fbpx

Јадење ПОРАНО во текот на денот помага со подобра РЕГУЛАЦИЈА НА ШЕЌЕРОТ!

tonus

Една од најчестите теми на нашиот блог е дијабетот, а тоа се должи главно на неговата зачестеност и се поголема застапеност. Начинот на живот е убедливо една од најсилните алатки за превенција и третирање на дијабетот, па така на нашиот блог издвојуваме разни теми од лајфстајл медицината кои се поврзани со дијабетот. Денес, ќе зборуваме накратко за една нова студија која покажува дека јадењето порано во текот на денот може да помогне во поуспешно, постабилно регулирање на нивото на шеќер во крвта. 

 

Што претставува дијабетот?

Дијабетот претставува состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова најчесто е поради недоволно количество или поради не ефективност на хормонот – инсулин. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

Постојат повеќе типови на дијабет – тип 1, тип 2, преддијабетна состојба, како и гестационален дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчестите се: генетски, прекумерна телесна тежина, возраста, слаба физичка активност, останати здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

"“Online”/

Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на било кој тип на дијабетна состојба, промени во животните навики исто така може да имаат исклучително позитивен ефект. Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот.

Доколку дијабетот веќе се јавил, посветување внимание на исхраната е еден од првите чекори кои го превземаат луѓето. За намирниците и ужинките кои се пожелни и безбедни за дијабетичарите веќе имаме пишувано во претходни статии и за нив може да прочитате тука, додека намирниците кои треба да се избегнуваат може да ги најдете тука

 

Нова студија: јадењето порано во текот на денот може да помогне до постабилно ниво на шеќер

Веќе имаме зборувано за важноста од периодот на оброците кај лицата со дијабет. Во претходни статии ја имаме нагласено важноста кога јадеме, колкави се нашите порции и што јадеме.

Едно ново истражување се фокусирало на еден конкретен „шаблон“ на исхрана. Лицата вклучени во студијата ги консумирале своите оброци во првите 6 до 8 часа од денот. Нивото на шеќер било споредено меѓу две групи вклучени во студијата – лица кои го следеле ваквиот режим и оние кои имале сопствен, вообичаен распоред на оброците. 

Во секоја група имало 10 испитаници кои или имале прекумерна тежина или предијабет. Групата која јадела порано во денот, морала да внесе 80% од своите калориски потреби во првите 6-8 часа. Групата која имала вообичаен распоред, морала да внесе 50% од калориите до 16 часот. По 7 дена, испитаниците го добиле спротивниот распоред за да се споредат резултатите. Низ целиот период нивното ниво на шеќер било мерено.

Резултатите покажале дека телесната тежина не се променила во текот на двете недели, но лицата кои јаделе порано во денот имале помал период во денот каде шеќерот е над препорачаната, здрава граница. Јадејќи ја храната порано во денот, доведува до подолг период каде шеќерот е во оптималните граници

Научниците потенцираат дека се потребни дополнителни студии и истражувања на оваа тема со цел оваа метода да се утврди и усвои како ефективна алатка за справување со дијабет. 

Ова е еден вид на наизменичен пост (intermittent fasting) каде телото има подолги периоди на гладување, што доведува до подобрена контрола на шеќерот и подобрена инсулинска сензитивност. За да прочитате повеќе на темата наизменично постење, кликнете тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор