fbpx

6 конкретни здравствени придобивки од ПРЕбиотиците

tonus

Во последно време во научниот свет, но и во пошироката јавност, сé повеќе се зборува за пробиотиците и нивната важност за дигестијата и општото здравје на човекот. Веројатно сте слушнале за пробиотската храна и знаете дека пробиотиците се всушност ,,добрите” бактерии кои природно го наследуваат нашиот дигествиен тракт. Тие се добри за нашето здравје од повеќе аспкети и тоа:

◦ го намалуваат ризикот од метаболички нарушувања
◦ значително придонесуваат во контролирањето на телесната тежина
◦ продуцираат кратко-верижни масни киселини
◦ стимулираат активност на имунитетот
◦ оставаат ,,помалку простор” за патогените бактерии
◦ го стимулираат општото здравје на дигестијата итн

Освен од храната, пробиотиците можат да бидат внесени и преку суплементите. Повеќе за пробиотската или ферментираната храна прочитајте тука.

"“Online”/

Но дали сте слушнале за поимот пребиотици? Што се пребиотиците? Каква е разликата помеѓу поимите пребиотици и пробиотици? Кои се здравствените бенефити на пребиотиците? Во која храна се застапени?

Што се пребиотици?

Пребиотиците се недигестибилните јаглехидрати кои служат како храна за здравата и корисна цревна микрофлора.

Сите прeбиотици се растителни влакна, значи се наоѓаат во растителната храна, но не секој тип на растителни влакна е пробиотски. Примери за пребиотици се недигестибилен скроб, пектини, гуми, недигестибилни шеќери и мали полимери на олигосахаридите, како на пример познатиот инулин, а тука спаѓаат и важните соединенија бета-глукани. Ваките елементи се присутни во храната богата со растителни влакна, пред сé, свежата и полнозрнаста храна.

Пробиотиците помагаат во дигестијата на храната, обезбедувајќи нѝ подобра апсорпција на нутриентите од неа. Тие се храна ,,наменета” само за добрата цревна микрофлора, бидејќи ние не можеме да ја обработиме и апсорбираме.

Пребиотиците се многу важни за развојот на цревната микрофлора


За стимулирањето на растот на пробиотските бактерии, можеме да консумираме повеќе пребиотска храна, па и суплементи. Бидејќи не можат да се апсорбираат во тенкото црево, пребиотиците преминуваат во дебелото каде се дигестираат од пробитоските бактерии. Како резултат на оваа дигестија на пребиотиците од страна на пробиотските бактерии, добиваме супстанции кои се доста корисни за здравјето, како кратко-верижни масни киселини и витамин К, на пример.

Експертите советуваат поголема консумација на пребиотска храна, не само заради нејзиниот бенефит по корисните бактерии, туку и заради тоа што таквата храна како по правило содржи и многу други важни хранливи материи. Дополнително, важно е да се нагласи дека силно се препорачува пребитоската храна, пред пребиотската суплементација, не само заради претходно кажаното, туку и заради високите цени на суплементите.

6 конкретни здравствени придобивки од пребиотиците

1) Позитивен ефект на имуниот систем

Еден од најзначајните позитивни ефекти на пребиотиците е стимулацијата на имуниот систем. Корисната цревна микрофлора е позната по своето повеќестрано позитивно влијание на вродениот и стекнатиот имунитет. Ефектите можат да бидат директни или индиректни, преку зголемување на популацијата на корисни цревни микроорганизми или пробиотици, особено на лактобацилите и бифидобактериите.

2) Пребиотиците се добри за превенцијата од канцер на дебело црево

Пребиотската храна може да се користи во превенцијата на овој тип малигни заболувања. Ова дејство се остварува главно преку два начини:

• преку менувањето на композицијата и/или активноста на колоректалната, односно микрофлората на дебелото црево

• преку продукцијата на кратко-верижни масни киселини од пребиотиците под дејство на пробиотските бактерии, но и директното делување врз генската експресија на канцерогените клетки

3) Превенција од дигестивни заболувања


Најчестата причина за хроничното заболување – воспалителни црева е дисбалансот во цревната микрофлора. Пребиотиците можат да ја подобрат состојбата со корисната микрофлора во цревата и на тој начин да помогнат во превенцијата на ова заболување. Студиите укажуваат дека пребиотиците го штитат ѕидот на цревата преку продукцијата на кратко-верижните масни киселини, што исто така го е од значителна корист и при Кронова болест и улцеративен колитис. Се смета дека ова дејство се обезбедува преку намалувањето на бактериите (преку обезбедувањето на слабо-кисела средина од кратко-верижните масни киселини) кои продуцираат гас сулфуроводород.


4) Ја олеснуваат состојбата при запек

Преку стимулирањето на растот на корисната цревна микрофлора, пребиотиците помагаат и при запек.

5) Превенираат од гојазност и го намалуваат холестеролот

Пребиотиците преку подобрувањето на состојбата со микрофлората ја намалуваат инфламацијата и на тој начин допринесуваат за ублажување на метаболитичките нарушувања, што промовира губење килограми. Студиите ги поврзуваат пребиотиците со зголеменото лачење на глукагон, пептид кој поттикнува ситост и ги намалуваат нивоата на грелин, наречен хормон на гладта.

Намалените нивоа на холестерол при консумирање пробиотици се должат на кратко-верижни масни киселини кои се создаваат од пребиотиците под дејство на пробиотиците. Ваквите кратко-верижни масни киселини се апсорбираат во крвотокот и се метаболизираат од црниот дроб, што резултира и со намален крвен притисок. Пребиотиците исто така се вклучени и во апсорпцијата на мастите, холестеролот и фосфолипидите во дебелото црево. Тие преку поврзувањето со наведените компоненти, водат до нивна намален апсропција. На тој начин, може да се спречи потенцијално повишеното ниво на холестерол во крвта.

6) Пребиотиците ја подобруваат апсорпцијата на неколку минерали

Под нивно дејство подобрена е апсорпцијата на магнезиумот и калциумот, што е многу значајно од повеќе аспекти за здравјето, на пример за здравјето на коските и срцето, за регулацијата на шеќерот во крвта итн. Овој ефект повторно се должи на кратко-верижните масни киселини продуцирани од пребиотиците, под дејство на пробиотските бактерии. Имено, ваквите масни киселини обезбедуваат мало закиселување на средината, што ја подобрува растврливоста на минералите во дигестијата, но води и до зголемени нивоа на протеините ,,носачи на калциум”.

Во храната има доволно пребиотици

Пред да посегнете по пребиотски суплементи, обрнете внимание на храната богата со пребиотици, храна која нуди и дополнителна, богата хранлива вредност:

• мешунки – грав, грашок, леќа, наут
овес и друга полнозрнаста храна
банани
бобесто овошје
• аспарагус
• артичока
глуварче (листови)
лук
• праз
• кромид
ленено семе
• јатки – ‘фстаци, бадеми
• лубеница
• соја
млад кромид
• јаболки

Повеќе околу овие прехранбени производи прочитајте со едноставен клик на секој од нив.

Генерално, храната богата со растителни влакна е пребиотска храна, па за доволно внесување на пребиотици на дневно ниво, гледајте да внесувате барем 20-30g растителни влакна.

Извори:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3705355/
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6041804/
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/20920376/
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5622781/

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор