fbpx

Јадењето СПАНАЌ придонесува за превенција за еден од најчестите типови КАНЦЕР! – НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

tonus

Спанаќот се смета за еден од најздравите зеленчуци. Во нашата традиционална кујна застапен е во различни рецепти, како и во свежите салати.

Уште од најмала возраст постојано слушаме дека спанаќот е веројатно најздравиот зеленчук, но дали тоа е навистина така? 

Во овој текст ќе се обидеме да дадеме одговор на ова прашање. Ќе видиме колку е важно да го имаме како дел од редовната исхрана, особено сега, кога му е сезоната, па го имаме свеж и ефтин.

"“Online”/

Извонредна хранливост

Спанаќот е многу богат со низа на микронутриенти, како витамини, минерали, па и растителни влакна. Од друга страна, има доста ниска калориска вредност. Ова го прави спанаќот храна со висока нутритивна густина. Што значи тоа нутритивно густа или нутритивно сконцентрирана храна, прочитајте тука.

Во само 30g спанаќ се содржат:

  • 7kcal
  • 1,1g јаглехидрати
  • 0,9g протеини
  • 0,1g масти
  • 0,7g растителни влакна
  • 145mcg витамин К или 181% од Дневно Препорачаниот Внес
  • 2813IU витамин А или 56% од ДПВ
  • 58,2mg витамин В9
  • 8,4mg витамин C
  • 0,3mg манган
  • 23,7mg магнезиум
  • 0,8mg железо

Дополнително, спанаќот содржи помали количества и на калциум, цинк, селен, бакар, фосфор,витамин В6 и витамин Е. Термички подготвениот спанаќ содржи неколку компоненти во поголема концентрација отколку свежиот. Содржи повеќе протеини, растителни влакна и повеќе витамин К и А.

Сепак, присуството на оксална киселина делува инхибирачки на апсорпцијата на калциум и железото, па спанаќот спаѓа во храната која е помалку биоактивна во однос на нив. Оксалната киселина тоа го прави преку врзувањето на дел од присутните железо и калциум. Термичката подготовка помага во оваа смисла.

Канцер на дебелото црево – чест проблем помеѓу населението

Во Македонија, но и во светски рамки, ракот на дебелото црево е помеѓу неколку најчести типови на малигни болести. Во САД на пример, земјата во која веројатно се водат и најпедантните и најопширните статистики, ракот на дебелото црево е втората причина за смрност од малигни заболувања.

[Поврзано: Придобивки од редовното користење ФИБРОГЕЛ]

Јадењето спанаќ штити од рак на дебелото црево?

Јадејќи спанаќ, можеме значително да си го намалиме ризикот од формирање на малигно ткиво во дебелото црево. Ова се вели во едно поново истражување од САД, поточно од Универзитетот во Тексас.

Истражувачите, користејќи податоци од претходни студии се близу до откривање дури и на самиот механизам зад ова дејство.

Истражувањата во минатото конзистентно покажуваа дека јадењето зелен зеленчук и храна богата со фибер, го намалува ризикот од рак дури за половина.

Поттикнати од овие податоци, истражувачите од Тексас ја истражувале директната поврзаност помеѓу спанаќот, дигестивното здравје, генетиката и случаите и исходите од ракот на дебелото црево.

Испитувани биле наследните проблеми со аденоматозните полипи на дебелото црево, што се појавуваат дури и кај помлади лица и имаат потенцијал да водат кон малигни промени со текот на стареењето. Во најголемиот дел од случаите, кај овие пациенти неопходно е отстранување на самите полипи заради превенција од стотиците тумори на дебелото црево што можат подоцна да се појават.

За жал, по ваквите третмани најчесто следат и терапии кои имаат ризик од токсично дејство. Резултатите од студија од Тексас ни укажуваат дека спанаќот може силно да придонесе за превенција од ракот кај споменатите пациенти, главно преку одложувањето на потребата за отстранување на делови од дебелото црево и потоа условно токсични терапии.

Кои се другите тврдења од студијата?

Антиканцерогениот ефект на спанаќот се должи и на позитивниот, односно поттикнувачкиот ефект што го има овој зеленчук врз разновидноста на нашиот природен микробиом или цревната микрофлора. Јадењето храна како што е спанаќот, може да поттикне и промени во генската експресија што би водело во насока на превенција од канцер.

[Поврзано: Балансирана цревна микрофлора – Важна дури и за формирањето на мускулно ткиво]

Дополнително, кај спанаќот истражувачите пронашле и специфични масни киселини (линоленатни метаболити), во поголеми концентрации. Иако претходно хлорофилот бил во фокусот, се смета дека токму линоленската киселина и нејзините деривати се особено важни во регулацијата на инфламаторните процеси (воспалителните процеси) што овозможуваат превенција од канцер.

[Поврзано: Хроничната инфламација е поврзана со појавата на најчестите хронични заболувања, па дури и на малигните!]

Само 10-15% од случаите на рак на дебелото црево се со наследен, генетски елемент

Според истражувачите, во намерата превенција од канцер, јадењето спанаќ е корисно и за сите останати, не само за лицата со зголемен генетски ризик од полипи и канцер на дебелото црево (10-15% од случаите).  Имајќи го предив овој факт и фактот дека ракот на дебелото црево е помеѓу најчестите, секој поединец треба да се грижи за превенцијата, особено лицата над 45 годишна возраст (за нив се пропрачува и редовен скрининг).

[Поврзано: Помага ли исхраната кај канцер?]

Значи, огромното мнозинство од случаите на овој тип канцер се спорадични. Експертите објаснуваат дека изложеноста на различни прокарциногени и на лоша исхрана со текот на годините може да го злолеми ризикот од непосакувана експресија на одредени гени во гастроинтестиналниот тракт, што потоа има потенцијал да води кон полипи низ дигестијата – опасност за канцер. 

[Поврзано: Ризик фактори за развој на рак кои ќе Ве изненадат!]

 

Извор:

Dietary spinach reshapes the gut microbiome in an Apc-mutant genetic background: mechanistic insights from integrated multi-omics

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор