fbpx

ТОФУ СИРЕЊЕ – скапо задоволство, КАКО лесно и брзо да го подготвите ДОМА?

tonus

Тофуто претставува сирење добиено од соја. Традиционално се подготвува на далечниот исток и тоа повеќе од 2 милениуми. Своето име ,,тофу” го добива откако ,,пристугнува” на јапонските острови.

Преку вeге културата, во последно време тофу производите пристигнаа и кај нас во Македонија.

Извонреден протеински извор

Станува збор за продукт со исклучително висока хранлива вредност, пред сè изобилува со квалитетни протеини, односно протеини составени од сите 9 есенцијални аминокиселини! Тоа се аминокиселини што нашето тело не може самото да ги синтетизира, па зависи од нивниот внес преку храната.

"“Online”/

Дополнително, тофу сирењето е богато со калиум, калциум, фосфор, селен железо, Б витамини итн.

[Поврзано: Растителни протеини – Дали се доволни, колку и кои се најдобрите извори?]

Истражувањата утврдуваат бројни позитивни ефекти по здравјето од употребата на тофуто. На пример подобра контрола на шеќерот во крвта, подобро кардиоваскуларно здравје, посилни коски, поуспешен процес на слабеење, па дури и превенција од одредени видови на канцер.

[Поврзано: Глобалниот тренд наречен РАСИТЕЛНИ МЛЕКА – Кои се предностите, а кои недостатоците?]

Домашното тофу е поевтино и повкусно!

Имајќи предвид дека различните типови тофу моментално на нашиот пазар имаат навистина висока цена, добро би било да знаеме дека здравото тофу можеме да го подготвиме сосема едноставно и во домашни услови.

Домашното тофу секако е поевтино од она низ маркетите, а дополнително неретко знае да биде и значително повкусно!

Тофу сирењето можете да го комбинирате со најразлични јадење и претставува одлична замена за масните сирења!

 

Како да подготвите домашно тофу?

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • околу 300 грама соја, непечена, накисната во вода од претходниот ден
  • 3 големи лажици алкохолен оцет/лимон
  • вода

Ќе ви биде потребен и блендер и калап за тофу.

Начин на подготовка:

  1. Добро измијте ги зрната соја и потоа поставете ги да киснат во вода во текот на ноќта. 

 

  1. Следниот ден, исцедете ја сојата, а потоа ставете ги накиснатите зрна, заедно со вода во количество 1:1 или 1:1,5 во блендер. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса или млеко од соја.

 

  1. Врз едно тенџере, поставете потенка крпа (врз обична цедалка) која ќе ви служи за процедување на млекото. Внимателно и темелно процедете го млекото. Додајте уште малку вода за да извадите што е можно повеќе млеко од пулпата. Отстранете ја пената што ќе се појави над млекото.

 

  1. Ставете 3 лажици алкохолен оцет во еден мал подлабок сад. Наместо оцет, можете да користите и лимонов сок, а во тој случај нема потреба од толкаво растворање/разредување. 

 

  1. Доведете го млекото од соја до точка вриење и ВНИМАВАЈТЕ тоа да го направите со често мешање за да се избегнат слепувања на дното. Намалете ја температурата и гответе уште 15-тина минути. Отстранувајте ја пената која во меѓувреме се создава. Тргнете го тенџерето од оган и отавете го 2-3 минути да се излади (да дојде до температура од 80-90 степени). Поверемено промешајте да не дојде до згуснување и слепување на дното од садот.

 

  1. Отстранете ја лушпата која ќе се созададе на површината. Потоа, со една помала лажичка земете од растворот на оцетот и внимателно нанесувајте во млекото, нежно промешувајќи по површината на течноста. Немојте да брзате. Не мора да го додадете целиот раствор на киселината. Престанете со додавање кога ќе забележите дека горниот дел на течноста станува бистар (тоа значи дека протеините почнуваат да се зацврстуваат).

 

  1. Во еден калап со облик по избор, ставете една потенка крпа. Важно е калапот да има отвори, за водата слободно да може да истекува од тофуто (од долната страна). Со метална цедалка внимателно пренесете го тофуто во калапот. Притиснете ја површината и нежно поклопете со крпата. Потоа, додајте некаков полесен објект со кој ќе го притиснете тофуто од горната страна.

 

  1. Оставете го калапот од 30 минути до 1 час, во зависност од нивото на цврстина кое го преферирате. Потоа, оставете го тофуто уште најмалку половина час во чиста вода, за да се отстрани потенцијалниот киселкаст или нагорникав вкус од коагулантите.

 

Нутритивна вредност на едно сервирање тофу

(~ 150 калории):

Јаглехидрати: 9g, од кои 5g растителни влакна и 3g шеќери

Масти: 8g, од кои 1g заситени

Протеини: 14g

Останати нутриенти: значителни количества калиум, натриум, витамин Ц, калциум, железо..

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор