fbpx

ОСАМЕНОСТА помеѓу најсилните ризик-фактори за развој на ДЕМЕНЦИЈА!

tonus

Деменција е состојба што измачува многумина од повозрасната категорија луѓе. Најновите статистики од САД, земјата која најдетално и најпедантно води најразлични статистики, велат дека бројот на лица засегнати од некаков облик на деменција е 6.2 милиони, само во оваа земја.

Нормално е со текот на стареењето да опаѓа интелектуалниот капацитет, но деменцијата не е тоа.

[Поврзано: Водењето здрав живот – клучен фактор и во превенцијата на деменција!]

Во една од претходните објави зборувавме повеќе околу тоа што значи да се има деменција и како животниот стил може да придонесе во третманот и превенцијата од оваа навистина незгодна и широко распространета состојба што во огромна мера го намалува квалитетот на животот сфатен во неговата целина. Зборувавме и како музиката може да има терапевтски ефект за оваа проблематика.

Денес нешто повеќе околу едно истражување на тема деменција и осаменост.

"“Online”/

Осаменоста како силен ризик-фактор за појава на деменција

Осаменоста кај лицата од третата доба не е нешто што е ново. Пандемијата што се’ уште трае само дополнително го интензивира овој проблем на повозрасните помеѓу нас. Имено, според информациите, само во САД, од почетокот на пандемијата со коронавирусот, од чувство на осаменост биле погодени над 46 милиони луѓе. Посебно засегнати од оваа проблематика, очекувано биле лицата над 60 годишна возраст. 

Резултатите од едно ново истражување на тема деменција, објавено месецов во престижното медицинско списание Neurology, може слободно да се каже дека ни даваат јасна слика околу влијанието на осаменоста. Истражувачите од одделот за неврологија на NYU Grossman School of Medicine утврдуваат дека осамените Американци помлади од 80 години, имаат дури трипати поголем ризик од развивање некаков облик на деменција. Важно да се напомене е дека испитуваните волонтери имале релативно мали ризик-фактори за развивање деменција во смисла на годините и генетиката.

Повеќе информации за самото истражување

Анализирани биле претходно собрани податоци за на 2300 волонтери, без деменција, со просечна возраст од 73 години. Поточно, на анализа подложни биле MRI снимки од мозокот, поставувани биле прашалници во однос на тоа колку често волонтерите се чувствуваат осамено, проценувани биле депресивните симптоми, како нарушен сон и лош апетит, а во предвид биле земени и генетските ризик-фактори за појава на Алцхајмер (присуство на APOE e4 алел). 

144 од испитаниците пријавиле дека се чувствуваат осамено над 3 пати во неделата.

Во период од 10 години, додека многу внимателно биле следени пациентите, 329 од вкупниот број испитаници развиле деменција.
Од оние пак 144, дури 31 биле дијагностицирани со ова заболување. За посебно ризични се покажале лицата од 60 до 80 години.

Осаменоста била поврзана со трипати зголемен ризик од деменција кај помладите волонтери кој не биле носители на споменатиот APOE e4 алел, што значи немале генетска предиспозиција. 

[Поврзано: Лајфстајл промени за справување со депресијата – СПИЕЊЕ]

Осаменоста негативно се одразува на нашиот мозок

Споменатата студија исто така ни открива и дека осаменоста има силна поврзаност со намалените т.н. егзекутивни функции. Под овој поим се подразбираат серија когинитивни процеси, вклучително процеси на носење корисни одлуки, когнитивна флексибилност, контрола, способност за внимание, концентрација и фокус и слично).

[Поврзано: Што е когнитивно здравје и како да го подобриме?]

Дополнително, утврдени биле и одредени промени во ткивото на мозокот кај осамените повозрасни лица, промени кои укажуваат на зголемена подложност на развивање Алцхајмерова болест и поврзани болести од спектарот на деменцијата.

[Поврзано: Најдобрата храна за мозокот!]

Важноста на социјалната конекција

Истражувањето само уште еднаш силно го потврдува значењето на социјалната поврзаност, особено за оние што се во ризик за осаменост. 

Заради овие причини, неколку работи се многу значајни:

  • Препознавање на знаците на осаменост кај себе или кај блиските лица.
  • Градење волја за создавање и барање на поддршка.
  • Градење и одржување односи на взаемна поддршка.
  • Недвосмислена индивидуална и колективна (општествена) поддршка на лицата што веќе страдаат од осаменост.

Овие принципи посебно се значјани додека старееме, со цел да си ги зголемиме шансите за одложување или дури можеби и за целосно превенирање на одредени когитивни нарушувања.

Извор:

Association of Loneliness With 10-Year Dementia Risk and Early Markers of Vulnerability for Neurocognitive Decline
by Joel Salinas et al. Neurology

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор