fbpx

Со различни овошки, зеленчуци, зачини, па и кафе – до совршено, ПРИРОДНО вапсани јајца!

tonus

Бојадисувањето или вапсањето на Велигденските јајца е многувековна традиција што се практикува во најголемиот дел од семејствата кај нас, но и ширум светот. 

Некои тоа го прават заради религиски причини, други пак едноставно заради почитувањето на традицијата и пречекување на пролетта на интересен начин, посебно за дечињата. 

[Поврзано: 5 причини зошто јајцата се помеѓу најхранливите намирници!]

"“Online”/

Традицијата и главната симболика велат дека јајцата треба да бидат бојадисани во црвена боја, но најголемиот дел од луѓето покрај неизбежните црвени, ,,вапцаат” и Велигденски јајца во најразлични бои, па дури и дополнително ги украсуваат.

Како да ги бојадисате Велигденски јајца на природен начин?

Постојат повеќе причини зошто е добро јајцата да ги бојадисуваме на ,,природен начин”.

Прво, заради здравствени причини – дел од синтетската боја завршува во белката, па изедените поголеми количества јајца можат да доведат и до видливи проблеми по здравјето. Дополнително, треба да бидете внимателни и ако веќе купувате бои за јајца, да користите само спакувани, бидејќи оние што се продаваат ,,рефус”, не подлежат под контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство. Тоа значи дека немаат јасен состав и потекло.

Второ, ќе заштедиме пари, бидејќи повеќето од намирниците веќе ги имаме во кујната. Но, она што е можеби најважно, ќе ја разбудиме и креативноста, посебно ако ни помагаат и дечињата!

Со различни овошки, зеленчуци, зачини, па и кафе – до совршено вапсани јајца!

  • За сини или зелени јајца, потребна ќе Ви биде црвена зелка. Најпрво исечкајте ја зелката на поситни кришки и ставете ја во тенџере со вода во пропорција 1:1. Доведете ја содржината до вриење, а потоа затворете го тенџерето и гответе  уште најмалку 30 минути (со поднамалена температура). Mожете да користите и боровинки, аронија за добивање на различни нијанси сина боја.
    За зелена боја може да користите и коприва, магдонос, но и спанаќ. Овошките пред да се варат, се оставаат неколку часа во вода.
  • За да добиеме жолти јајца, потребен ќе ни биде зачинот куркума. Во тенџере со вода (1 чаша вода, на две чаши куркума), додајте ја куркумата, па доведете ја содржината до вриење. Потоа, со затворен сад гответе уште најмалку 30 минути на нешто ,,потивко”. За различни нијанси жолта боја, можете да користите и камилица на пример (цветовите и овошките се варат најмалку 1 час). Најкласичното бојадисување на природен начин е со жолтиот кромид. Со него би добиле некоја портокалова нијанса. Истото може да се постигне и со морковите или пак пиперките.

  • За да добиеме розе или црвена боја, потребно е да користиме црвен кромид, малини или пак цвекло (најситно можно исечкани). Постапката е иста како и при добивањето на другите бои. За црвена боја исто така можете да користите и компот од вишни или цреши.

  • Кафено обојување можеме да добиеме користејќи црн чај или кафе.

Што по добивањето на ,,бојата”?

Откако ќе завршите со варењето, оставете ја бојата да се олади (секако, откако претходно добро ќе ја процедите со цедалка). Додајте една лажица алкохолен оцет на една чашка добиена боја. Благо промешајте.

Потоа, сварените и оладени јајца додајте ги во оладениот сад со боја и преклопете. Колку подолго стојат во садот, толку поинтензивна боја ќе се добие. Чувајте ги во фрижидер додека не ја постигнат посакуваната нијанца (најмалку неколку часови).

Откако ќе ја добијат посакуваната нијанса, оставете на хартиена подлога добро да се исушат, а потоа нежно преминете ги со крпа натопена во масло. Ова ќе има го даде завршниот сјај.

Важни совети:

  • За добивање на оптимални нијанси, користете јајца со што е можно побела лушпа.
  • Пред процесот на обојување, многу внимателно и темелно исчистете ја лушпата на јајцето со крпа или сунѓер (секако на свареното јајце). 
  • Ситнете ги овошките и зеленчуците што е можно повеќе, со цел пигментот максимално да биде достапен при варењето.
  • Ако сакате побрзо да ја завршите работата, можете да користите и концентрирани сокови.
  • Ако сакате посветли нијанси, скратете го времето што јајцата ќе го минат во растворот.
  • За да не добиете несакани отисоци од пристите на самите јајца, поместувајте ги со лажица додека се во садот.
  • Секое јајце различно ,,реагира” на бојата, па резултатите ќе бидат и во зависност од ова.

[Поврзано: Останаа јајца од Велигде? 3 предлози за здрава ,,Мимоза салата”!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор