fbpx

Замастен црн дроб кај ДЕЦА – Зошто НЕ СМЕЕ да се игнорира?

tonus

Стеатозата, односно замастениот црн дроб најчесто се јавува кај возрасните, но за жал во последно време се’ почесто е случај и кај децата. 

Статистиките од САД се загрижувачки – дури 10% од децата страдаат од оваа проблематика (бројот се има дуплирано во последните 2 децении од новиот милениум). Ваквата состојба пред се’ се должи на зголемувањето на инциденцата или зачестеноста на проблемот со зголемена телесна тежина помеѓу најмладите.

Што значи неалкохолно замастување на црниот дроб?

Содржината на маснотии во црниот дроб до одредена граница се смета за нормална. Но, доколку концентрацијата на масни единици во клетките на црниот дроб стане превисока, тоа може да биде знак за заболувањето наречено замастен црн дроб или стеатоза. Замастувањето може да биде и алкохолно, но тоа е доста поретко и застапено кај повозрасните. Замастувањето е исто така можно и кај бремените жени.

"“Online”/

Кај децата постојат:

  • Едноставно замастување на дробот – кога детето има вишок маснотии (триглицериди) во црниот дроб, но се’ уште не постојат инфламаторни процеси или процеси на оштетување на хепатоцитите (клетките на дробот).

  • Неалкохолно замастување на дробот – се јавува кога вишокот маснотии во црниот дроб водат до инфламација или воспалнување и оштетување на клетките и ткивото на црниот дроб. Ако ваквата состојба не се третира, можни се и значителни оштетувања на црниот дроб, како фиброза, а во крајна фаза и цироза (за ова повеќе во продолжение). Дополнително, децата со оваа проблематика имаат и поголем ризик од компликации поврзани со овој орган понатаму во животот.

[Поврзано: Кои масти се добри, кои лоши, а кои најлоши?]

Што го предизвикува замастениот дроб кај децата?

Дефинитивно главната причина за стеатозата кај децата се лошите навики за исхрана и недостатокот од физичка активност. Оваа проблематика е почеста кај момчињата, а може да се јави дури и пред децата да наполнат 10 години.

Значи, главните ризик-фактори за појава на замастен црн дроб кај децата се: 

Како што веќе напоменавме, главниот причинител е епидемијата на обезност што владее помеѓу најмалите. Децата што страдаат од обезност имаат за дури 38% поголем ризик од развивање на замастен црн дроб.

[Поврзано: Инсулинска резистенција – Се’ почест проблем!]

Mожни компликации

Бидејќи замастениот црн дроб може да води до долготрајни последици, најдобро е да се третира што е можно порано. Ова особено е важно кај децата.

Со текот на времето, замастениот црн дроб може да предизвика сериозни последици, како фибротични и циротични промени. За жал, ова заболување ретко предизвикува симптоми и не боли, па така лесно може да биде игнорирано. Тоа што не боли, не значи дека не е опасно.

Ако процесот на напредување на цирозата не биде запрен, тој може да води и кон:

  • Насобирање на течност во пределот на абдоменот (асцит)
  • Отоци на крвните садови на езофагусот, што може да води и кон крварења
  • Чувство на збунетост, поспаност и нарушено говорење
  • Рак на црниот дроб
  • Откажување на црниот дроб (потреба од трансплантација)

Статистиката вели дека 5-12% од луѓето со неалкохолен замастен хепар (црн дроб), развиваат цироза.

Заради овие причини, на запад веќе превентивните прегледи за замастен дроб кај децата се пракса. Обезните деца од 9 до 11 години, посебно ако имаат семејна историја на болеста подлежат на ,,скрининг процесот”. На тој начин, значително е олеснето раното откривање на болеста и можноста за реверзибилност или враќање на нормалната состојба на црниот дроб.

Која би требало да биде реакцијата?

Ниту едно лекарство или суплемент нема да може да го направи тоа што трајно ќе ви го донесат подобрата исхрана и редовната физичка активност.

Болестите можеме да ги организираме во три групи: прва, каде лајфстајл медицината со сигурност има сериозен ефект, па дури и РЕВЕРЗИБИЛНОСТ втора група каде ефектот е индицидуален и трета, каде лајфстајл медицината не може да помогне.

Стеатозата или замастениот црн дроб спаѓа во првата група и тоа токму во делот РЕВЕРЗИБИЛНИ заболувања, односно лајфстајл терапијата со сигурност дава резултати и излекување.

Едноставно кажано, потребно е развивање на план за исхрана кој ќе ги ограничи калориите, пред се’ од рафинираните шеќери и заситените маснотии. Сите сме свесни дека децата се подложни токму на храната богата со вакви калории. Исто така, зголемувањето на физичката активност е нешто што треба да биде приоритет.

Што е добрата вест и она што треба да не’ охрабри што е можно порано да започнеме со промените кај нашите најмили? 

  • Студиите покажуваат дека слабеењето е значително поефикасно кога децата се помали. Во оваа насока многу е важно да се нагласи дека фокусот не треба да биде на ,,едноставно” слабеење или губење на килограмите. Она што е најважно е трајното усвојување на некои здрави навики за исхраната и создавање на добар, правилен однос кон храната кај детето.

Кога станува збор за физичката активност, децата треба да бидат охрабрувани да практикуваат активности кои им причинуваат задоволство, со цел активноста да биде поредовна.

Ако некаде вреди да се инвестира во стекнувањето добри навики за исхрана и физичка активност, тоа е состојбата со замастениот црн дроб која може да биде 100% реверзибилна.

Линк од програмата за замастен црн дроб или стеатоза на Д-р Митов:

ПРОГРАМА ЗА ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор