fbpx

Масло од КАНАБИС – Употреба, потенцијални корисни дејства и можни несакани ефекти

tonus

CBD маслото претставува екстракт од растението Cannabis indica и Canabis sativa, истите растенија што се користат за добивање на марихуаната.

Индустријата за добивање на ова масло е во постојан раст насекаде низ светот, а погони за производство имаме и кај нас во Македонија.

CBD или канабидиол е една од двете хемикалии на канабисот со најпотентни здравствени бенефити. Другата компонента е тетрахидроканабинол или попозната како THC.

Токму THC е одговорен за психоактивните ефекти на канабиосот. CBD маслата вообичаено не содржат THC, иако во одредени може да се сретне во траги.

"“Online”/

CBD маслото се сретнува во различни облици и концентрации

CBD маслото е всушност микс од масла кои служат како ,,носачи”. Најчесто станува збор за кокосово или масло од семки од тиква. Често спакуваниот CBD се нарекува тинктура и се продава во различни концентрации.

Може да се сретне и во облик на CBD капсули, спрееви, па дури и гуми за џвакање.

Имајќи ја предвид популарноста што ја стекнуваат продуктите од канабисот во последно време, расте заинтересираноста за нив. Затоа во продолжение, за што може да биде корисно ова масло, кои се можните несакани ефекти од употребата и на што треба да внимавате при изборот на CBD?

Како делува CBD во организмот на човекот?

Точните механизми на делување на CBD во организмот не се сосем познати. За разлика од THC, CBD нема силна поврзаност со канабиноидните рецептори во мозокот. Тоа се всушност молекулите за кои THC се сврзува и креира психоактивен ефект.

CBD има влијание врз друг тип рецептори, како рецепторите за контрола на болката. Исто така, влијае и врз глицин рецепторите, што се поврзани со контролата на серотонинот, хемикалија на мозокот позната и како хормон на доброто расположение.

Потенцијални корисни ефекти

Иако постојат бројни тврдења за навистина најразлични позитивни ефекти од маслото на канабисот, сепак потребни се многу повеќе истражувања за тоа да може да се заклучи.

Како и да е, за неколку ефекти постојат релевантни клинички студии и истражувања со повеќе или помалку докази. Се работи за епилепсија, анксиозност, болки, крвен притисок и зависност од супстанции.

Како други потенцијални позитивни здравствени ефекти за кои нема доволно докази и информации, се споменуваат и:

Епилепсија

Пред неколку години, американската FDA го одобри лекот Епидиолекс, кој е на база на CBD раствор. Овој лек се користи за два епилептични синдроми кај децата под 2 годишна возраст.

За другите типови на епилепсија, ефектот на CBD се’ уште се смета за несигурен. Ако имате епилепсија, потребна е консултација со лекарот што ве следи, пред да употребувате било какви ,,суплементи” за таа намена. На пример, CBD маслото може да има интеракција со одредени лекарства за епилепсија.

Анксиозност

Една мета-студија од 2015 година, објавена во Neurotherapeutics, сугерира дека CBD може да помогне во третманот на анксиозните нарушувања.

Станува збор за анимална студија која вели дека позитивниот ефект на CBD се јавува само при пониски дози (до 10mg/kg). Слични резултати покажуваат и одредени помали студии кај луѓето.

[Поврзано: Депресијата не е обична тага]

Зависност од супстанции

Едно истражување од Substance Abuse списанието вели дека CBD маслото може да помогне кај лицата со зависности.

Истражувањето користи анализи од 14 претходно објавени студии, 9 од нив анимални и 5 спроведени на волонтери.

Според добиените резултати, CBD покажува ветувачки резултати во третирањето на луѓето со одредени зависности од дроги или психостимулантни зависности.

[Поврзано: Што се случува во организмот по откажувањето на цигарите?]

Болки

Докторите честопати ги препорачуваат овие препарати на луѓето што за жал се резистентни на терапијата, како оние со терминален канцер.

Вреди да се спомене дека позитивните ефекти на CBD за болката кај луѓето не се целосно потврдени, бидејќи истражувањата се генерално анимални. Студиите на луѓе што досега постојат, позитивните ефекти на CBD маслото ги утврдуваат само ако тоа содржи и THC.

[Поврзано: Имате хронични болки? Губењето килограми може значително да Ви помогне!]

Висок крвен притисок

CBD маслото може да го намали ризикот од срцеви заболувања, преку намалувањето на крвниот притисок кај одредена група на луѓе. Ова се вели во една студија на JCI Insight од 2017 година.

Во истражувањето 9 здрави мажи земале 600mg CBD или плацебо. Оние што земале CBD покажале понизок крвен притисок пред и по одредени стресни ситуации, како напорна активност или екстремен студ. Кај овие лица утврдена била и поголема ефиканост на срцевата работа.

Иако не постојат докази за директен ефект на CBD маслото (само по себе) врз високиот крвен притисок, сепак истражувачите препорачуваат дека ова масло може да биде добра комплементарна терапија за луѓето со висок притисок, а притоа страдаат од депресивност или анксиозност.

[Поврзано: Висок крвен притисок – Што треба да знаете?]

Можни несакани ефекти

Одредени клинички студии покжауваат дека CBD маслото може да има и одредени несакани ефекти. Нивниот интензитет и тип може да варира од човек до човек. 

Ќе ги наведеме најчесто утврдените несакани ефекти:

  • Анксиозност 
  • Промени во апетитот
  • Промени во расположението
  • Дијареа
  • Збунетност и вртоглавица
  • Сува уста

  • Гадење и повраќање

CBD маслото исто така може потенцијално да ги зголеми ензимите на црниот дроб (маркер за инфламацијата на овој орган). Лицата што имаат проблеми со црниот дроб задолжително треба да се консултираат со својот лекар пред да употребуваат CBD масло и да го консумираат внимателно. Се препорачува и поредовно проверување на ензимите на овие ензими.

Американската академија на педијатри вели дека CBD маслото не се препорачува кај бремените жени и кај доилките. Иако се’ уште нема доволно податоци за ефектот на CBD, јасно е дека тој може да мине низ плацентата.

[Поврзано: Покачени ЕНЗИМИ на ЦРН ДРОБ – Што треба да знаете?]

Интеракции со други лекарства

Kaко што веќе напоменавме, CBD маслото може да има интеракции со одредени лекарства за епилепсија. Дополнително, тоа може да делува и на инхибиција или блокирање на ензимот цитохром P450. Станува збор за ензим што телото го користи за разградување на одредени лекарства.

Дополнително, утврдено е дека ова масло може да го засили ефектот на одредени медикаменти.

Лекови што потенцијално можат да имаат интеракција со CBD:

  • Лекови за аритмија
  • Аниконвулзиви
  • Антифунгални лекарства
  • Антипсихоични лекови
  • Антидепресиви
  • Седативи (бензодиазепин)
  • Имуносупресирачки лекарства
  • Одредени антибиотици
  • Аналгетици
  • Лекарства за туберкулоза


[Поврзано: ОПТИМАКС за подобро контролирање на СТРЕСОТ и АНКСИОЗНОСТА – Помага и при OCD и SSD?]

Дозирање и подоготвка

Не постојат упатства за ,,една” правилна употреба на CBD маслото. Вообичаено се зема со капнување една или повеќе капки под јазикот, со задржување од 30 до 60 секунди без проголтување.

Значи не постои ,,точна” доза за CBD маслото. Дозирањето ќе зависи од потребите и причините за употреба.

Дневните прифатливи дози се движат од 5 до 25mg.

Пресметувањето на точната доза CBD на милилитар масло може да биде потешко, бидејќи одредени тинктури имаат концентрација од 1500mg на 30ml, додека други и до 3000mg на ml.

Најголемиот дел од маслата сe во пакувања oд 30ml.

За да можете да пресметате колку точно CBD да внесете, запомнете дека секоја капка има 0,05ml течност. Ова значи дека едно шишенце од 30ml ќе има околу 600 капки, Aко концентрацијата на тинктурата е 1500mg на ml, една капка ќе содржи 2,5mg CBD.

Капсулите, спреевите и гумите за џвакање се полесни за дозирање, но се поскапи.

При купувањето на CBD масло секогаш внимателно прочитајте го составот и гледајте тој да биде органски, без премногу презервативи, подобрувачи на вкусот или агенси за разрадување.

Предозирањето со CBD е практично невозможно, бидејќи телото толерира и до 20 000mg земени одеднаш.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор