fbpx

Може ли АЛКОХОЛОТ да не’ здебели?

tonus

Прекумерната консумација на алкохол не може да се смета само за лоша навика, слабост или отсуство на волја. Според СЗО, алкохолизмот е хронично заболување и се превземаат низа акции за ширење на свесноста и се креираат одредени политики за спречување на негативните ефекти од алкохолот.

Алкохолизмот е сериозен проблем за јавното здравје

СЗО го смета алкохолот за психоактивна супстанца со карактеристики што создаваат зависност. Но, алкохолизмот се смета и за социопатолошко нарушување, односно нарушување кое во значителна мера зависи, но и влијае на социјалните односи.

На годишно ниво, алкохолот директно придонесува за 3 милиони загубени животи, но веројатно претставува и причинител на повеќе сериозни здравствени и социјални проблеми на многу повеќе милиони луѓе. Во тие милиони не спаѓаат само директните жртви на алкохолот туку и нивните блиски, од повеќе аспекти. Според проценките на СЗО, алкохолот е директно одоговорен за дури 5% од сите болести, па така тој е значителен терет и за здравствениот систем.

"“Online”/

Значи, алкохолот покрај тоа што е ризик за уживателот, тој е ризик и за неговите блиски- семејно насилство, за здрвстевниот систем (оптеретување кое објективно може да се намали), но ризик и за неговата околина – пијанството е многу честа причина за сообраќајните несреќи.

Многу повеќе околу ризиците и начините за откажување од алкохолната зависност, прочитајте тука.

Во продолжение, повеќе околу една потенцијална опасност од претерување со алкохолот, претерување кое не мора да значи зависност – покачување на телесната тежина.

[Поврзано: ПИВСКИ СТОМАК – Мит или вистина? Зошто е толку опасен?]

Алкохолот и килограмите

Дали пиењето алкохол ќе ви ги покачи килограмите? Одговорот на ова прашање се покажува дека и не е толку едноставен. Постојат студии што го поврзуваат алкохолот со зголемување на тежината, но има и такви што го велат спротивното и такви што не наоѓаат никаква поврзаност.

Истражувачите од фондацијата FARE (фондација за истражување и едукација во врска со алкохолот), спровеле систематска анализа на студиите поврзани со алкохолот и гојазност и ги утврдуваат следните работи:

  • Не е сосема јасно дали консумирањето алкохол е ризик-фактор за зголемување на телесната тежина заради противречноста на повеќето истражувања.
  • Потенцијалната поврзаност на алкохолот и килограмите важи повеќе за мажите, отколку за жените.
  • Постоечките податоци не можат да нè наведат на јасен заклучок дали консумирањето пиво води кон здебелување.
  • Ако постои поврзаност помеѓу пивото и покачената телесна тежина, тоа би било повеќе во врска со маснотиите во пределот на стомакот, отколку со општата телесна тежина.

Истражувачите сугерираат дека е можно да се зголеми тежината од алкохолот, но тоа не е неизбежно.

Дали и колку ќе ја зголемите телесната тежина поради алкохолот, зависи од повеќе фактори, вклучително:

  • односот кон алкохолот:
  • што пиете?
  • колку често пиете?
  • колку пиете во смисла на количество?
  • што јадете по пиењето?
  • Фактори поврзани со вашето тело и вашиот начин на живеење
  • начинот на исхрана што го практикувате во секојдневнието
  • генетскиот фактор
  • полот и возраста
  • нивото на физичка активност
  • општата здравствена состојба и индивидуалните ризик-фактори за гојазност

[Поврзано: ГЕНИ или НАВИКИ?]

Како и да е, како што претходно наведовме, прекумерната употреба на алкохолот има потенцијал да води кон многу посериозни здравствени проблеми, како срцеви заболувања, покачени триглицериди, заболувања на црниот дроб, па дури и малигни заболувања.

[Поврзано: Замастен црн дроб – зошто не треба да се игнорира и што треба да се направи?]

Бремените жени не треба да консумираат алкохол воопшто. Не постојат ,,безбедни” нивоа на алкохол при бременоста.

Како алкохолот може да придонесе кон зголемување на телесната тежина?

Иако поврзаноста помеѓу алкохолот и гојазноста останува не целосно јасна, експертите велат дека постојат навистина добри причини да сметаме дека алкохолот може во голема мера да придонесе за покачување на килограмите.

Алкохолот има потенцијал да ја зголеми тежината поради тоа што:

  • му попречува на телото во согорувањето на маснотиите
  • поседува голема калориска вредност
  • води кон зголемено чувство на глад и го намалува чувството на полн стомак (заситеност)
  • поттикнува избор на нездрава, брза храна со висок вкусов интензитет

[Поврзано: Што всушност претставуваат калориите и колку од нив треба да внесеме во текот на денот за да слабееме?]

Голема калориска вредност

Неретко луѓето не помислуваат дека и самиот алкохол поседува калориска вредност. За жал, калориска вредност му е многу поголема од онаа што би ја очекувале – дури 7 калории во 1g. Дополнително, неретко алкохолот се меша и со сокови. Газираните сокови (па и сите останати) се извор на празни калории. Алкохолот исто така е извор на празни калории.

[Поврзано: Горката вистина за слатките сокови]

Што значи овој поим и како се одразува на телесната тежина и нашето општо здравје, прочитајте тука.

Ќе наведеме неколку примери за тоа колку калорични се алкохолните пијалаци:

  • 0,5l пиво – 215 калории
  • 1 чашка виски (околу 40ml) – 100 калории
  • 1 чашка вино (околу 150ml) – 125 калории
  • 1 чашка џин тоник – 170 калории
  • 1 чашка рум – 100 калории
  • 1 јегер – 170 калории
  • 1 чашка шампањ – 90 калории
  • 100ml ликер – 250 калории
  • 100ml ракија – 350 калории
  • 100ml вотка – 230 калории
  • 100ml коњак – 240 до 400 калории, во зависност од % алкохол
  • 100ml мохито – 160 калории

Од посочените примери може да се заклучи дека калориите од алкохолот можат многу лесно да ви ги ,,поматат сметките” кога станува збор за намалување на килограмите.

Попречување во ,,согорувањето” на маснотиите

Истражувањата покажуваат дека алкохолните пијалаци имаат потенцијал да интерферираат, односно да ги попречат механизмите на телото за согорување на маснотиите.

Го зголемува чувството на глад и го прави изборот на нездрава храна многу поверојатен

Едно истражување од Канада покажува дека консумирањето алкохол пред оброкот, го зголемува калорискиот внес, повеќе дури и од пиењето сокови пред оброците. Многу слични резултати покажува и едно истражување од дански научници.

Алкохолот делува психолошки, односно луѓето имаат помалку инхибиции, па прејадувањата се сосем поверојатни.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор