fbpx

ПЧЕНКА – навидум едноставна, а извонредно здрава!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Пченката е значајна житна култура од семејството треви, која припаѓа на родот Zea, поточно начуното име ѝ е Zea mays. Оваа билка потекнува од Северна и Јужна Америка, но денес се одгледува ширум светот на местата со умерена и топла клима, вклучително и кај нас во Македонија.

Со оглед на хранливата вредност и цената, пченката во голем дел од светот е основна храна, односно храна која со обемот на производство ги надминува пченицата и оризот. Сепак, постојат доста различни видов на пченка, а секоја не е за човечка употреба. Одредени нејзини подвидови се користат за хранење на стоката, добивање на пченкарен скроб, сируп итн.

Најпознатата пченка која се употребува во човековата исхрана е т.н. ,,шеќерна”, но постојат и повеќе други, како на пример онаа за добивање на пуканки. Од пченката се прават и палентата, најразлични типови мусли, чипсови, масла итн.

"“Online”/

Оваа житарка е особено погодна за луѓето со целијакија, односно глутенска интолерантност, бидејќи не содржи глутен.

Нешто повеќе околу најздравите грицки (пуканките), прочитајте тука – ПУКАНКИ – ЕКСПЛОЗИЈА ОД ЗДРАВЈЕ!

Во продолжение, подетално околу здравствените придобивки од пченката.

Богат нутритивен извор

Полнозрнастата пченка е особено здрава житарка, поради својот состав – големи количества на растителни влакна, протеини, сложени јаглехидрати, витамини, минерали, антиоксиданти и различни фитохемикалии. Во 100g варено клавче се содржат:

▫ 95 калории
▫ 73% вода
▫ 3,4g протеини
▫ 20g јаглехидрати, од кои 4,5g шеќери и 2,5g растителни влакна (главно нерастворливи – целулоза, хемицелулоза и лигнин)
▫ 1,5g масти

За разлика од другите житарки, пченката има помали количества микронутриенти (витамини и минерали), но сепак содржи:

▫ 5% oд дневно препорачаните потреби за витаминот А
▫ 7% од ДПП за витамин Ц
▫ 3% од ДПП за железо

Во помали количества се содржат и магнезиум, цинк, фосфор, бакар, калиум и витамини од Б групата.

Треба да се спомене дека помеѓу различните видови на пченка постојат одредени нутритивни разлики, како на пример шеќерната пченка има значително помалку скроб од останатите видови, а наместо тоа има повеќе шеќери.

Пченката е солиден протеински извор, иако има недостаток од повеќе есенцијални аминокиселини. Во зависност од видот, концентрацијата на протеини се движи од 10-15%.


Антиоксидативен состав


Пченката содржи низа биоактивни растителни компоненти, меѓу кои и такви со потврдено корисно дејство за организмот.

Таа има подобар антиоксидативен состав и содржина од доста други житарки, вклучително:

Ферулична киселина – главен полифенолен антиоксидант во пченката, кој го има во поголеми количини отколку кај другите житарки, како пченица, овес и ориз.

Антоцијанини – антиоксидантни пигменти кои даваат одредени обојувања.

Зеаксантин – најчестиот каротеноид во растенијата. Кај луѓето се поврзува со значителното подобрување на здравјето на очите.

Лутеин – многу слична структура и функција како и зеаксантинот.

Фитична киселина

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Добра храна за дигестивното здравје и за процесот на слабеење

Повеќето видови пченка содржат многу висок процент растителни влакна, вода, но и протеини. Ваквиот состав ја прави оваа житарка особено погодна храна при процесот на слабеење. Освен што практично не можете да претерате со јадењето пченката, таа ќе ви обезбеди и низа микронутриенти и антиоксидативни компоненти со најразлични корисни дејства врз орагнизмот.

Низа на студии ги поврзуваат растителните влакна со побрзото и поуспешно слабеење.

Ова е случај заради тоа што го намалуваат гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се промовира ситост. Дополнително, тие се храна за корисната цревна микрофлора, од чиј баланс зависи и целокупното здравје.

Растителните влакна помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје- констипацијата или запекот. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер. Дополнително, редовното консумирање пченка (пуканки) во една студија покажало заштитно дејство во однос на едно дигестивно нарушување наречено дивертикуларна болест.

Пченката во само 100g содржи растителни влакна кои ги задоволуваат дневните потреби на човекот од фибер и до 60%.

Пченката е добра за здравјето на срцето

Ова својство се должи на нејзиниот состав –  минералите, како калиум, магнезиум и железо, антиоксидантите, но пред сè заради исклучително богатиот состав на растителни влакна кои можат да делуваат на намалување на вкупниот холестерол во крвта и на тој начин да го подобрат липидниот профил.

Калиумот може да делува на намалување на крвниот притисок, уште еден од значајните параметри за здравјето на срцето. Повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

Здравје на очите


Пченката има солидна содржина на потентни антиоксиданти – каротеноиди (споменатите зеаксантин и лутеин), кои во истражувањата се поврзуваат со превенцијата од очни болести, како што е макуларната деградација. Оваа болест на очите се поврзува со процесот на стареење и е главна причина за целосно губење на видот.

Fibro Gel

Зеаксантинот и лутеинот го заштитуваат очното ткиво преку превенирање од постојаните оксидативни оштетувања кои водат до функционални нарушувања на очите. Дури 70% од каротеноидите на пченката доаѓаат токму од овие две антиоксидативни компоненти.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X