fbpx

Вкусот на Медитеранот – Печени јајца со лепеза зеленчуци!

tonus

Со заладувањето на времето, сè почесто ја користиме рерната за подготвување на нашите оброци. Иако зеленчуците најчесто најдобро е да ги користиме како свежи, поради тоа што на тој начин задржуваат најголем дел од својата хранлива вредност, сепак тие се одличен избор и кога се печени или варени.

[Поврзано: КОНЕЧНО – Кој начин на ГОТВЕЊЕ ги УНИШТУВА хранливите материи, а кој НЕ?]

Во продолжение, ви предложување еден интересен, но крајно едноставен и брз (ќе ви требаат само 20 минути!) Медитерански рецепт – печени јајца со зеленчуци!

"“Online”/

[Поврзано: Повторно прогласена за најдобра исхрана на годината – Медитеранска исхрана 2020!]

 

Јајца – нутритивно концентрирана храна

Јајцата се особено нутритивна храна, па често се наречени и ,,мултивитамин на природата”. Содржат уникатни антиоксиданти и хранливи материи кои се значајни за мозокот, а многу луѓе имаат недостаток од нив.

[Поврзано: Нутритивно концентрирана храна – што е тоа?]

Многу повеќе за хранливоста и корисните ефекти, но и потенцијалните опасности од консумирањето јајца, прочитајте во една од нашите претходни статии: 5 причини зошто јајцата се помеѓу најхранливите намирници!

Пиперките во различни бои што се исто така во основата на овој рецепт, се извонреден антиоксидативен извор, а имаат и три пати повеќе од антиоксидативниот витамин Ц од портокалите, на пример!

[Поврзано: Зошто е важно почесто да јадеме пиперки?]

 

Печени јајца со лепеза зеленчуци!

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

Начин на подготовка:

  1. Ставете ја рерната да се загрева на 200 степени.
  2. Во еден подлабок сад, ставете ги исечканите пиперки од сите бои. Додајте го црвениот кромид и модриот патлиџан, заедно со сите споменати зачини. Прелијте со одмерена количина ладно цедено маслиново масло. Добро промешајте ја смесата.
  3. Ставете ја содржината во една пониска, поголема тава за печење во еден слој. Печете во загреана рерна од 10 до 15 минути.
  4. Извадете ја тавата од рерна и користејќи вилушка направете неколку ,,дупки” или простор каде што ќе ги ставите јајцата. Внимателно искршете ги јајцата и додајте ги во просторите, без притоа да ги измешате белката и жолчката.
  5. Вратете ја тавата во рерна на 200 степени и печете додека јајцата соодветно не се подготвени (според ваш вкус). Печете најмалку 5 минути.
  6. Извадете ја тавата од рерна и зачинете повторно ако имате идеја за зачин. На крајот, додајте ги сечканите домати и по желба наронете фета сирење додека зеленчуците и јајцата се сè уште жешки.
  • Овој рецепт прави 2-3 порции.

 

Нутритивна вредност:

(на една порција)

Калории: 500 Јаглехидрати: 28g од кои растителни влакна: 9g и шеќери: 19g;  Протеини: 30g; Масти: 30g од кои заситени масти: 10g и омега-3: 0,4g; Витамин Б1: 0,4; Витамин Б2: 1,4mg; Витамин Б3: 3,5mg; Витамин Б5: 3,6mg; Витамин Б6: 1,2mg; Витамин Б9: 230µg; Витамин Ц: 333mg (пред печењето); Витамин А: 10000IU; Витамин Е: 7mg; Витамин К: 25mcg; Селен: 60µg; Железо: 4mg; Магнезиум: 100mg; Манган: 0,5mg; Цинк: 3,5mg; Калиум: 1100mg; Калциум: 230mg; Бакар: 0,2mg; Фосфор: 500mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор