fbpx

Едноставна навика што го намалува притисокот!

tonus

Редовното пиење чај претставува навика за голем дел од луѓето. Станува збор за исклучително здрава навика!

Во повеќе од нашите претходни статии имаме зборувано на оваа тема, а денес подетално ќе се посветиме на главната придобивка за нашето здравје од пиењето чај од хибискус.

[Поврзано: Чајот се пие и во лето! 7 ПРИЧИНИ зошто!]

"“Online”/

Хибискусот потекнува од Северна Америка и југоисточна Азија, но денес се одгледува во повеќето земји со тропска и субтропска клима, а во вкусовите на чајот уживаат луѓето од сите делови на светот. Припаѓа на поширокото семејство растенија наречено Malvaceae, а неговиот најзначаен позитивен ефект (со научна основа) е во однос на намалувањето на крвниот притисок!

Веројатно најздравиот чај за нашето срце!

Една мета студија, односно истражување што анализира податоци од повеќе други студии на тема чај од хибискус, уште еднаш го потврдува неговиот извонреден ефект во однос на здравјето на срцето.

Станува збор за истражување објавено во Food and Nutrition Technology Journal, кое комбинира резултати од 20 различни студии на тема бенефити од чајот од хибискус.

Врз основа на анализите, истражувачите утврдиле дека пиењето 2-3 чаши чај од хибискус на ден, може значително да го намали крвниот притисок. Имено, се работи за намалување во “горниот крвен притисок” за 7,6mmHg и 3,5ммHg за ,,долниот крвен притисок”.

[Поврзано: 5 благодети на ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ!]

Што значат овие бројки?

Имајќи предвид дека за научниците од областа и само 10 единици крвен притисок е значителна разлика, дури во обем да може да менува дефиниции и терапевтски модалитети, потенцијалот на хибискусот е огоромен.

Всушност, истражувањата намалувањето на ,,горниот” притисок за 10mmHg и на ,,долниот” за 5mmHg, го поврзуваат со 22% помал ризик од срцев удар и неверојатни 41% помал ризик од мозочен удар

[Поврзано: Основни, а пресудни информации за крвниот притисок]

Поздраво срце со едноставна навика за пиење чај!

Покрај намалениот притисок, постојат податоци според кои редовното консумирање чај од хибискус помага и за намалување на холестеролот и маснотиите во крвта, а делува исклучително позитивно и на инфламаторните (воспалителните) процеси и шеќерот во крвта.

[Поврзано: Холестерол – Кои вредности се загрижувачки, а кои оптимални?]

Сиот овој ефект не се препишува само на микро и макронутриентите на хибискусот, туку главно на неговите фитохемикалии. Главниот антиоксидативен извор на хибискусот се неговите полифеноли (посебно флавоноиди и антоцијанини) – растителни компоненти што природно ја намалуваат инфламацијата во телото и го штитат од оштетувањата предизвикани од дејството на т.н. ,,слободни радикали”. 

[Поврзано: Чај, јаболки и бобести овошки против деменцијата?]

Извор:

A systematic review and meta-analysis of the effects of Hibiscus sabdariffa on blood pressure and cardiometabolic markers 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор