fbpx

10+ важни придобивки од ПОСТОТ!

tonus

Помладите веќе подолго време се запознаени со концептот на наизменично постење или популарно наречено intermittent fasting. Станува збор за шема на јадење која вклучува поограничен период на внесување на храна. Периодите на ,,гладување” можат да бидат од 12, па дури и до 24 часа.

[Поврзано: Што е тоа наизменично постење и кои се неговите ефекти по нашето здравје?]

Но, различни религиски пракси со векови промовираат нешто слично на овој пристап. Станува збор за религиозни пости, или периоди во кои целосно или делумно се воздржуваме од (одредени типови) храна. Главниот фокус на овој пост е духовниот живот, но постои голема вистина во тврдењето дека, постејќи, значително му помагаме и на своето тело во полесното справување со последиците од неправилната и обемна исхрана.

"“Online”/

[Поврзано: Како да не се прејадеме за време на празниците?]

Овој период во тек се христијанските Велигденски пости, па во продолжение: Како тие се одразуваат врз нашето здравје, односно кои се најважните здравствени бенефити на постењето?

Намалување на вишокот килограми и внесување на високо-нутритивна храна во секојдневието!

Веројатно најголемиот виновник за епидемискиот проблем со вишокот килограми кај нас во Македонија се млечните продукти. Станува збор за силно калориски концентрирана храна, односно храна со која многу лесно можете да претерате.

Високо на листата проблематични прехранбени производи за контролирањето на телесната тежина се месото и месните процесирани продукти. 

Постењето ни помага еден подолг период буквално да се исчистиме и од млечните и од месни продукти. Кога на листата ќе го додадеме и ограничувањето на маслото во исхраната, добиваме комбинација што недвосмислено ќе не’ доведе од намалување на вишокот килограми наталожен во претходните месеци. Но, во продолжение ќе видиме дека тоа не е се’.

Дополнително, во слабеењето помага и поголемиот внес на свежа храна, овошки и зеленчуци, а ,,стеснетиот” избор на храна неретко не’ води кон попаметни избори за оброк, па дури и за грицкање.

За некои луѓе, единствено постите се период кога се внесуваат различни овошки и јаткасти плодови – лешници, бадеми, ‘фстаци, костени итн. Со други зборови, ова е период кога (генерално) внесуваме поквалитетна храна.

Значи, не само што нема да ни недостасуваат нутриенти, постењето ќе ни овозможи генерално поздрава исхрана и понутритивна храна без многу калории!

[Поврзано: Најчестите грешки кои нe’ водат кон вишок килограми!]

Зголемена инсулинска сензитивност и превенција од дијабет

Постењето има во себе логика и интуитивна смисла. Кога јадеме често, нивото на инсулин се одржува високо. Задачата на инсулинот е да го “собира” шеќерот од крвта и “да го внесе” во клетките, но и да го складира во масните клетки.

Кога подолги периоди не внесуваме храна, инсулинот е понизок и затоа се очекува да почне да се случува обратниот процес, односно да се активираат маснотиите како извор на енергија и да губиме килограми.

На овој начин се зголемува и сензитивноста на телото на инсулинот, што е посебно важно во превенцијата од дијабет. Повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

[Поврзано: Инсулинска резистентност – се’ почест проблем!]

Намален притисок, маснотии и холестерол

Периодот на пост е доволно долг да се видат позитивни промени во наведените параметри ако претходно сме имале обемна и нездрава исхрана. Намалените количества на храна со заситени маснотии, како и на солта, ќе овозможи да падне притисокот. Дополнително, храната богата со растителни влакна, а сиромашна со маснотии, посебно заситени, неминовно ќе ги намали маснотиите во крвта и холестеролот.

[Поврзано: Исхрана за висок холестерол]

Важноста на свесното јадење

Една од главните поенти на постот е да јадеме умерено и свесно.

Кога велиме свесно јадење, се мисли на јадење со внимание и интенција (намера, насоченост). Јадењето со интенција за грижа кон себеси и јадењето со внимание кога се заситуваме, но и уживањето во храната е навистина значаен дел од она што се подразбира под здрава исхрана.

Идејата за свесно јадење потекнува од пошироката философија на т.н. целосвесност, односно целосна присутност во сегашниот миг, философија поткрепена со вековна традиција во различни предели низ целиот свет. Целосвесноста цели кон бидување свесен за различните ситуации и избори, а не само импулсивно реагирање на нив.

Да се јаде целосвесно или свесно значи да се ,,користат” сите физички сетила и емоции во целта да се искуси храната и соодветно да се ужива во неа. На овој начин не само што ќе имаме подобар избор на храна и ќе слабееме, туку ќе бидеме и поблагодарни за храна, со што ќе си го подобриме самото искуство на чинот јадење.

Всушност стануваме свесни што јадеме, какви се нашите навики за исхрана, што е многу важен чекор кон усвојување на здрав и одржлив начин на исхрана, кој нема да се одразува добро само на нашето тело туку и на нашата околина.

[Поврзано: СВЕСНО јадење – едноставен начин со ТРАЈНИ резултати!]

Дополнителни корисни ефекти:

  • Поздрави бубрези
  • Намален шеќер
  • Подобра заситеност
  • Здраво срце
  • Намален ризик од канцер и корисен ефект кај луѓето со канцер
  • Намален ризик од мозочен удар

Гледаме дека ефектите се извонредни, па некој ќе се запраша зошто постојано да не се хранам на овој начин? Исхраната базирана на растителна храна е супериорна во споредба со другите начини на исхрана, па така, силно препорачуваме во периодот на целата година да имате исхрана што се базира на растителна храна и повремено да имате подолги периоди во текот на ноќта и денот кога нема да внесувате храна.

[Поврзано: Принципи на Медитеранската исхрана!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор