fbpx

КАНТАРИОН – Природно решение за СЕЗОНСКА ДЕПРЕСИЈА?

tonus

За оние што страдаат од сезонското афективно растројство, зимата и променливото време можат да донесат многу повеќе од студ, ветер и снег. За нив студеното време носи и ,,студ во душата”, однсно чувство на празнина, безнадежност и депресивност.

Сезонското афективно растројство или помеѓу луѓето многу попознато како сезонска депресија (СД), претставува тип на депресија што е директно поврзана со промената на временските услови, односно промената на сезоните.

[Поврзано: МЕТЕОРОПАТИЈА – како влијае времето на нашето здравје?]

"“Online”/

Што значи сезонско афективно растројство?

Најчесто проблемите со сезонската депресија започнуваат во периодот на есента и траат до крајот на зимата. Во овој период лицата што страдаат од СД се чувствуваат безенергично, тажно и немаат волја за извршување дури и на најосновните обврски во текот на денот. Наглите промени во расположението се исто така зачестени.

Иако поретко, некогаш се случува симптомите на СД да се појават и со почетокот на пролетта, траејќи се’ до почетокот на зимата.

Третирањето на СД вклучува терапија со светлина (фототерапија), психотерапија и медикаменти.

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!]

Многу често потценуван проблем!

Многумина го потценуваат проблемот со СД, едноставно објаснувајќи го со временските услови. Сепак, симптомите можат да бидат и позначителни, нарушувајќи го во голема мера нашето секојдневие, односно квалитетот на животот што го имаме.

Затоа, важно е да преземете чекори и да си го ,,стабилизирате” расположението во текот на целата година.

[Поврзано: Дружењето значително го намалува ризикот од појава на депресивни нарушувања!]

Најчестите симптоми на СД

Во периодот на есента и зимата, најчестите симптоми се предолго спиење, нагли промени во апетитот, зголемување на телесната тежина, замор и безенергичност.

[Поврзано: 5 причини зошто постојано се чувствувате ЗАМОРЕНО]

Сезонската депресија што се појавува на пролет, се карактеризира со силен недостаток од сон, нарушен апетит и губење телесна тежина, лесна надразливост, анксиозност и слично.

[Поврзано: ОПТИМАКС за подобар сон]

Можни предизвикувачи

Што е она што го предизвикува сезонското афективно растројство се’ уште не е целосно детерминирано. Сепак, како главни фактори што условуваат СД, се споменуваат:

  • Циркадијалниот ритам, односно биолошкиот часовник – промените во временските услови, можат да условат несакани нарушувања во нашиот биоритам.
  • Ниво на серотонин – намалените нивоа на овој хормон (невротрансмитер) кој го контролира расположението, може да има клучна улога во појавувањето на сезонската депресија. Намалената сончева светлина може да води кон пад на серотонинот.
  • Ниво на мелатонин – промените во сезоните можат да водат кон нарушување на балансот на нивото на мелатонин во нашиот организам. Мелатонинот е исто така значаен хормон за контрола на расположението и посебно за контрола на спиењето. Повеќе за овој хромон и суплементот мелатонин, прочитајте со кликнување тука.

[Поврзано: Како делува екстрактот од кантарион (ОПТИМАКС) во нашето тело за да ни ПОМОГНЕ со депресијата – Механизам на биолошко дејство]

Можни решенија

Како што веќе наведовме, третирањето на СД може да се одвива преку различни пристапи. Во продолжение ќе зборуваме за кантарионот, односно за екстрактот од кантарион и сезонската депресија.

За поблагите и умерените облици на депресија, како што (најчесто) е СД, од голема помош можат да бидат и одредени ,,поприродни” пристапи. 

На пример, екстрактот од кантарион (хиперицин), инаку главна активна компонента во нашиот нов производ ОПТИМАКС, се смета за потентен хербален лек кој е официјално лиценциран како антидепресив во Германија уште од 1988-та година.

Германските лекари препишуваат повеќе од овој екстракт за потребите на луѓето со депресија, во споредба со било кој друг фармацевтски антидепресив. Зошто е ова случај прочитајте во една од нашите претходни статии.

Повеќе пати потврдувано дејство

Еден преглед од 2016 година, кој опфатил 35 засебни студии, покажал дека екстрактот од кантарион ги намалува и ублажува симптомите на слаба до умерена депресија, многу повеќе од плацебо и дури имал сличен ефект на комерцијален антидепресив.

Слична анализа од 2017 година, која земала во предвид 27 различни студии, покажала дека кантарионот има сличен ефект како и комерцијален антидепресив при третирање на блага до умерена депресија.

Уште едно истражување од 2015 година, каде биле анализирани 66 претходно објавени студии, со вкупно 15,161 учесник, покажало дека екстрактот од кантарион има слично дејство на комерцијален антидепресив, при третирањето на слаба до умерена депресија. Покрај тоа, користењето на ваквиот екстракт имало помалку непосакувани ефекти, наспроти антидепресивите.

Според досега достапните податоци, екстрактот од кантарион не е препорачлив за луѓето со сериозна депресија. Исто така, за воочување на позитивните ефекти од кантарионот, потребно е време (најмалку неколку недели).

При подолго земање на суплементот, неопходно е внимателно да се прочита упатството. Кај луѓето со посветла кожа кои земаат поголеми дози од екстрактот, можно е да дојде до зголемена сензитивност при изложување на сонце. Исто така, луѓето кои користат други терапии и лекарства, потребно е да се консултираат со нивниот лекар пред започнување со користње на екстрактот од кантарион. Ваквиот суплемент не се препорачува за трудници и за жени кои дојат.

Биохемиски механизми зад ефектот на кантарионот

Најпрвите студии во врска со оваа тема, покажале дека екстрактот од оваа билка е слаб инхибитор (попречувач на дејството) на ензимот моноамин оксидаза или МАО. Дејството на овој ензим е во насока на забрзување на разградбата на различни невротрансмитери, вклучително и познатите серотонин и норадреналин. Попречувањето на ефектот на споменатите МАО ензими, води кон значително намалено разградување на споменатите невротрансмитери кои се задолжени за контролирање на расположението. На овој начин се овозможува нивно продолжено дејство што резултира и со продолжени периоди на добро и стабилно расположение.

Поновите истражувања покажуваат дека екстрактот од кантарион може да ги активира рецепторите на аденозинот, гама-бутерната киселина (ГАБА), како и рецепторите на глутаматот.

Аденозинот, ГАБА и глутаматот претставуваат невротрансмитерски супстанции кои природно се присутни во мозокот. Активирањето на рецепторите на аденозинот се смета дека води кон чувство на смиреност и исполнетост. ГАБА невротрансмитерите имаат инхибиторна (попречување) улога, односно има улога на еден вид ,,систем на сопирачки” во мозокот. Нефункционирањето на ГАБА рецепторите може да предизвика депресивност и анксиозност; оттука активацијата на ваквите рецептори може значително да придонесе во регулацијата на расположението.

Глутаматот пак, игра важна активирачка и ,,енергизирачка” улога во мозокот. Проблемите во функционирањето на рецепторите за оваа супстанца можат да имаат сериозни последици и да водат кон тешка депресија. Нивното активирање пак, делува превентивно во оваа смисла.

ОПТИМАКС може да нарачате тука.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор