fbpx

РЕЦЕПТ за екстра здрав леб – ФИБРОГЕЛ ЛЕБ!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Кога ќе се спомне леб, поголемиот дел од луѓето веднаш помислуваат на нездрава храна или храна која ќе ги здебели. И во право се, но само кога станува збор за белиот леб кој има висок гликемиски индекс, а неретко има и додадени маснотии и шеќери.

Лебот добиен од полнозрнасто брашно не само што е здрава храна, туку тој треба да претставува основа во нашата исхрана, бидејќи освен што е одличен енергетски извор кој ќе нè засити на подолг рок, тој претставува и богат микронутритивен извор (витамини и минерали). Дополнително, полнозрнастиот леб има далеку побогат вкус.

Наједноставната промена во исхраната, односно исфрлувањето на белиот леб и наместо него, употребата на оној полнозрнастиот е можеби клучната промена со која треба да започнете доколку сакате подобра исхрана.

"“Online”/

Многу повеќе околу разликите помеѓу белиот и црниот леб, прочитајте тука

Па, зошто да не направиме толку едноставна промена за која нашиот организам ќе ни биде благодарен?

Во продолжение, еден интересен рецепт за здрав и вкусен леб – Фиброгел леб.

Fibro Gel

Фиброгел леб

Во овој рецепт ќе подготвиме леб кој нема брашно, туку семиња. Веројатно се прашувате како ќе ја задржи цврстата форма – одговорот лежи во состојката псилиум. Всушност ова е главната состојка на фиброгелот, за кој зборувавме во една од претходните статии, а можете да го набавите во аптеките на Еурофарм .

За рецептот ќе ви бидат потребни:

 

 

Начин на подготовка

 

  1. Во сад ставете ги сите суви состојки (семките) и добро промешајте.
  2. Во друг сад ставете ги течните состојки – водата, маслиновото масло и медот и додадете ги во садот со семињата. Мешајте додека смесата не се соедини и не стане цврста.
    *Доколку тестото е премногу цврсто, слободно додадете уште неколку лажици вода.
  3. Префрлете го тестото во калап за печење леб обложен со хартија за печење, измазнете го и оставете го да отстои најмалку 2 часа на собна температура.
  4. Откако тестото ќе се стегне, загрејте ја рерната на 175°C. Лебот печете го 20-тина минути, а потоа извадете го од калапот, превртете го и печете го директно на решетката уште 30 минути.

Оставете го лебот целосно да се излади пред да го пресечете, а потоа можете да уживате во неговиот богат вкус во комбинација со нашите рецепти за хумус или табуле.

 

Нутритивна вредност


Една кришка од овој леб (или 30g) има:

▫ околу 120kcal
над 4g растителни влакна!
околу 4,5g протеини
▫ околу 7,5g масти (над 90% од нив здрави маснотии)
▫ околу 7g јаглехидрати
▫ фантастичен микронутритивен и антиоксидативен извор: калиум, калциум, цинк, манган, фосфор, маснорастворливи, но и витамини од Б групата, железо, селен и уште многу други минерали и витмаини во помал обем.

 

Леб одличен за слабеење, но и добар за кардиоваскуларното здравје


Комбинацијата од сите споменати намирници, овозможува внес на големо количество растителни влакна и протеини. На тој начин, Фиброгел лебот е одлична храна за намалување на килограмите, а погодна е и за оние кои се на безглутенска исхрана.

 

Лененото семе, покрај растителните влакна и другите корисни компоненти, содржи  и високиот процент омега 3 масни киселини, кои се многу важни, помеѓу останатото и за срцевото здравје. Повеќе за нив прочитајте тука. Дополнително, овој леб содржи и доста калиум и магнезиум, многу важени минерал за срцето.

Хранливата чиа содржи низа на антиоксидативни компоненти, но е и еден од најбогатите растителни извори на протеини. Овесот пак, е извор на сложени јаглехидрати, а истовремено и на растителни влакна и протеини.

Според ова, овој леб е одличен извор и за дијабетичари и луѓе кои имаат некакви дигестивни проблеми, како запек, дијареа, гасови итн. Само една кришка од Фиброгел лебот ви обезбедува повеќе од 10% од дневните потреби за растителни влакна.

 

Леб кој е одличен извор на (поли) незаситени маснотии


Фиброгел лебот е навистина одличен извор на квалитетни маснотии (од бадемите, чиата, лененото семе, сончогледот и останатите компоненти) кои ќе придонесат за вашето здравје од различни аспекти – подобро здравје на мозокот, срцето, кожата, па дури и за процесот на слабеење. Повеќе за здравствените бенефити на мастите и кои се добри, а кои лоши маснотии, прочитајте тука.

Fibro Gel

Заради исклучително богатиот микронутритивен состав, Фиброгел лебот има уште низа на други корисни здравствени дејства за кои можете да прочитате повеќе со кликнување на секој од микронутриентите.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X