fbpx

Храна што може да предизвика ДИЈАРЕА

tonus

Дијареата е особено чест здравствен проблем, особено во периодот на летото.

Таа се дефинира како состојба во која се нарушени процесите во дигестивниот систем, што резултира со најмалку 3 течни столици во текот на еден ден. Но, дијареите најчесто се проследени и со повеќе типични симптоми, како непријатна стомачна болка, грчеви, гадење и повраќање, температура итн. Сите овие симптоми водат кон значително губење на течностите во организмот.

[Поврзано: Што се случува со нашето тело кога не пиеме доволно вода?]

"“Online”/

 

Во претходните статии зборувавме поопшто за овој проблем, денес нешто повеќе околу тоа како да ги идентификувате најчестите прехранбени продукти што ви создаваат дијареа.

Дигестивниот систем може да стане почувствителен со текот на времето

 

Како што старееме, многу е веројатно нашиот дигестивен систем да станува посензитивен на одредени типови храна или пак на одредени начини на подготовка на храната. Иако некогаш сте можеле многу лесно да се ,,справите” и со најлутата храна, можеби денес само една лута пиперка ви создава целосна драма во дигестивниот систем – нелагодност и неправилна, водена столица.

 

[Поврзано: КОНЕЧНО – Кој начин на ГОТВЕЊЕ ги УНИШТУВА хранливите материи? А кој не?]

 

Иако поретко, дијареата може да биде симптом на одредено посериозно заболување или несакан ефект од лекарства. Како и да е, ваквата дијагноза најчесто е директно предизвикана од храната.

 

[Поврзано: Што покажува обликот на вашата столица за вашето здравје?]

 

 

Потенцијални поттикнувачи на дијареа

  • Шеќери

Шеќерите поттикнуваат извлекување на вода и електролити од дигестијата, што води кон намалена цревна перистатика или подвижност на цревата. Внесувајќи поголеми количества храна богата со шеќер, можеме да си предизвикаме проблеми со дијареата.

 

[Поврзано: Зошто е подобро да се пие вода, пред сите други шеќерни пијалаци?]

 

За еден од главните виновници во оваа насока се смета шеќерот фруктоза, кој природно се наоѓа во повеќе овошки, како праски, сливи, цреши, јаболки итн. Овој шеќер вештачки се наоѓа и во одредена храна, но и во повеќе пијалоци, како газирани сокови и џусови.

 

Истражувањата вела дека дури 75% од луѓето што ќе внесат од 40 до 80g фруктоза во текот на еден ден, ќе добијат дијареа. Шеќерите и сложените јаглехидрати на одредени продукти, исто така можат да водат кон дијареа: кромид, лук, мешункии, мед и одредени јаткасти плодови, како ‘фстаци, индиски ореви и слично.

 

Други чести поттикнувачи на проблемите со дијареа: засладувачки или шеќерни алкохоли, како сорбитол, манитол и ксилитол. Тие најчесто се сретнуваат во гумите за џвакање, во различни колачиња и слатки и одредени медикаменти.

 

 

  • Млечни производи


Најголемиот дел од нив содржат лактоза, односно млечен шеќер. Голем дел од популацијата има силни тешкотии во дигестирањето на лактозата, што може да води кон дијареа.

Млечни продукти на кои особено треба да обрнете внимание: свежо и пастеризирано млеко, различни типови сирења, особено помасните, сладолед и останати високо-масни млечни продукти.

 

Како исклучок може да се сметаат јогуртите и кефирот. Тие дури можат да бидат и од корист.

 

[Поврзано: Што треба да знаете за лактозната интолерантност?]

 

 

  • Пржена и високо-масна храна

 

Голем дел од луѓето имаат проблеми со дигестирањето на храна со висока содржина на маснотии. Кога масната храна не се апсорбира соодветно во дигестијата, таа преминува во дебелото црево и од присутната микрофлора се дигестира до слободни масни киселини, предизвикувајќи секретирање одредени течности во дебелото црево, што можат да бидат тригер за дијареа.

 

[Поврзано: Пржена храна – Сите знаеме дека е особено лоша, но дали знаеме зошто?]

 

 

  • Лута храна

 

Лутите сосови можат да ја ,,замаскираат” масната содржина на храната. Лицата со посензитивна дигестија треба да внимаваат на количните лута храна. Преголемите количества лута храна можат да предизвикаат чувство на горење во пределот на ректумот.

 

[Поврзано: 5 практични совети за олеснување кај ХЕМОРОИДИ!]

 

 

  • Кофеин

 

Кофеинот ја забрзува дигестијата и претставува потенцијална причина за дијареа.

 

Може да се најде во кафето, различни чаеви, чоколадо, повеќе газирани пијалоци и во продукти збогатени со чоколадо или кафе.

 

[Поврзано: Зошто е подобро кафето да се пие ПОСЛЕ, а не ПРЕД доручекот]

 

 

Хроничните проблеми со дијареата можат да нè направат социјално анксиозни!

 

Експертите советуваат идентификување на храната и пијалоците после чие консумирање имаме проблеми. Водење на дневник со вакви продукти е одличен старт.

Хроничните проблеми со дијареата можат значително негативно да се одразат врз општиот квалитет на живот, дури и ако не се работи за посериозни симптоми. Нивната непредвидлисвост и ургентност, може да нè направи социјално анксиозни.

 

За жал, честопати поради срам и несигурност, ваквите проблеми не се комуницираат со соодветниот лекар специјалист. Проблемите со хронична дијареа мораат да бидат искомуницирани со стручно лица, посебно ако се придружени и со други симптоми, како намален апетит и губење на телесна тежина.

 

Многу повеќе околу причините, начините како да си помогнеме и општо околу дијареата, прочитајте во една од нашите претходни статии, под наслов: Летото е сезона на ДИЈАРЕА – што треба да знаете?

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор