fbpx

ОСУМТЕ ТАЈНИ на луѓето што живеат НАД 100 години!

tonus

Малкумина се оние што дочекуваат да играат на свадбата на своите пра или чукун внуци. Сепак, заради повеќе различни фактори, просечниот животен век во последните декади е во драстичен пораст.

Како главна причина за овој раст се смета напредокот во медицината кој овозможува лекување и превенција (преку вакцините) на некои болести од кои во минатото страдале и децата и помладите луѓе, што во голема мера делувало на намалување на просечниот животен век.

Кога станува збор за животниот век на човекот, постојно зборуваме за просекот, но колкав е всушност природниот век на поединецот, ,,запишан” во неговиот наследен материјал? Научните истражувања на темата велат дека тој изнесува околу 100 години. Според некои, околу 115, а според други – дури и до 125 години!

"“Online”/

Ова е всушност должината на животот која научниците ја ,,измериле” според хромозомите, или уште поточно, според нашите теломери.

Знаеме дека според денешните стандарди, во реалноста многу ретко има некој што доживува и 90 години, па така, се поставува едно многу логично прашање: Ако сме веќе ,,програмирани” да живееме над 100 години, зошто тогаш повеќето од нас не стигнуваат ниту до 80-тата година од животот? Каде се јавува проблемот?

,,Сини зони”

 

Истражувачите, во обидот да одговорат на претходно поставеното прашање, се обиделе да ги анализираат луѓето од местата кои се познати по долговечноста и квалитетот на животот. Целта била да се утврди дали постои нешто што ги обединува луѓето од овие региони и ако постои, што е тоа.

Ваквите простори, односно географските региони каде луѓето живеат доста подолог од просекот, биле наречени сини зони. Како дел од сината зона се сметаат 5 предели и тоа: два Медитерански (италијанскиот остров Сардинија и грчкиот Икарија), потоа јапонскиот остров Окинава, костариканскиот полуостров Никоја и областа Лома Линда во Калифорнија, САД.

Начинот на живот е клучен!

Веќе рековме дека според нашите генетски предиспозиции како вид, треба да живееме најмалку околу 100 години. Според експертите, генетиката влијае на долговечноста само 20-30%, што значи дека во 70-80% од случаите дали ќе бидеме долговечни зависи исклучиво од нашиот начин на живот.

 

Па, кои се животните навики што имаат најголемо влијание?

Во продолжение ќе се повикаме на информациите објавени од една сериозна научна студија, објавена во American Journal of Lifestyle Medicine.

Имено, истражувачите имале намера да соберат што е можно повеќе податоци за луѓето од претходно споменатите т.н. Сини зони, да ги следат нивните навики и да утврдат дали постои нешто што ги обединува.

 

Утврдени биле 8 животни навики што биле заеднички за мнозинството луѓе од овие сини зони и навики кои со голема веројатност биле од пресудна важност за нивната долговечност.

 

 

  1. Постојано движење, физичка активност!

 

Луѓето од споменатите предели не тренираат различни спортови и не  трачаат маратони (барем не сите :)), но живеат во средина која природно ги поттикнува да се движат без притоа премногу да размислуваат околу тоа. Најчесто се грижат околу домаќинството и многу од работите кои во  модерниот свет се извршуваат со некаква машини, тие самите ги сработуваат.

 

  1. Смисла или чувство за смисла во животот

 

Јапонците од Окинава тоа го нарекуваат ,,Икигаи”, а Костариканците од Никоја ,,plan de vida”. Во слободен превод, и едно и другото значат: ,,Зошто се будам секое утро?”

Пронаоѓањето на смислата е различно за секого, но она што треба да се знае е дека смислата или свесноста за одредена цел во животот, може да го продолжи животот и за повеќе години.

 

 

  1. Мали, но особено големи и значајни ритуали кога станува збор за справувањето со стресот во секојдневнието

 

Иако можеби во помала мера, но и луѓето од овие сини зони не се имуни на стрес. Хроничниот стрес води кон процеси на хронична инфламација и се поврзува речиси со сите главни заболувања врзани за стареењето. Но, луѓето од сините зони како по правило имааат некоја рутина, навика или ритуал кој им помага да се справуваат со стресот од секојдневнието. Јапонците од Окинава имаат определено време од денот во кое се потсетуваат на претците, Адвентистите од Калифорнија се молат, Икаријанците имаат дневна дремка, додека Сардинијците имаат ритуал со пиење вино и слично.

 

[Поврзано: Колку можат да бидат значајни малите ритуали за релаксација?]

 

  1. Растителна исхрана

 

Исхраната во сите споменати региони дефинитивно е базирана на растителна храна: мешунки, полнозрнеста храна, јатки, семиња, продукти од соја итн. Животинските продукти се јадат доста ретко (можеби како исклучок рибата), само во посебни, празнични пригоди.

Ваквата исхрана е богата со хранливи материи, има помалку калории, но претставува и богат извор на антиоксидативни компоненти – компоненти кои се во првата линија на одбраната од споменатите опасни процеси на хронично воспаление.

[Поврзано: Повторно прогласена за најдобра исхрана на годината – Медитеранска исхрана 2020!]

 

 

      5. Правилото на ,,80%”

 

,,Хара хачи бу” – стар конфучијански ритуал кој се применува во Окинава и подразбира кратка мантра пред оброкот, која потоа треба да помогне јадењето да запре при нецелосна ситост, или околу 80% полн стомак. Токму тие 20% можат да ја направат разликата кога станува збор за контролирање на телесната тежина.

Луѓето во сините зони јадат повеќе помали оброци во текот на денот, а последниот оброк им е најдоцна непосредно по зајдисонцето. Јадењата секогаш се служат во помали садови, па порциите полесно можат да бидат контролирани.

 

[Поврзано: Првиот и најлесниот чекор во слабеењето – јадете ,,свесно” и побавно!;

7 совети за намалување на порциите без да останете гладни]

 

 

  1. Чувство на припадност

 

Повеќето анализирани лица над сто години во истражувањето одговориле дека припаѓаат на одредена верска заедница. Според споменатото истражување, лицата кои редовно практикуваат некакви религиски обреди, имаат тенденција да живеат подолго од 4-14 години.

 

 

  1. Семејството и блиските на прво место

 

Највиталните возрасни поединци од сините зони се семејни луѓе. Во споменатите региони, возрасните лица секогаш се близу до семејството, живеат заедно со децата, внуците и правнуците. Тоа го намалува ризикот од смртност, но и од заболувања кај децата.

Најчесто возрасните лица се во посветени врски со својот партнер и инвестираат огоромен дел од своето време и својата љубов во грижата за семејството.

  1. Добра социјална конекција

Луѓето што живеат најдолго, најчесто имаат навистина силни социјални кругови, односно постојано се опкружени со роднините, но и со пријателите. Истражувањата покажуваат дека ова е особена важност, бидејќи осаменоста е силен ризик-фактор за зголемен стрес и различни психички, па и физички заболувања.

Дополнително, од претходните истражувања јасно е дека навиките се ,,заразни”, па на пример доколку имате тројца блиски пријатели кои се обезни или пушат, голема е вројатноста и вие да ги преземете истите лоши навики. Секако, истото ќе важи и за добрите.

[Поврзано: Дружењето го намалува ризикот од депресија!]

 

Извор:

Beth Frates, MD

Dan Buettner, BA and Sam Skemp, BA,

American Journal of Lifestyle Medicine, Sept-Oct 2016

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор