fbpx

Како да одржуваме ЗДРАВА ТЕЖИНА кога имаме проблем со ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА?

tonus

Денес ќе зборуваме за проблем кои многумина го имаат, а тоа е одржување на здрава тежина кога имаме проблеми со тироидната жлезда. Нажалост, проблемите со тироидната жлезда се чести и ги засегаат многумина, а особено повеќе се застапени кај жените. Тежината е често еден од најраните сигнали, па поради тоа денес ќе се задржиме токму на оваа проблематика.

 

Која е функцијата на тироидната жлезда?

Тироидната или штитна жлезда е  мала жлезда во облик на пеперутка, сместена во централниот, преден дел на вратот. Иако многу мала, таа игра екстремно значајни метаболитички улоги преку излачените тироидни хормони кои низ крвотокот се пренесуваат до секоја клетка.

Тироидната жлезда ги лачи хормоните T3 и T4. Овие хормони во крвта се јавуваат во слободен облик, како fT3 и fT4 и се врзани за транспортните протеини, тироксин – врзувачки глобулин, преалбумин и албумин.

"“Online”/

Околу 0,3% од вкупниот Т3 циркулира kako fT3 и околу 0,04% како fT4. Овие форми се биолошки активни.

Излачувањето на хормоните од штитната жлезда е под влијание на TSH (тиреостилуматорен хормон) кој го лачи хипофизата.

Всушност, овие хормони го регулираат катаболизмот, односно делот од метаболитичките патишта на создавање енергија од внесената храна. Исто така, овие хормони го помагаат контролирањето на растот на клетките, нивното обновнување и метаболизмот. На тој начин, оваа жлезда е доста значајна во регулирањето на работата на срцето, мозокот и регулирањето на телесната температура.

Значи, ако нивото на тироидните хормони опадне (хипотироидизам), телото на некој начин успорува, односно не е во можност да создаде доволно енергија од која има потреба. Но, чест случај е и претераната продукција на тироидни хормони или хипертироидизам.

Според статистиката, ваквите нарушувања почесто се случуваат кај жените, а во светот некакво нарушување на тироидната жлезда имаат над 200 милиони луѓе.

 

Како да одржуваме здрава тежина кога имаме проблеми со тироидната жлезда?

Одржувањето здрава тежина со состојби на тироидната жлезда, како што се хипотироидизам или хипертироидизам, бара сеопфатен пристап кој се однесува и на хормоналниот дисбаланс и на целокупниот начин на живот. Прво, од клучно значење е да ги доведеме што поблиску до нормала тироидните хормони. Овој процес секако би бил воден од вашиот лекар, преку комбинација од терапија и промени во начинот на живот. Истражувањата покажуваат дека балансирање на нивоата на тироидните хормони е првиот чекор кон регулирање на метаболизмот и управување со тежината кај лицата со нарушувања на тироидната жлезда. 

Второ, фокусирајте се на балансирана исхрана која вклучува здрава храна, елиминирајќи ги процесираните и високо процесираните намирници. Имено, овие намирници докажано го зголемуваат хроничното воспаление, кое дополнително негативно ќе влијае врз здравјето на тироидната жлезда. Консумирањето соодветни количини на јод, селен и цинк, кои се неопходни за синтезата и метаболизмот на тироидните хормони, е исто така особено важно. Суплементирање со овие минерали е ретко потребно доколку имате разновидна исхрана. Дополнително, храната богата со влакна, како што се овошјето, зеленчукот и интегралните житарки, може да помогне при варењето и даде поголемо чувство на ситост, помагајќи да се контролира внесот на калории и да се одржи поздрава тежина. 

Редовната физичка активност е уште една клучна компонента за управување со тежината. Се покажало дека вежбањето го подобрува метаболизмот, ја зголемува инсулинската сензитивност и ги намалува масните наслаги, а сето тоа може позитивно да влијае на контролата на тежината, но и на хормонскиот баланс. Комбинација од аеробни вежби, како што се пешачење, џогирање или возење велосипед и вежби со тежина, се сметаат како одличен начин за намалување на килограмите, но и подобрување на целокупната физичка подготвеност и издржливост.

За крај, ќе ги споменеме и спиењето и стресот. Хроничниот стрес може да ја наруши функцијата на тироидната жлезда и може дополнително негативно да влијае врз хормонскиот баланс. Повеќе на таа тема може да прочутате тука.

Спиењето е исто така суштински фактор, не само за луѓето со нарушена тироидна функција, туку општо за целата популација. Без квалитетен сон, нема квалитетен живот. Спиењето е вклучено во секој процес во нашиот организам и е клучно за одржување на здрав метаболизам, високо ниво на енергија, здрави нивоа на хормони и здрава телесна тежина. Квалитетниот и доволен сон го олеснува и вежбањето и делува позитивно врз изборот на храна, тема за која ќе најдете повеќе информации тука. 

И секако, мора да  бидете трпеливи и доследни на вашиот труд и напор, бидејќи за постигнување и одржување на здрава тежина, особено при состојба на нарушена тироидна функција, потребно е време и постојани прилагодувања на вашите животни навики.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор