fbpx

ПАЛМИНО МАСЛО – Што му прави на нашето тело и како успешно да го избегнуваме?

tonus

Што е палмино масло?

Палминото масло во последно време добива се’ полоша репутација во јавноста. Тоа не е без основа, а во продолжение ќе ги разгледаме и главните причини зошто ова е случај.

Се работи за масло што се добива од познатото дрво палма (Elaeis guineesis) и се вбројува помеѓу најкористените масла во светски рамки.

Палминото масло во Македонија доста ретко се користи во домаќинства, но сепак може слободно да се каже дека е сеприсутно во исхраната. Значи, иако не готвиме со него, палминото масло има широка примена во прехранбената индустрија, како прехранбено масло, шортенинг или маргарин. Според ова, процесираната храна многу често е богат извор на вакви маснотии. Дополнително, ланците на брза храна и голем број на ресторани исто така користат големи количества палмино масло. Широката примена на оваа маснотија се должи на нејзината стабилност на повисоки температури и ниската цена во споредба со други слични прехранбени масти.

"“Online”/

[Поврзано: Постојат најлоши масти: Трансмасти!]

Лошата репутација во исхраната на т.н. тропски маснотии, помеѓу кои исто така спаѓа и кокосовото масло, главно се должи на високиот процент на заситени маснотии што се содржат во нив. Кокосовото масло и маслото од палмино семе имаат дури до 85% заситени маснотии. За разлика од нив, ,,обичното” палмино масло има 50% заситени масти, што исто така е преголем процент, имајќи предвид дека треба максимално да ги избегнуваме. Според Британското министерство за здравство, внесувањето на повеќе од 25g дневно заситени маснотии, се смета за високо-ризично, посебно за лицата што веќе имаат проблеми со тежината. 

[Поврзано: Замастен црн дроб – Програма за исхрана]

Опасности од заситените маснотии по нашето здравје

Не сите маснотии се лоши по нашето здравје, напротив. Сепак постојат и такви што треба максимално да ги избегнуваме во нашата исхрана. Дефинитивно помеѓу нив се вбројуваат т.н. заситени масти. Станува збор за масти чиј извор најчесто е животинската храна, како месото и млечните производи. Сепак, како што претходно видовме, одредени растителни извори, исто така претставуваат исклучително богати извор на овие лоши масти по нашето здравје. Неколку од главните негативни ефекти по здравјето, со научна основа:

    • Процеси на хронична инфламација или воспаление – повеќе на оваа тема, прочитајте тука: Хронична инфламација и здравје
    • Зголемено ниво на холестерол – покачен т.н. лош холестерол (LDL) 
    • Инсулинска резистенција Кога клетките ќе престанат соодветно да одговараат на ,,стимулациите” од инсулинот, станува збор за инсулинска резистентност или отпорност. Во вакви услови, панкреасот почнува да лачи уште повеќе инсулин во намерата да го намали шеќерот во крвта. Ова води кон високи нивоа на инсулин во крвта, состојба наречена хиперинсулинемија.
    • Силно зголемен ризик од вишок килограми – сите последици поврзани со ваквата состојба
    • Хормонски дисбаланс
    • Нарушено здравје на црниот дроб – замастен црн дроб
    • Проблеми со когнитивното здравје
    • Проблеми со здравјето на срцето – поврзани со речиси сите претходно наведени состојби.

Кои се дополнителни опасности?

Како што веќе споменавме, палминото масло доста често се користи од ланците за брза храна. Всушност се користи како медиум за пржење, поради својата стабилност на високи температури и ниска цена на чинење. Во повеќе од претходните статии сме зборувале околку штетноста на јадењето пржена храна, но тука вреди да се разгледа и еден друг аспект. Факт е дека пржената храна е штетна и сама по себе, без разлика на маслото со кое се пржи. Поради поголемата стабилност, палминото масло се користи и по повеќе циклуси на пржење. Во превод, неретко различни сендвичари и места за брза храна користат палмино масло за голем број на пржења, дури и повеќе од еден ден. Маслото на изглед е стабилно, но хемиски се случуваат бура од реакции.

[Поврзано: Сите сме чуле дека пржената храна е штетна. Но, ЗОШТО е тоа така?]

Кои се проблемите од повеќекратното пржење во едно исто масло?

Без разлика на потеклото на маслото (но тоа најчесто се прави со палмино масло), ваквата практика е особено штетна по нашето здравје. Да ги сумираме штетните ефекти во 5 главни точки:

  1. Формирање на трансмасти – репетитивното загревање на маслото на високи температури за време на пржењето може да предизвика формирање трансмасти, познати компоненти што го зголемуваат нивото на LDL холестерол и го намалуваат нивото на HDL или добриот холестерол.
  2. Оксидација – со секое наредно пржење, степенот на оксидираност на маслото се зголемува. Процесите на оксидација водат кон создавање на компоненти со силен штетен ефект за нашето здравје. Пред се’ станува збор за слободни радикали, што ја зголемуваат инфламацијата во нашето тело. 
  3. Формирање на акриламид – канцерогена компонента, што се создава при пржењето на храна богата со скроб, како што се компирите, но и пржењето на различни кондиторски производи.
  4. Намалена нутритивна вредност, намалени вкусови карактеристики и контаминација – повеќекратното пржење во еден ист медиум неминовно води кон губење на нутритивната вредност на маслото, но и на самата храна што се пржи во него. Дополнително, се јавуваат непријатни мириси и вкусови, а контаминацијата од претходната храна што била пржена преставува дополнителна опасност од создавање на токсични компоненти во храната што е следна за пржење.
  5. Намалена точка на чадење на маслото – со секое наредно пржење маслото хемиски е се’ пооштетено. Тоа значи дека се намалува температурата на која тоа се распаѓа или чади, формирајќи компоненти што се со голема токсичност.

Други негативни ефекти од пржењето во еден ист медиум, повеќе пати:

  • Зголемен ризик од расипување на пржената храна
  • Зголемен ризик од алергиски реакции – поради различните храни што се пржат во истото масло
  • Лоша дигестија
  • Намалена биодостапност или степен на апсорпција на нутриентите во храната
  • Неефикасно пржење
  • Негативни ефекти на околината

Кратки совети како да го избегнеме палминото масло во исхраната:

Со цел избегнување на поголеми количества палмино масло во исхраната, потребно е да внимаваме кога станува збор за процесираните продукти. Палминото масло често пати знае да биде ,,затскриено” во одредени продукти, како:

 

  • Лиснати теста
  • Чипсови и слични грицки
  • Пуканки
  • Чоколади и различни чоколадни производи
  • Процесирани месни производи
  • Инстант супи и сосови
  • Замрзнати десерти, како сладоледи и слични млечни продукти
  • Инстант житарки за доручек
  • Најразлични продукти етикетирани како ,,вегански”

Заради овие причини, но и ред други, избегнувајте ги овие продукти во секојдневнието, а кога ги купувате, секогаш бидете особено внимателни во читањето на составот

Од друга страна, изобилството на палминото масло е дополнитена причина плус да готвиме повеќе во домашни услови, односно да ја да избегнуваме брзата храна.

[Поврзано: 6 причини зошто почесто треба да јадеме домашна храна, заедно со семејството и блиските!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор