заклучокот е јасен,за да ги ,,претворите” вашите дневни ритуали на уживање во кафето, во целосно здрава навика, потребно е:

  • Да ги ограничите шолјите кафе до максимум 5
  • Да го пиете кафето без или со сосема малку шеќер
  • Да не користите млеко и различни шлаг кремови (или да користите малку нискомаслено млеко)
  • Наместо високо-калоричните додатоци, користете зачини што одат добро со кафето, како: валнила екстракт, кардамон, цимет, какао прав и слични зачини. Користете и природни засладувачи, како медот.

 

[Поврзано: 8 причини почесто да уживате во КАКАОТО!]

 

Извор:

,,Long-term coffee consumption, caffeine metabolism genetics, and risk of cardiovascular disease: a prospective analysis of up to 347,077 individuals and 8368 cases”

Ang Zhou, Elina Hyppönen

The American Journal of Clinical Nutrition, Volume 109, Issue 3, March 2019,

Mayo Clinic – ,,Caffeine: How much is too much?

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор