fbpx

,,Слободните” шеќери го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања! На кој начин и кои се тие?

tonus

Зголемениот внес на т.н. ,,слободни шеќери” – оние додадените во прехранбените продукти, како и природно присутните во мед и различни овошни сокови, се поврзуваат со зголемен ризик од срцеви заболувања. Ова се вели во нова студија објавена во BMC Medicine. Ваквите наоди ја зајакнуваат базата на докази за препораки во исхраната на глобално ниво – за намалена употреба на шеќерите на ниво помало од 5% од вкупната дневна внесена енергија.

[Поврзано: Горчливата вистина за благите сокови!]

                       Што се слободни, а што сложени шеќери/јаглехидрати?

                       Кога велиме слободни шеќери се мисли на простите шеќери. Што значи ова? Макронутриентите од коишто е составена било која храна речиси никогаш не се сами и во една форма. Секоја храна е сложен систем. Шеќерите во крвта влегуваат откако претходно во дигестијата ќе се сведат во таа форма, под дејство на ензимите. Значи тоа е клучната разлика помеѓу храната со висок и низок гликемиски индекс. Храната со низок гликемиски индекс е здрава храна, односно храна што во својот состав има сложени јаглехидрати. Станува збор за огромни и сложени молекули кои телото треба подолго да ги обработува за да ги сведе до шеќери што потоа ќе можат да прејдат во крвотокот.

"“Online”/

[Поврзано: Што треба да знаете за ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС?]

                                         Повеќе информации за истражувањето

                           Анализирани биле податоци од над 110 илјади индивидуи од Велика Британија. Податоците биле собирани 9,5 години, а во текот на овој период се случиле вкупно 4188 проблеми со срцето или 1124 мозочни удари.

                           Истражувачите не го поврзуваат вкупниот внес на јаглехидрати со појавувањето на споменатите кардиоваскуларни заболувања. Она што го утврдуваат како сосем проблематично за здравјето на срцевиот мускул е типот и изворите на јаглехидратите во храната. Проблематични се слободните шеќери или празните калории. Празните калории се поврзуваат со храна како што се газираните сокови, овошните сокови, процесираните благи грицки и слично. За секои 5% зголемена внесена енергија од овие слободни шеќери, ризикот од кардиоваскуларни заболувања се зголемува за цели 7%. Авторите утврдуват ризикот од мозочен удар е 10% повисок. Од друга страна, консумирањето 5 грама растителни влакна повеќе во текот на денот се поврзува со 4% помал ризик од било кои заболувања поврзани со срцето. Растителните влакна претставуваат сложени јаглехидрати за кои телото не поседува соодветни ензими што би ги претвориле во шеќери што понатаму би се искористиле за енергија за телото. Сепак, нив ги користат и асимилираат корисните бактерии од нашата значајна, корисна цревна микрофлора.

[Поврзано: Што се празни калории и зошто треба да ги избегнуваме?]

                                                           Замената е решението!

                        Како што веќе видовме, не сите јаглехидрати се проблематични. Шеќерите во целите овошни плодови се ,,затскриени” помеѓу растителните влакна, па така овошјето не само што нема да ни нарави штета, туку ќе биде од силна корист за нашето здравје и тоа од најразлични аспекти. Значи наместо празните калории, треба да внесуваме свежа храна, како што се овошките, потоа храна богата со сложени јаглехидрати и храна што изобилува со растителни влакна. Јадењето цели овошки секогаш треба да ни биде приоритет пред внесување било какви сокови, па дури и смути напитоците што сами ги правиме.

[Поврзано: 5 распространети НЕВИСТИНИ за јаглехидратите!]

Извор:

“Associations between types and sources of dietary carbohydrates and cardiovascular disease risk: a prospective cohort study of UK Biobank participants”

BMC Medicine 2023

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор