fbpx

4 причини ПЛУС за да одберете ПОЛНОЗРНЕСТО

tonus

Јадењето повеќе полнозрнеста храна претставува лесен и едноставен начин да ја направите вашата исхрана значително поздрава. Полнозрнестите житарки се пакувани со низа хранливи материи, вклучително бројни витамини, минерали и најразлични фитохемикалии.

[Поврзано: Важни причини зошто треба трајно да ја замениме рафинираната храна (БРАШНА) со ПОЛНОЗРНЕСТА храна]

Исхраната богата со полнозрнести житарки и производите добиени од нив, низ истражувањата постојано се покажува како намалувач на ризикот од повеќе заболувања и проблематични состојби, вкучително дијабет тип 2, срцеви заболувања, гојазност и некои малигни заболувања.

"“Online”/

[Поврзано: Улогата на полнозрнестите житарки во намалувањето на холестеролот!]

Дополнително, ваквата исхрана помага за оптимална дигестија, односно идеална цревна перистатика и баланс на корисната бактериска микрофлора во дебелото црево. Сè  поголем број истражувања наоѓаат директна поврзаност на дигестивното здравје со повеќе аспекти од целокупното човеково здравје.

Многу повеќе на секоја од овие теми, можете да прочитате на нашиот веб сајт!

Во продолжение, повеќе околу тоа какви информации ни дава обемното истражување, односно анкетата во однос на употребата на полнозрнеста храна и продукти, на една од најрелевантните организации во областа – Oldways Whole Grain Council, спроведена годинава.

  1. Употребата на полнозрнестите житарки пораснала за време на пандемиските услови

Воопшто не изненадува порастот на интересот за здравјето, а со тоа и за здравото живеење во неговата целина во овие сè уште пандемиски услови. Ваквата ситуација може да се смета за еден од најпозитивните исходи на инаку генерално гледано исклучително негативната пандемија.

Во рамките на она што се смета за здраво живеење секако е здравата исхрана, а како нејзин неизоставен дел, ако не и самата основа, се јавуваат полнозрнестите житарки.

[Поврзано: Пандемијата како мотив за промена на навиките кон подобро!]

Статистиките велат дека голем дел од населението има недостаток од полнозрнести житарки во својата исхрана.

За среќа, последното истражување што го споменавме ни дава податоци според кои лесно можеме да заклучиме дека има напредок – повеќето од половината испитаници одговориле дека во последните 5 години значително ја имаат зголемено употребата на полнозрнести житарки.

Бројките се следни: 26% од испитаниците одговориле дека преферираат полнозрнеста храна, 33% дека избираат цели житарки во повеќе од половина од случаите, 31% дека понекогаш купуваат вакви производи, а само 7% дека речиси никогаш не консумираат полнозрнеста храна.

Кои се најчестите причини за употреба на полнозрнестите житарки?
82% од испитаниците одговориле дека тоа е подоброто здравје. Евидентно е дека сè повеќе луѓе го сметаат вкусот на житарките за предност (38%), отколку за недостаток (33%). Во 2018, процентот на луѓето што мислеле дека вкусот е недостаток на житарките бил 42%, што е значително повеќе. Следни релевантни причини заради кои се консумира повеќе житарки се навиката, одржливоста, односно еколошката вредност и на крајот цената на чинење.

Од лицата што одговориле дека преферираат полнозрнеста храна, 45% го издвоиле нејзиниот вкус како предност, наспроти само 18% од нив кои го сметаат за недостаток. Овој факт укажува на тоа дека колку подолго и повеќе сме ,,изложени” на ваква храна, толку поприфатлив станува нејзиниот, инаку природно богат вкус.

Важно е да се каже дека и покрај медиумската кампања за промоција на low-carb диетите, односно исхрана што подразбира минимум јаглехидратни продукти, реалноста е дека дури 95% од испитаниците одговориле дека употребата на полнозрнестите житарки во последно време или останала на исто ниво или пак пораснала.
Интересен податок е и тоа дека лицата што избегнуваат високо-јаглехидратна храна, речиси секогаш ги избираат полнозрнести житарки пред останатите.

[Поврзано: 5 распространети НЕВИСТИНИ за јаглехидратите!]

  1. Јадењето во домашни услови поттикнува консумирање повеќе полнозрнеста храна

Податоците од новото истражување велат дека дури 88% од испитаниците консумираат полнозрнести житарки кога јадат дома. Сосема очекувано поради пандемијата, сè повеќе луѓе јадат во домашни услови, па следствено на тоа се зголемува употребата на полнозрнестите житарки.

Дури 20% од испитаниците одговориле дека јадат повеќе полнозрнеста храна сега, во однос на пред пандемијата со коронавирусот.

[Поврзано: Кои се предностите од јадењето домашна, готвена храна?]

  1. Одржливоста како мотив за избирање полнозрнеста храна

⅔ од испитаниците одговориле дека ја сметаат полнозрнестата храна како поодржлива, односно како еколошки поприфатлива. Во споредба со овие бројки, во 2018 година вакво мислење имале само 12% од испитаниците. Помеѓу помладата популација, дури ⅓ од испитаниците одговориле дека одржливоста им е клучен фактор при изборот на житарки.

Полнозрнестите житарки се веднаш зад овошје, зеленчукот, јатките, семињата и мешунките, како храна што се перцепира за одржлива и храна што нема негативни импликации по нашта животна средина.

  1. Продолжуваат заблудите во однос на глутенот

 

Само 7% од Американците можат наполно точно да дефинираат што значи поимот глутен. Дури од испитаниците имаат заблуди во однос на глутенот – мислат дека глутенот е ,,неприродна ГМО супстанција” или опасна супстанција што ни ја зголемува телесната тежина. Ова е навистина далеку од вистината.

Иако 25% од испитаниците изјавиле дека се обидуваат да скратат од глутенот, 92% од луѓето велат дека јадат глутен постојано или понекогаш, што значи дека многу мал дел од луѓето следат навистина строга т.н. ,,Глутен фри” диета.

Многу подетално околу митовите за глутенот, како и зошто тој не е нешто лошо што треба да го избегнува општата популација, туку само одредена, многу мала група на луѓе, прочитајте во една од нашите претходни статии, под наслов: Глутен – митови и факти.

[Поврзано: Корисни совети како полесно да препознаете полнозрнеста храна и почесто да ја внеувате!]

Извор:

https://wholegrainscouncil.org/sites/default/files/atoms/files/WGC-Survey2021_0721.pdf

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор