fbpx

Тава со тиквички и прелив од ореви

tonus

Со затоплувањето на време, пазарите стануваат сè побогати со вкусна свежа храна. Тука секако се вбројуваат и тиквичките. Иако ги употребуваме како зеленчук во нашата кујна, сепак, од ботанички аспект тиквичките се всушност овошки.

[Поврзано: Создадете навика за јадење свежа храна!]

Нивната убавина е во тоа што поседуваат долга листа на здравствени бенефити, а од друга страна, имаат толку уникатен и прилагодлив вкус и сосема ниска калориска вредност. Така, лесно можете да ги додадете во различни јадења за да им го збогатите вкусот и да ги ,,разиграте” со свежината на тиквичките. Но, во продолжение ќе видите дека тиквичките можат да бидат и основата за едно главно јадење!

"“Online”/

Избегнувајте пржени тиквички, не се ништо поздрави од помфритот, на пример

Пржените тиквички се особено вкусни, но во продолжение ќе ви понудиме рецепт кој е здрав, креативен и вкусен начин да ги употребите овие ,,овошки” во вашата исхрана.

[Поврзано: Зошто пржената храна е толку проблематична, односно нездрава?]

Тиквички – Нутритивно сконцентрирана храна!

Рецептот подолу е погоден за оние кои ја следат Медитеранската исхрана, а и за оние кои целосно одбегнуваат било каква животинска храна Бидејќи е нискокалоричен и исклучително здрав, овој оброк можете да го готвите почесто ако сте во процес на намалување на телесната тежина.

[Поврзано: Тиквички – 6 причини да се потрудиме почесто да ги јадеме]

 

Тава со тиквички и „пармезан“ од ореви

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

За „пармезанот“:

  • 50g индиски ореви или обични ореви, ситно издробени
  • 3 супени лажици нутритивен квасец
  • 1 супена лажица ладно цедено маслиново масло
  • прстофат морска сол и бибер

 

Начин на подготовка:

1)     Исечете ги тиквичките на мали кругови. Потоа, распоредете ги круговите на даска за сечење и посипете ги со сол. Оставете солта да ја извади вишокот течност од тиквичките така што ќе ја оставите да отстои 15-тина минути.

 

2)     Загрејте ја рерната на 180°С и исушете ги тиквичките со чиста кујнска крпа.

 

3)     Ставете ги сувите кругови од тиквички во голем сад и додадете маслиново масло, нутритивен квасец, лук во прав, италијански зачини, сол и црн пипер.

 

4)     Следно, ставете ги тиквичките во средна коцкаста тава и наредете ги круговите по ред.

 

5)     Откако ќе ги наредите тиквичките, потпечете ги во рерна околу 25 минути.

 

6)     Во меѓувреме, направете го „пармезанот“ од ореви. Ситно исечкајте ги јатките и додадете ги квасецот, маслиновото масло, солта и биберот.

 

7)     По 25 минути, извадете ги тиквичките од рерна и посипете ја мешавината од ореви и квасец. Вратете го садот во рерна и оставете да се пече уште 15 минути.

 

8)     Извадете од рерна, посипете со свеж босилек и служете.

 

–        Овој рецепт прави 2 порции.

–        Остатоците може да се чуваат во добро затворен сад во фрижидер околу 3 дена.

 

Нутритивна вредност на 1 порција:

КалорииЈаглехидрати [g]Протеини [g]Масти [g]
 330 23 (8g фибер)17g 21g

Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12), потоа бакар, железо, манган, фосфор, калиум, цинк, селен.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор