fbpx

10 едноставни совети како да се движите повеќе!

tonus

Почетокот на новата година е одлична можност да си поставиме некои нови ,,здрави” предизвици. Добар пример за таков предизвик е намерата повеќе да се движиме.

За да ги уживаме бенефитите од редовната физичка активност, не мора да трчаме, да одиме во теретана или да плаќаме за некакви скапи тренинзи. Доволни се и обичните прошетки. На оваа тема сме зборувале повеќе пати, а како најважно ќе извоиме: клучно е прошетките да бидат редовни и да траат најмалку 150 минути неделно или 20-тина минути дневно. Всушност, тоа е само 1% од времето во денот. Не постои човек што не би можел да одвои толку време за себе и своето здравје.

[Поврзано: 5 изненадувачки придобивки од ПЕШАЧЕЊЕТО]

"“Online”/

Покрај редовно извоеното време, специјално за физичка активност, како многу значаен фактор за вкупната физичка активност се вбројуваат сите, условно кажано, ,,помали” активности во текот на денот. Впрочем, секоја, па дури и најмалата активност троши енергија, односно калории и е значајна.
На пример, движењето низ дома, чистењето, готвењето, играњето со децата, качувањето по скали, одење до маркети и така натаму.

[Поврзано: 7 ЛЕСНИ начини за да потрошите 100 калории]

Затоа, во продолжение ќе ви дадеме 10 совети како повеќе да се движите, на лесен начин, во склоп со вашите секојдневни обврски, навики и распоред:

 

  1. Проверете дали во секојдневнието можете да ,,вметнете” повеќе пешачење

 

Без разлика дали одите на работа, училиште или само до маркет (како што во последно време ни наметна новонастанатата состојба со пандемијата), секогаш постои простор да се движите повеќе, да направите чекори плус.

На пример, ако одите на работа или на пазар со автомобил, заменете го тоа со пешачење. Ако работното место ви е доста далеку, паркирајте го автомобилот на барем километар од дестинацијата или симнете се неколку станици порано, ако одите со автобус.

[Поврзано: 7 практични совети за заштита од зараза во ЈАВЕН транспорт! ]

 

  1. Не го заборавајте велосипедот, може да биде и најефективно превозно средство

Особено во периодите кога времето не е посебно ладно, во градски услови, велосипедот ќе ве однесе на саканата дестинација веројатно многу побрзо отколку автомобилот или автобусот.

Возејќи велосипед, не само што си помагате себеси, туку допринесувате и за поздрава околина.

Секогаш кога имате можност, користете велосипед.

[Поврзано: Како вашиот велосипед БУКВАЛНО ви го продолжува животот?]

 

     3. Бидете што е можно подолог период ,,на нозе”

Денешниот ритам на живeење подразбира сè повеќе седење. Не само што седењето не троши калории, туку може да делува и на вкочанетост и да ви ги зголеми хроничните болките. Ако имате канцелариска работа или било кој тип на секојдневни активности кои подразбираат долго седење, практикувајте станување на пример на секој половина час.

Имајте на ум дека со секои 10 минути стоење, трошите 10 калории плус во однос на седењето.

Ако е можно некои средби или работни состаноци да ги изведете низ прошетка,направете го тоа.

[Поврзано: Како претераното седење го УНИШТУВА здравјето? Веројатно е лошо исто колку и пушењето!]

 

  1. Истегнувајте се

Овие вежби правете ги редовно пред секоја физичка активност, но можете да ги правите и без потоа да имате некаква поинтензивна активност.

Редовното истегнување не само што ќе ви помогне да ги опуштите мускулите и да превенирате спортски повреди, туку ќе ве направи порелаксирани, ќе ви го подобри сонот, ќе ви ги олесни болките во зглобовите, а дополнително на сето ова ќе потрошите и калории.

За 30 минути релаксирачко истегнување, се трошат околу 100 калории. На интернет можете да најдете најразлични погодни вежби за истегнување. Изберете ги оние кои вам најмногу ви одговараат.

  1. Почесто шетајте го вашиот миленик!

Во една од нашите претходни статии зборувавме околу научните податоци кои велат дека сопствениците на миленик имаат поздраво срце. Тоа не е залудно!

Сопствниците на миленици во просек се движат повеќе отколку оние што немаат миленик, па тоа се одразува во позитивна смисла дури и на кардиоваскуларното здравје. Ако веќе имате миленик и го шетате редовно, за да се движите повеќе, продолжете ги прошетките, одете во природа, правете почести прошетки, играјте си со миленикот итн.

[Поврзано: Сопствениците на куче имаат ПОЗДРАВО срце!]

  1. Секогаш користете ги скалите пред лифтот

Во текот на денот, излегуваме и влегуваме во домот безброј пати. Оние што живеат во зграда, имаат можност за ,,гратис тренинг” – скалите. Редовно користејќи ги скалите, на едноставен начин додаваме повеќе движење во текот на денот.

Искористете ја секоја можност да се качувате по скали, тие не се присутни само во вашата зградата, туку можеби на местото каде што работите, пазарите и слично.

  1. Дружете се со пријателите додека пешачите

Во една од претходните статии зборувавме за предностите на вежбањето со пријател. Главните предности се: поверојатна редовност, подобра мотивираност, позабавен третнинг, поддршка и зајакнување на социјалните конекции.

Во време на пандемија на сите ни недостасува дружење и социјализација. Пешачењето со пријател не само што ќе ви помогне повеќе и поредовно да се движите, туку ќе ви овозможи да се дружите со пријателите со помал ризик од заразување со коронавирусот, бидејќи може да бидете на отворено и на дистанца.

Кога временските услови овозможуваат, можете и состаноците да ги правите понеформално, низ прошетки.

[Поврзано: Дружењето го намалува ризикот од депресија!]

     8.    Играјте некаква игра со вашите најмили

Ако имате деца во домот, тие никогаш нема да одбијат малку играње со топка или фризби, на пример. За само 15 минути играње некаква детска игра, можете да потрошите 100 калории, но поважно е што преку играта уште повеќе ќе се зближите со вашите најмили-децата.

9.    Средете ја градината

Ако имате двор, за вас секогаш може да се најде некаква работа. Ако имате услови, можете на пример да си засадете домашен зеленчук или цвеќиња. Нивното одржување постојано ќе ви ,,дава работа”. Не само што ова ќе ви обезбеди здрава храна, ќе ви го намали стресот и ќе ви создаде задоволство, туку ќе ви потроши и доста калории. На секои 20 минути работа, ќе потрошите речиси 100 калории.

[Поврзано: За што помагаат различните СОБНИ РАСТЕНИЈА?]

  1. Поставете си цел, следете го напредокот и споделувајте

Поставувањето на цел и следењето на напредокот може да ви биде од особена помош во одржувањето на мотивираноста. Секако, споделувањето на напредокот на социјалните мрежи исто така е голем мотив.

Мотивацијата е клучна за редовна активност и повеќе движење.

Барем во денешно време постојат низа начини како детално да го следите и да го споделувате вашиот напредок, преку различни мобилни апликации.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор