fbpx

7 начини да си ги заштитите колената!

tonus

Колената се најголемите и помеѓу најсилните зглобови во човековото тело. Тие речиси постојано се ,,во погон”, при седење, одење, скокање, наведнување итн. ,,Носат” речиси 80% од тежината на телото при стоење и дури 150% при движење, низ собата на пример. Тоа би значело дека при движење на личност што има 70 килограми, притисокот или силата која дејствува на колената при движење е околу 105 килограми!

Со текот на време, заради постојаното движење на телото и потенцијалните повреди, сè повозможни стануваат оштетувањата на колената што можат да водат и до остеоартритис, еден од најчестите типови на артиритис кај колената.

 

[Поврзано: Болки во ЗГЛОБОВИТЕ – може ли да си помогнеме преку исхрана и суплементи?]

"“Online”/

 

При остеоартритисот, ‘рскавицата – мазната прекривка која помага краевите на коските да не се оштетуваат, триејќи се една од друга – полека се истрошува. Така, коските почнуваат да се тријат, па се јавуваат типичните симптоми, како болки, отоци, вкочанетост и со текот на времето, нарушена подвижност, а со тоа и намален квалитет на живот.

 

Без разлика на годините, секогаш треба да внимавате на своите колена!

 

Видовме дека колената се дел од телото кој е доста чувствителен. Така, почнувајќи од раните 30-ти години, веќе треба да работиме на засилување на своите зглобови, односно превенирање на оштетувањата. што значително ќе го намали ризикот од појавување на проблеми поврзани со колената во подоцнежниот живот.

 

[Поврзано: 5 правила за самопомош кога сме соочени со ХРОНИЧНИ БОЛКИ!]

 

Што советуваат ортопедите, кои се главните животни навики што треба да ги имате за да максимално да ги заштитите колената?

 

  1. Редовна физичка активност!

Претерувањето со напорните физички активности е помеѓу главните ризик-фактори за оштетувања на колената. Сепак, од друга страна, редовното движење без претерувања на интензитет и должина, е веројатно најважниот фактор за превенција од болките во колената.

[Поврзано: 5 изненадувачки придобивки од ПЕШАЧЕЊЕТО!]

Постојаната раздвиженост, односно активниот животен стил ќе ни овозможи зглобови што постојано се добро ,,подмачкани”. Дополнително, движењето поттикнува зацврстсување на мускулите и формирање на ново мускулно ткиво, што е многу значајно за подржувањето на колената и намалувањето на болките.

Физички активности кои се одлични за колената: пешачење со умерен интензитет, пливање, возење велосипед и слично. Избегнувајте пренапорни активности, како трчање по удолни стази, кревање преголеми тежини со нозете, пречести наведнувања, кревање тешок товар и слично.

 

[Поврзано: Придобивки од физичката активност!]

 

  1. Одржување на нормална телесна тежина

 

Како што веќе напоменавме, при движењето силата која дејствува на нашите колена е дури 150% од нашата телесна тежина, па така ако имаме вишок килограми, со самото намалување, значително ќе придонесеме за олеснување на притисокот врз колената. Истражувањата велат дека губењето само на 1 килограм, предизвикува ослободување на колената од притисок еднаков на 4 килограми.

Затоа, ако имате болки во колената и повишена или прекумерна телесна тежина, првото нешто што треба да го направите е да ги смените навиките за исхрана и движење. Она што мора да имате предвид е дека и симнувањето на само неколку килограми, ќе направи серизона разлика, која има огромен потенцијал во однос на намалувањето на  болките во колената!

 

[Поврзано: Имате хронични болки? Губењето килограми може значително да Ви помогне!]

 

  1. Доволно пиење вода!

Еден од симптомите на дехидрираност, може да биде и болката во колената. Всушност, ‘рскавицата (флексибилното ткиво од кое се составени зглобовите) се состои 80% од вода. Доволното пиење вода во текот на денот, ќе овозможи соодветно подмачкување и намалување на механичкиот стрес на колената.

 

[Поврзано: Што се случува со нашето тело кога не пиеме доволно ВОДА?]

  1. Здрава исхрана!

 

Исхраната која во себе содржи доволно витамини и минерали клучни за здравјето на коските (витамин К, Ц, Д, калциум, магнезиум итн.), но и антиоксидативни материи, важни за намалување на процесите на хронично воспаление во организмот, е од огромно значење за здравјето на зглобовите.

 

[Поврзано: Ревматоиден артирит и исхраната!]

Дополнително, здравиот начин на исхрана ќе превенира и од гојазноста, која видовме дека е исто така ризик-фактор за оштетувања на колената.

  1. Доволно одмарање

 

Добрата ,,хигиена на сон” е клучна за процесите на ,,поправање” и обновување на сите ткива во организмот.

Одморот, ставањето мраз, компресијата и кревањето на ногата, најчесто се доволни за справувањето со отоците и болките во колената кои не се сериозни и хронични.

  1. Навремено дијагностицирање

 

Раното дијагностицирање најчесто е клучно за превенирање на трајните оштетувања на колената што можат да настанат. Никогаш немојте да ја игнорирате острата, долготрајна (некогаш доаѓа и си оди) и локализирана болка во колената.

 

 

  1. Куркума

Куркумата е зачин со особено силен антивоспалителен потенцијал. Повеќе истражувања на тематиката утврдуваат дека токму овој зачин може да биде покорисен во намалување на отоците и болките на колената, отколку лекот ибупрофен! Секогаш користете ја куркумата во комбинација со малку бибер, бидејќи тој ја подобрува нејзината апсорпција за дури 2 илјади пати!

Пред редовната употреба на овој зачин како суплемент, консултирајте се со лекарот што ве следи. Ефектот од обичната куркма растворена во вода е ист како и повеќе суплементи кои се продаваат како ,,специјални” на пазарот, затоа користете си го обичниот зачин.

 

[Поврзано: Антиканцерогената куркума – како да го подобрите апсорбирањето за 2000 пати?]

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор