fbpx

ЛАЈФСТАЈЛ МЕДИЦИНА – Што значи и со што се занимава?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Ако ја следите работата на Д-р Митов, веројатно досега во повеќе наврати сте го слушнале поимот Лајфстајл медицина. Но, колку сте вие информирани на оваа тема?

Во продолжение, што поточно означува поимот и како оваа понова гранка на медицината може да ни биде од корист?

Што е работата на докторите што се занимаваат со Лајфстајл медицина?


Лајфстајл медицината или по ,,нашки” медицина на животен стил, подразбира холистичен или целокупен пристап кој функционира во насока на третирање на самиот корен, а не на симптомите на одреден здравствен проблем.

"“Online”/

Во целта утврдување што точно стои зад хроничните здравствени проблеми, медицината на животен стил применува или практикува методи што имаат научна поткрепа. На пример, работењето на намалување на стресот во ,,борбата” со главоболките, дигестигните проблеми или несоницата, би можело да се смета за практика на лајфстајл медицината.

Според статистиките од САД, дури 80% од трошоците на здравствениот систем се резултат или се директно или индиректно поврзани со лошите животни навики. Огромниот дел од најчестите заболувања, како кардиоваскуларните, гојазноста, дислипидемијата, дијабетичните нарушувања, па и проблемите со менталното здравје можат соодветно да се превенираат, практикувајќи ги основните препораки на лајфстајл медицината.

Како форма на превентивна медицина, медицината на животен стил има за цел поттикнување на промени во навиките со што би се намалиле негативните начини на однесувања по нашето здравје, како на пример пушењето цигари или честото консумирање брза храна.

[Поврзано: Непријатни симптоми по откажувањето од цигарите – Како да си помогнете?]

Дополнително, практиките на овој пристап можат да бидат и во насока на третирање, па и лекување на одредени медицински состојби.


Како функционира медицината на животен стил?

Лајфстајл медицината во својата основа ја има идејата дека телото може да се ,,излечи самото”. Вака кажано, звучи како да се работи за некој тип алтернативна медицина.

Сепак, многу е важно да се каже дека прифаќањето на препораките и третманите кои ги подразбира медицината на животен стил воопшто не значи отфрлање на конвенционалната медицина. Конвенционалните третмани ако веќе постои одреден здравствен проблем, не се надвор од принципите на лајфстајл медицината, дури напротив.

Впрочем, телото не може да почне да се лекува самото пред да има одредено базично ниво на здравје.

Бидејќи главниот принцип на овој пристап е менувањето на навиките, докторите мораат да извршат проценка колкава е волјата и подготвеноста на пациентот да премине кон акција за промени.

Животни навики – НАЈВАЖНИТЕ ЧЕКОРИ ЗА УСПЕШНА ПРОМЕНА НА ЛОШИТЕ НАВИКИ

 

Начинот на однесување или нашите навики се продукт на индивидуалната или колективната активност и се можеби клучни за нашето здравје. Како што веќе и претходно споменавме, навиките, доколку се несоодветни, се главен ризик-фактор за морбидитетот и морталитетот во светски рамки, односно се директно и силно поврзани со хроничните заболувања.

Д-р Џејмс Прокаска со децении се занимава со навиките и е помеѓу најрелевантните луѓе кога станува збор за темата – промена во животните навики. Тој е еден од основоположниците на т.н. транстеоретски модел на промена во навиките, можеби  најкористен и највлијателен модели во здравствената психологија и лајфстајл медицината.

Според него, постојат 5 фази што секоја индвидуа ги поминува при успешното менување на некоја навика, и тоа:

  • Преконтемплација – состојба во која нема никаква интенција или навестување за промена на однесувањето во блиска иднина. Многумина во оваа фаза се несвесни за проблемот или пак го негираат.
  • Контемплација – фаза во која поединецот станува свесен за проблемот кој постои и сериозно размислува за некаков начин на негово надминување, но сé уште не е доволно подготвен за превземање акција. На пример, пациентот сака да го намали крвниот шеќер, но не е сé уште подготвен да се откаже од слатките. Во оваа фаза најчесто се формира и мотивот. Многу е значајно тој да биде на цврсти основи. Многумина се во оваа фаза и веројатно истражувањата треба повеќе да се фокусираат на неа.
  • Подготвителна фаза – овој период е периодот во кој се собираат информации и се планира. Подготвителната фаза е можеби најважната фаза, а речиси половината од луѓето ја прескокнуваат, па кај нив е огромен ризикот да се вратат на навиките кои што имале намера да ги надминат.
  • Акција – фаза во која поединецот прави промени во однесувањето или средината со цел надминување на претходно детектираниот проблем. Акцијата има потреба од енергија и посветеност, која зависи највеќе од мотивот и знаењето споменати во претходната фаза, но и од карактерот на човекот
  • Одржливост/трајност – фаза во која луѓето работат на тоа да не се врати лошата навика и ги консолидираат придобивките од акцијата. За надминатите навики кои биле и зависност, оваа фаза трае и од половина година до неодредено време од превземањето на првичната акција.

Во секоја поединечна фаза се одвиваат т.н. ,,процеси на промена” кои им помагаат на луѓето од психички аспект, успешно да ја поминат фазата. Во контемплацијата, процесите на промена се постојаната самоевалуација и зголемување на знаењето на одредена тема.

Зголеменото знаење води кон зголемена свесност и рационална опсервација на ситуацијата. На пример, следење на јадењето за да се следи калорискиот внес, следење на нивоата на глукоза во крвта, читање на составот на прехранбените производи итн.

Самоевалуацијата доаѓа доста природно со зголемувањето на знаењата. Таа означува евалуирање на направениот план или оценување како сме го напраивле тоа и каде сме згрешиле. Тоа ни дава прилика да се поправиме, односно ни овозможува објективна процена до каде сме и дали некаде грешиме. Процесот е постојан и тоа е добро од повеќе перспективи, секако доколку не излезе од некакви нормални граници.

Многу е важно да имате определено зошто ги сакате промените, односно да утврдите мотив или мотиви. Тоа ќе ви помогне да ги согледате добрите причини заради кои ја сакате промената, но тука природно ќе се јават и можните негативности, така ова ќе придизвика состојба на балансирање помеѓу ,,за” и ,,против”. Во оптималното балансирање ќе помогат донесените рационални заклучоци, пред сé.

Промената на било која навика не е воопшто лесен и наивен процес, особено не трајната промена. За да биде можна било каква промена можеби најважна улога, покрај мотивот, игра и поддршката од блиските. Без неа тешко дека било кој ќе може да надмине некоја лоша навика, затоа да бидеме поддшрка некому, во одредена ситуација, поддршката сигурно ќе ни биде потребна и нам.

 

Кои се столбовите на Лајфстајл медицината?

Постојат многу чекори во третирањето на одредена болест. Лајфстајл медицината го става својот фокус на неколку главни ,,области” и тоа:

  • Исхрана – Елиминирање на препроцесираната храна, рафинираните шеќери и секој вид на храна што може да биде тригер за различни нарушувања во организмот.

[Поврзано: Која исхрана е најдобра за мене?]

  • Физичка активност – менувајќи го седечкиот начин на живот со активен, си помагаме да го намалиме ризикот од бројни физички, но и ментални заболувања. Редовната физичка активност пред сè допринесува за поуспешно контролирање на телесната тежина, крвниот шеќер, притисокот итн. Водењето активен живот е круцијален дел од практиките на лајфстајл медицината.

[Поврзано: Придобивки од физичката активност]

 

  • Стрес – наоѓањето соодветни начини за трајна контрола на стресот, како одење на психолошки терапии или пак практикување едноставни вежби за дишење, има потенцијал значително да го подобри менталното и физичкото здравје.

[Поврзано: Како СТРЕСОТ ја зголемува телесната тежина и што да направите за да го спречите тоа?]

 

  • Хигиена на сон – недостатокот на сон, што е инаку честа појава помеѓу популацијата, не поттикнува само безенергичност и демотивираност во текот на денот, туку го зголемува и ризикот од бројни нарушување на одредени важни здравствени параметри.

 

[Поврзано: Како да го подобрите сонот?]

  • Социјално опкружување – подобрувањето на постоечките врски и зголемувањето на социјалните конекции е суштинска човекова потреба и е во силна конекција со нашите животни навики што имаат влијание врз здравјето.

 

Како краток заклучок

Значи, она што треба да го заклучиме е дека не само што медицината на животен стил не е во спротиставеност со конвенционалната медицина, туку таа треба да претставува база на сите добри медицински практики.

Ова особено станува важно во денешно време кога имаме своевидна пандемија на хроничните заболувања, со ,,потекло” од лошиот начин на живот.

Fibro Gel

За среќа, во последно време расте и свесноста кај општата популација за нужноста од промена на лошите животни навики, но и кај докторите практичари кои се почесто вклучуваат принципи на лајфстајл медицина во своите третмани.

 

Поврзано: ПРОГРАМА за ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ на Д-р Митов

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X