fbpx

Бисфенол А (БПА) може да премине во храната – Зошто е опасен и како да го избегнеме?

tonus

Во последно време луѓето обрнуваат сè повеќе внимание на квалитетот на храната што ја внесуваат, но во исто време и на нејзината безбедност.

Така, по резултатите кои ги покажаа одредени студии за низата потенцијални штетни ефекти од компонентата наречена БПА или Бисфенол А, која може да се најде во некои прехранбени производи, јавноста реагираше со поголема доза на загриженост. Заради овие причини, здравствените власти ширум светот веќе почнуваат да реагираат во насока на намалување на изложеноста на населението на БПА.

Во продолжение, малку поопширно околу тоа што претсатвува БПА?; Дали навистина има простор за загриженост?; Што можеме да направиме за да избегнеме изложеност на БПА?

"“Online”/

Што е БПА (Бисфенол А)?

Бисфенол А (БПА) е индустриска хемикалија што се користи уште од 60-тите години на минатиот век, главно во пластичната индустрија и во нејзината гранка поврзана со пакување на храната и било кои други производи. Нејзината примена е доста распространета заради специфичните карактеристики кои ги поседува – ѝ дава цврстина и еластичност на пластиката.

Иако со години било негирано дека БПА може да премине и во самите прехранбени продукти, едно истражување на CDC од 2004 година, утврдува дека дури кај 93% од испитаниците, оваа компонента била пронајдена во примерок од урината.

 

 

Кои продукти содржат БПА?

 

Доста секојдневни продукти можат да бидат ,,извор” на БПА, како:

  • Различни пластични пакувања за храна
  • Конзерви за храна
  • Лименки
  • Најразлични средства за одржување хигиена
  • Фискални сметки
  • ЦД и ДВД дискови
  • Играчки за деца
  • Различна електроника
  • Одредени очила за сонце
  • Спортска опрема
  • Полнења на забите

 

Главниот начин на кој БПА може да заврши во нашиот организам е преку исхраната. Всушност, можно е преминување на оваа компонента од самото пакување, на внатрешната содржина, односно на храната која подоцна е консумирана.

За да илустрираме подобро, едно истражување вели дека лицата што три дена по ред, целосно избегнувале пакувана храна, имале намалување на БПА нивоата во урината за дури 66%. Друга студија вели дека доенчињата имале за 8 пати помал ниво на БПА, отколку децата хранети од шишенца во чиј состав има БПА.
 

Дали има простор за загриженост?

 

Веројатно најдобро познатиот негативен ефект од БПА е поврзан со фертилитетот. Но, покрај ова, повеќе студии утврдуваат и други ризици од изложеноста на бисфенол А, како:

 

 

[Поврзано: ЕДНОСТАВЕН тест за хормонски дисбаланс кој можете самите да си го направите]

Истражувањата укажуваат дека БПА има слична стурктура како хормонот естроген, па во организмот може да делува слично на него. БПА може да се врзе за рецепторите на естроген и тоа е всушност главниот ,,механизам” според кој оваа компонента има потенцијал да ни нанесе штета по здравјето. Дополнително, најдено е и дека БПА може да има интеракција и со рецепторите на тироидната жлезда.

Иако во многу сериозно организирани држави, како Канада, земјите на ЕУ и Кина БПА е забранет, во некои други, како САД, тој останува дел од продуктите за пакување, бидејќи според властите во САД, потребни се повеќе докази и дека до одредени граници, телото може да го толерира без последици.

 

Како максимално да избегнеме изложеност на БПА?

 

Како што повеќе пати наведовме, речиси е невозможно целосно да се избегне изложеноста на БПА, имајќи в предвид дека не е само во пакувањата за храна, туку и на многу други места. Едно истражувања утврдило присуство на БПА во пакувањата на дури 16 илјади различни прехранбени продукти!

Сепак, постојат начини да се минимизира изложеноста, како:

 

  • Избегнување на секаква пакувана храна – што е секако позитивно, бидејќи пакуваната храна, како по правило, генерално е нездрава и полна со празни калории.
  • Секогаш кога имате можност, пијалоците купувајте ги во стаклена амбалажа (избегнувајте пластика и лименки) – стаклената амбалажа е најинертниот материјал за пакување, односно нема шанси да прејде во продуктот кој го содржи. Избегнувањето на газирани и засладени сокови, секако е здрава навика.
  • Чувајте ја храната во стаклени (порцелански…), наместо во пластични пакувања.– исфрлете ги сите стари пластични пакувања од домот.
  • Внимавајте какви играчки (и цуцли) им давате на вашите најмали – бидете сигурни дека играчките немаат во себе БПА.
  • Никогаш не користете пластика за една употреба – ова е значајно и поради еколошки причини.
  • Никогаш не ставајте пакувана храна во микробранова.

  • Мијте ги рацете после допирањето фискални сметки.

 

Особено е важно бремените жени да ја избегнат изложеноста на БПА.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор