fbpx

Чај, јаболки и бобести овошки против деменција?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Сите знаеме дека редовното консумирање свежа храна (овошје и зеленчук) е здрава навика. Главните причини за ова се кријат во нејзиниот состав – покрај бројните витамини и минерали, богатата содржина и на различни фитохемикалии – кој овозможува здравствени бенефити, како намален ризик од срцеви заболувања и дијабет, на пример.

Сè повеќе научно базирани сознанија ја поврзуваат свежата храна, односно храната богата со флавоноидни антиоксидативни компоненти и со намален ризик од канцер и мозочен удар. Храна богата со флавоноидни антиоксиданти: цитрусни овошки, бобести овошки, јаболки, а тука влегуваат и различните чаеви и мешунки.

Едно неодамна објавено истражување, ја поврзува оваа храна и со намалениот ризик од развивање деменција.

"“Online”/

[Поврзано: Водењето здрав живот – клучен фактор и во превенцијата од деменција]


Моќта на флавоноидите

Се смета дека флавоноидите го намалуваат ризикот од канцер, правејќи ги малигните клетки неспособни за делба и растење. Тие исто така делуваат и како антиоксиданти, превенирајќи го спорото оштетување на клетките предизвикано од слободните радикали. Исто така ја намалуваат хроничната инфламацијата во телото, која се вбројува помеѓу главните причини за појава на најчестите хронични заболувања.

Повеќето од овие механизми се утврдени преку анимални или лабораториски истражувања, а вака добиените информации се од неверојатна важност во однос на разбирањето како флавоноидите се однесуваат и во телото на човекот.

Fibro Gel

Знаеме дека Алцхајмерот (најчеста форма на деменција) се поврзува со најразлични ризик-фактори, вкучително возраст, генетика, средински фактори, одредени заболувања , пол итн. Заради овие причини, проценката на ризикот и превенирањето од Алцхајмер одат потешко.

Но, повеќе студии укажуваат дека исхраната богата со флавоноиди може да помогне во менаџирањето на некои типични симптоми на Алцхајмер и да ги подобри когнитивните способности. Ова не треба многу да изненади, бидејќи деменцијата е поврзувана со хронични заболувања, како дијабет, срцеви заболувања и мозочен удар. Флавоноидите се веќе познати по нивните корисни ефекти во однос на превенирањето на овие заболувања.

Постојат навистина многу типови на флавоноди, а истражувањата не го имаа утврдено конкретниот вид флаводноидни антиоксиданти кој ја прави разликата во однос на превенирањето деменција, сè до веќе споменатото, неодамна објавено истражување.

Исхраната и Алцхајмеровата болест

Неодамна објавената студија во оксфордскиот The American Journal of CLINICAL NUTRITION, вели дека исхраната богата со флавоноиди го намалува ризикот од развивање деменција.

Истражувачите следеле над 2800 испитаници на возраст помеѓу 28 и 62 години, во период долг речиси 20 години. Во текот на истражувањето, соодветно бил мерен внесот на флавоноиди од исхраната и преку статистички операции била проценувана просечната вредност на внесени флавоноиди.

Утврдено било дека долгорочно високиот внес на флавоноиди преку исхраната е во директна релација со намалениот ризик од деменција, без разлика на генетскиот фактор, возраста, постоечките дијагнози, крвниот притисок, холестеролот и други фактори.

Сепак, точните количества флавоноиди кои треба да се внесуваат за добивање на овој ефект, не се утврдени, но затоа се нагласуваат три типа од овие антиоксидативни компоненти кои имаат најпозитивно дејство во намалувањето на когнитивните нарушувања: флавоноли, антоцијанини и флавоноидни полимери.

Исто така, важно е да се напомене дека студијата не наоѓа причинско-последична врска помеѓу ваквата исхрана и намалениот ризик од деменција, туку само одредена релација.

Истражувачите заклучуваат дека свежата храна не може да ја излечи деменцијата, но дека ваквата исхрана, заедно со применувањето на она што значи здрав начин на живеење (одржување на здрава телесна тежина, непушењето, редовната физичка активност итн.) може значително да го намали ризикот од појава на когнитивни нарушувања, како Алцхајмер и други чести типови деменција.

[Поврзано: Телесната тежина со изненадувачи ефекти и на мозокот!]

Која храна е богата со овие флавоноиди?

Храната богата со флавоноиди, која се појавува и во оваа студија: портокали, различни видови чаеви, јаболки, бобести овошки, круши и јагоди. Чајот, јаболките и круши се најчестите извори на флавоноли и флавоноидни полимери. Антоцијанините пак, се најсконцентрирани во бобестите овошки и црвеното вино.

Превенирањето од когнитивни нарушувања е уште една причина плус редовно да консумираме свежи сезонски плодови, кои претставуваат нутритивно сконцентрирана храна .

Ваквата храна освен што ќе нè освежи и ќе ни даде енергија, ќе ни помогне и да ја конторлираме телесната тежина (малку калории) и ќе ни ги обезбеди сите неопходни микронутриенти (висока нутритивна, хранлива вредност).

[Поврзано: Нутритивно концентрирана храна – што е тоа?]

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X