fbpx

Пролетна чорба од зеленчуци и леќа

tonus

Во моментов нашите пазари изобилуваат со разни зеленчуци, па денешниот рецепт користи токму дел од нив за подготовка на една вкусна, кремава чорба. Истата може да се јаде како ручек или па како вечера. Таа е ниско калорична, здрава и нутритивно богата. Главните состојки се леќата, доматот, морковот, младиот кромид но и многу други зеленчуци. За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 45 минути и се добиваат приближно 4 порции.

 

Јадете мешунки најмалку 3 пати неделно, како главно јадење!

 

Леќата припаѓа на групата мешунки, а во својот состав може да содржи и до 25% протеини. Таа исто така ги содржи витамините В1, В3, В5,  В6, В9. Нејзиниот минерален состав е исто така импресивен –  минералите цинк, бакар, железо, манган, фосфор, калиум се содржани во значителни количества. Таа е богата со јаглехидрати, пружа чувство на ситост, а исто така и значително содржи растителни влакна кои се неопходни за здрава дигестија.

"“Online”/

 

Младиот кромид е зеленчук со многу ниска калориска вредност (само 32 калории/100g), а е богат со витамините К, Ц и В9. Тој е заслужен за подобра дигестија, здрав и добар вид и го зајакнува нашиот имун систем.

 

Морковот e ниско калоричен, богат со витамините А, В6 и В7, како и со минералот калиум. Овој коренаст зеленчук е одличен извор и на бета каротен, соединение кое нашето тело го претвара во витаминот А. Бета каротенот припаѓа на групата соединенија наречени каротеноиди и како и сите останати има антиоксидативни својства. Неговото абсорпција во телото се зголемува и подобрува кога морковите се зготвени. Како витамин А во телото тој има улога врз здравјето на нашиот вид, важен е и за правилниот развој, раст како и за  правилното функционирање на имуниот систем.

 

За оваа чорба ќе ви бидат потребни:

 

  • 250g леќа
  • 2 врзопа млад кромид, ситно исецкани
  • 2 изрендани моркови
  • 1 средно голема тиквичка
  • 1 голем црвен домат, исецкан
  • 2 пиперки, исецкани
  • 3 чешниња лук, исецкани
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 китка ситно исецкан магдонос
  • Сол и мелен црн бибер
  • Сок од еден лимон

 

Начин на подготовка:

 

  1. Во тенџере на малку маслиново масло се пропржуваат исецканиот млад кромид и лукот. Се пропржуваат околу 3-4 минути, а потоа се додава и ренданиот морков и се остава да се готви уште дополнителни 4-5 минути.
  2. Потоа се додаваат и исецканиот домат, тиквичка, магдонос и пиперки. Додадете и сол и мелен црн бибер. Гответе уште околу десетина минути или додека не омекне пиперката и дел од водата испуштена од доматот не испари.
  3. Кон ова се додава 250-300ml вода и се остава да врие на умерен оган околу 30 минути.
  4. Ваквата сварена леќа со зеленчуци може да се јаде како таква, а може и да се изблендира.
  5. Доколку ја блендирате, ставете ја целата смеса во блендер, ставете го и сокот од лимон и блендирајте за да добиете кремава и густа вкусна чорба.

 

 

Нутритивна вредност по порција:

 

Калории: 300 Јаглехидрати: 40g од кои растителни влакна: 10g  Протеини: 18g; Масти: 5g од кои заситени масти: 0,5g; Витамин K: 150µg; Витамин Б3: 4mg; Витамин Б12: 0µg; Витамин Ц: 105mg; Витамин A: 9200IU; Витамин Д: 0IU; Фосфор: 240mg; Селен: 0,5µg; Железо: 5mg; Цинк: 2,5mg

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор