fbpx

Симптоми и природни решенија за повишен естроген кај мажи

tonus

Сите знаеме дека естрогенот е хормон кој се смета за женски, а тестостеронот за машки. Секако, естрогенот е повисок кај жените, а тестостеронот кај мажите, но дали сте знаеле дека овие хормони се присутни и кај двата пола? Тие се во оптималeн баланс и на тој начин учествуваат во регулирањето на најразлични физиолошки процеси во организмот. Секоја варијација во нивното ниво се одразува негативно врз нашето здравје.

Во продолжение, нешто повеќе околу повишениот естроген кај мажите.

Функции на естрогенот

Кај жените, овој хормонот е клучен за сексуалниот развој, заедно со прогестеронот. Естрогенот исто така го регулира правилниот циклус кај жените. Кај жените во менопауза, нивоата на естроген драстично се менуваат.

"“Online”/

[Поврзано: 7 најчести причини за нередовен циклус]

Естрогенот е важен и за мажите – го регулира нивото на тестостеронот и холестеролот, учествува во неколку функции на мозокот, придонесува за здравјето на коските и кожата, влијае на либидото итн.
За да биде можно оптималното одвивање на претходно наведените функции, потребно е  тестостеронот и естрогенот да бидат во точно определен баланс. Ако естрогенот е покачен, нивото на тестостерон опаѓа, па се јавуваат одредени типични симптоми на повишен естроген, заедно со симптомите на намален тестостерон.

[Поврзано: Тестостерон – симптоми на намалено нивоа и како природно да го дигнеме?]

Симптоми на висок естроген кај мажите

Бидејќи симптомите на повишен естроген како по правило доаѓаат заедно со оние на намален тестостерон, доста е тешко да се разграничат. Како и да е, најчестите типични симптоми за повишен естроген кај мажите се:

Сексуална дисфункција – намалено либидо, намалени утрински ерекции, еректилна дисфункција итн.

Зголемени гради
Проблеми со долниот уринарен тракт – Бенигна простатична хиперплазија.
Зголемено ниво на абдоминални масни наслаги – масни наслаги во пределот на стомакот и струкот.
Хроничен замор
Намалена мускулна маса
Чести промени во расположение и депресивност
Зголемен ризик од метаболен синдром и дијабет тип 2

Според наведеното, евидентно е дека мажите со повишени нивоа на естроген не се во сериозен ризик само од не толку сериозни здравствени проблеми, како намалено либидо, иако и тоа претставува сериозен проблем, туку имаат значително зголемен ризик од состојби како дијабет тип 2.

Можни причини за повишен естроген

Мноштво фактори можат да влијаат во нарушувањето на балансот тестостерон/естроген кај мажите, водејќи до споменатите симптоми. Помеѓу овие фактори се:

Возраста – со текот на годините, во организмот на мажот се зголемуваат нивоата на ензимот ароматаза, кој го претвора тестостеронот во естроген. Интересен факт е тоа дека возрасните мажи, имаат нешто повисоки нивоа на естроген отколку жените во постменопауза.

Нарушен сооднос помеѓу мускулната маса и масните наслаги – губењето на мускулната маса и зголемувањето на масните наслаги е исто така типично за повозрасната популација. Масното ткиво поттикнува уште повисоки нивоа на споменатиот ензим ароматаза, па конвертирањето на тестостеронот во естроген се зголемува. Масните наслаги исто така служат како ,,резервоар” за складирање на естрадиол – силен фактор на зголемување на естрогенот.

Тестостеронска терапија – мажите кои примаат синтетска тестостеронска терапија, речиси секогаш продуцираат повеќе естроген. Биоидентичната (природната) форма на тестостеронската терапија, исто така води кон висок естроген кај мажите, особено ако се користи премногу или ја користат поединци кои имаат проблем со телесната тежина.

Кога во организмот веќе има повишени нивоа на естроген, за жал можно е одвивање на еден непријатен циклус, според кој мозокот добива лажни сигнали и поттикнува уште помало продуцирање на тестостерон – уште поголемо ниво на естроген.


И прениските нивоа на естроген кај мажите се проблем

Мажите исто така можат да имаат дефицит од естроген и да искусат непријатни симптоми заради тоа. Некои од симптомите се доста слични со оние кога естрогенот е во вишок.

Според едно истражување, кое се занимавало со значењето на естрогенот во регулацијата на телесната тежина и сексуалната функција кај мажите, најнегативните ефекти на намалениот естроген се во однос на силно намалената сексуална желба и еректилната дисфункција.

Мажите со намален естроген, покажуваат и тенденција на зголемено т.н. внатрешно абдоминално масно ткиво, познато по тоа што значително го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабет и метаболен синдром. Дополнително, намалениот естроген кај мажите се поврзува и со послаби коски, односно зголемен ризик од нивна кршливост.

Третирање

Хормонскиот баланс помеѓу нивото на естроген и тестостерон е можеби поважен отколку апсолутната вредност на самиот естроген. За нормални вредности кај возрасните мажите се сметаат: 60pg/ml естроген и 40pg/ml естрадиол.

За среќа, покрај достапните терапии со медикаменти, постојат и начини самите да се помогнеме во превенирањето и третирањето на високите естрогенски нивоа:

▫ Јадете круциферозни зеленчуци повеќе пати во неделата – зеленчукот, како брокула, карфиол, зелка, кељ, прокељ и слично, содржи високи нивоа на глукозинати, индол-3-карбинол и други компоненти кои телото може да ги конвертира во биоактивни хемикалии со намалувачки својства во однос на естрогенските нивоа во организмот. Можете да користите и природна суплементација со споменатите компоненти, секако по задолжителна консултација со лекар.

▫ Внимавајте дали преку исхраната внесувате доволно витамин Б12, фолна киселина (витамин Б9), бетаини и холин – ова се нутриенти, познати како метил донори и помагаат во метаболитичките процеси на метилизација, значајни и за функцијата и метаболизмот на естроген.

▫ Внесувајте повеќе храна со растителни влакна

▫ Бидете редовно физички активни

▫ Контролирајте ја вашата телесна тежина

Ако веќе ги применувате овие совети подолг период (неколку недели или месеци) и тоа не функционира, односно сè уште имате симптоми на повишен естроген, обратете се кај вашиот матичен лекар кој може да ви даде упат за хормонско тестирање и подетално да види за што станува збор.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор