fbpx

АШВАГАНДАТА може да го намали ХРОНИЧНОТО ВОСПАЛЕНИЕ!

tonus

Ашвагандата е билка која навистина добива на популарност, а тоа се должи на нејзините извонредни здравствени ефекти. Главно се користи како „анти-стрес“ билка, но таа има низа на други ефекти: ја подобрува и олеснува физичката активност, делува позитивно на имуниот систем, го подобрува спиењето, дава енергичност итн. Денес ќе се задржиме на нејзиниот ефект во поглед на воспаленијата, односно како таа може да ја намали т.н хронична инфламација или хронично воспаление.

 

Ашвагандата е главната „анти-стрес“ или т.н адаптогена билка

Супстанците со адаптогено својство или т.н „древни билки“, во кои спаѓа и ашвагандата, се користат ширум светот за нивното смирувачко и анти-стресно дејство. Покрај справувањето со стрес, тие може да помогнат и при анксиозност, замор и целокупно да ја подобрат нашата благосостојба. Се смета дека тие регулираат одредени реакции во телото со што му помагаат истото да се доближи до некоја форма на рамнотежа и смиреност. 

Во тој поглед, Ашвагандата се смета дека има корисно и позитивно дејство врз ендокриниот, нервниот, имуниот и кардиоваскуларниот систем. Таа учествува во регулирање на метаболизмот и му помага на мозокот при изложеноста и одговорот кон некаква стресна ситуација. Дополнително, таа има антиоксидативно и анти-воспалително дејство, со што ги заштитува нашите клетки од оштетување кое може да биде особено нагласено при хроничен стрес.

"“Online”/

За некое растение да се смета за адаптогено, тоа мора да задоволни три различни критериуми:

  • Да нема токсично дејство кога се користи во препишаните, точно утврдени дози
  • Да му помага на организмот подобро да се справува со стрес
  • Да му овозможи на телото да се врати во одредена рамнотежа (хомеостаза)

Ашвагандата е докажан и потврден адаптоген и како таква може да помогне при секојдневната изложеност на стрес и анксиозност. Секако, таа не е трајно решение и наша задача е да пронајдеме соодветен начин за справување со стресот, особено долгорочно.

Денес, адаптогените билки се користат како додаток на исхраната (суплементи), најчесто како екстракти во форма на капсули или прав.

 

Ашвагандата потенцијално има и анти-воспалително дејство

Ашвагандата содржи повеќе активни компоненти, меѓу кои е и соединение наречено витаферин А (WA). Некои студии спроведени на животни, покажуваат дека ова соединение ги намалува нивоата на инфламаторните протеини. Витанолидите, витаферинот А и останатите биоактивни компоненти на ашвагандата се смета дека ја намалуваат активноста на одредени про-инфламаторни протеини и ензими, со што го намалуваат целокупниот степен на инфламација

Ова би значело дека ашвагандата може да делува позитивно при намалување на т.н хронична инфламација – состојба која е особено штетна и може да влијае особено негативно на здравјето. Хроничното воспаление се смета за сериозен ризик фактор при појава на различни типови хронични заболувањадијабет, кардиоваскуларни проблеми, артртис, хашимото и сл. Преку намалување на кортизолот (главниот стрес хормон) ашвагандата индиректно го намалува ризикот од хронична инфламација. Високо ниво на кортизол се асоцира со зголемен ризик од инфламација, особено кога тој е покачен подолг временски период.

 

ЗА ДА НАРАЧАТЕ АШВАГАНДА, КЛИКНЕТЕ ТУКА!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор