fbpx

Природни третмани за ЦЕЛУЛИТ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Статистиките велат дека над 90% од жените некогаш во животот се соочиле со проблемот наречен целулит. Не постои жена која е имуна, па дури ни оние со најидеалниот индекс на телесна маса. За некои жени, бидејќи целулитот не е сериозна состојба и не предизвикува болки, тој не е причина за загриженост, па не се мотивирани да превземат нешто. За други пак, тој е многу голем естетски проблем.

Затоа, во последно време различните козметичките процедури за отстранување на целулитот, како липосукцијата, доживуваат бум на пазарот на естетска хирургија.

Сепак, ваквите процедури не се трајно решение, а не се ниту 100% безбедни. И кога станува збор за целулитот, ништо не може да ги замени здравиот начин на исхрана и редовната физичка активност.

Како и останатите знаци на стареењето, целулитот исто така се контролира со фокусирање на трајно губење на килограмите, одржување на нормална телесна тежина и редовна физичка активност.

"“Online”/

Во продолжение, што претставува целулитот, како природно да го превенирате и да се справуватe со него.


Што всушност е целулит и зошто се појавува?


Под целулит се подразбираат промени на сврзното и поткожното масно ткиво, најчесто во пределот на нозете, бутовите, стомакот и рацете. Ваквите промени се видливи (без или со притиснување на кожата) како згрутчувања, дифузни перничиња или ограничени јазли.

Настануваат поради вишок масно ткиво, ослабено сврзно ткиво, нарушена циркуларција и размена на материи, губење на еластичноста на кожата, како и од задржување на вода во ткивата. Овие причини се нужно поврзани со животниот стил (лошата исхрана и седечкиот стил на живот), но и со хормонските промени.

Други ризик-фактори за целулитот се и: неконтролираниот стрес, пушењето, некои автоимуни заболувања, дијабет итн.

Иако можеби изгледа чудно, како стресот може да доведе до целулит, но едно истражување на Европската академија за дерматологија дава податоци според кои е јасно дека целулитот може да биде предизвикан од зголемените нивоа на катехоламини, поради стресот, односно поради високиот кортизол. Дополнително, неконтролираниот стрес води и кон зголемена телесна тежина, уште еден ризик-фактор за целулит, но и кон намалена продукција на колаген, протеин кој е клучен за здравјето или младиот изглед на кожата.

Целулитот е значително почест кај жените во однос на мажите, се јавува со текот на времето, но дури и тинејџерките можат да се соочат со него, бидејќи и тие имаат проблеми со тежината и хормоналните промени.
Причините за ова се следни: жените имаат 30% повеќе поткожно масно ткиво од мажите, послабо сврзно ткиво (дополнително, 20-30% помалку сврзно ткиво од мажите), но и помали количества на тестостерон (машки полов хормон) кој штити од целулитот.

Природни третмани за целулит

1) Имајте здрава исхрана

Истражувањата покажуваат дека трајното намалување на вишокот телесни масти преку практикувањето на она што се подразбира под здравата исхрана и животен стил, во огромна мера помага да се намали и превенира целулитот.

Најпогодна храна за намалување и превенција на целулитот:

Ленено семе – одлична храна за здравјето на кожата и за намалување на килограмите. Лененото семе помага и за нормализирање на естрогенот и подобра продукција на колаген. Повеќе за лененото семе прочитајте тука.

Храна која помага за хидратација дехидратацијата може да води до сува и ранлива кожа, затоа обидете се да јадете повеќе свежа храна која е богата со вода – особено лубеница, диња, бобесто овошје, краставици, целер, цитрусни овошки, лиснест зеленчук итн.

• Храна богата со растителни влакна – свежа храна (овошје и зеленчук), јаткасти плодови, семиња итн. Фиберот помага за чистење на дебелото црево, нè заситува, помага за подобар метаболизам и хормонски баланс. Дополнително, ваквата храна содржи низа антиоксидативни компоненти кои ја штитат кожата од слободните радикали, односно од оксидативни оштетувања (стареење).

• Здрава протеинска храна – протеини од јатки, мешунки, семиња и риба.

Храна богата со калиум – отстранувањето на вишокот течности од клетките помага за намалување на целулитот. Повеќе за улогата на калиум во организмот прочитајте тука.

Храна богата со здрави маснотии – масните киселини се значајни и за здравјето на кожата.

2) Пијте доволно вода и избегнувајте препроцесирани производи

Дополнително, многу е важно да се пие доволно вода, да се избегнуваат препроцесираните производи богати со шеќер, заситени маснотии и сол. Не само што ваквата храна е полна со празни калории и ќе придонесе за плус масни наслаги, туку шеќерот предизвикува и задржување на течностите во ткивата (исто како и солта) и воспалителни процеси.

Сето ова значително го зголемува ризикот за појавување на целулит.

3) Бидете редовно физички активни

Заедно со подобрувањето на исхраната и можеби некои природни суплементи, физичката активност ви е најдобриот сојузник и во борбата против целулитот. Секако, бројни се и другите бенефити од редовната физичка активност.

Иако подолгите ,,кардио” вежби со умерен интензитет ќе го забрзаат метаболизмот и значително ќе придонесат во слабеењето, сепак поинтензивните вежби (како брзото одење или прошетките во комбинација со тежински вежби) се поефективни во справувањето и превенирањето од целулитот. Ова го потврдува една студија објавена во Journal of Obesity во 2011 година.

Затоа кога станува збор за справувањето и превенцијата од целулитот, применувајте кратки побрзи интервали или тежински вежби при редовните прошетки.

Дополнително, практикувајте и вежби со сопствената тежина, како склекови, стомачни склекови, сквотови итн.

4) Редовно практикувајте масажи

Масажите можат да го намалат целулитот преку подобрување на лимфната дренажа. Исто така, можат да помогнат во растегнувањето на кожното ткиво, што исто така ги растегнува и целулитните ,,дупчиња”.

Некои есенцијални масла можат да имаат дополнителен бенефит, но клучни се самите масажи, затоа немојте да очекувате целулитот да го снема со употребата на некои скапи масла.

За да има ефект, потребно е масажите да бидат почести. Масажите можете да ги практикувате дома или во професионално студио за масажи.

 

5) Пилинг од кафе

Истражувањата велат дека пилингот од кафе може да помогне во третманот на целулитот на повеќе начини.

Се смета дека кофеинот од кафето може да помогне за дилатација на крвните садови (проширување на крвните садови и подобра циркулација) и да го намали појавувањето на карактеристичните целулитни дупчиња. Кожата исто така може да биде постегната од стимулирачкиот ефект на кофеинот, поефикасно елиминирајќи го вишокот вода.

Fibro Gel

Кафето е богато и со антиоксидативни компоненти кои придонесуваат за здравјето на кожата.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X