fbpx

Пролетен рецепт со млад спанаќ

tonus

Пролетта е веројатно најдобриот период од годината за да јадеме повеќе свежа и здрава храна, богата со антиоксидативни фитохемикалии. Но, што е веројатно и поважно, пролетта е шанса да си изградиме навика за јадење повеќе свежа храна која ќе ја задржиме потоа во текот на целата година. Зошто?

Пролетта е годишно време во кое свежата храна e:

  1. Подостапна
  2. ,,Потазе”
  3. Поразновидна
  4. Понутритивна
  5. Повкусна
  6. Помалку третирана
  7. Поефтина

Дополнително, времето затоплува и имаме сè повеќе енергија и сè помалку потреба од ,,тешка”, масна храна.

"“Online”/


Еден од симболите на пролетта е и свежиот, ,,млад” спанаќ

 

Но, спанаќот е веројатно уште поздрав кога се јаде слабо термички третиран (варење, динстување, печење).

Во тој случај можеби ќе изгуби дел од содржината на некои витамини, како витаминот Ц, но содржи повеќе протеини, витамин А и К, а има и помалку т.н. анти-нутриенти – компоненти кои ја спречуваат апсорпсијата на хранливите материи во дигестијата. На тој начин минералните компоненти на спанаќот, како важното железо и не помалку значајниот калциум, ќе ни бидат значително подостапни.

 

[Поврзано: Што се тоа анти-нутриенти?]

Поради својот извонреден хранлив состав (витамини, минерали и низа фитохемикалии), спанаќот има низа силни бенефити по нашето здравје, како на пример:

 

 

Многу подетално околу овој извонреден зелен, лиснат зеленчук, прочитајте во една од нашите претходни статии, под наслов: Спанаќ – благослов од градината!

 


Пролетен рецепт со млад спанаќ

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

Начин на подготовка:

 

  1. Сварете ја црвената леќа. Варењето оди навистина брзо, па бидете внимателни зрната целосно да не се распаднат. Исцедете ја леќата, заедно со гравот од конзерва. Оставете ги во чинија на страна.
  2. Во една поголема, нелеплива тава загрејте го маслиновото масло. Додајте ги кромидот и лукот и гответе додека не омекнат и заруменат соодветно.
  3. Додајте го соја сосот и добро промешајте за вкусовите добро да се искомбинираат. Потоа, додајте го спанаќот покрупно или поситно исецкан, по ваша желба.
  4. Гответе ја смесата додека спанаќот добро не се зготви, односно додека соодветно не омекне.
  5. При крајот од готвењето додајте бибер, сол и зачини по желба. Сосема на крајот додајте ги и исцедените леќа и грав. Силно промешајте и гответе уште 2-3 минути.
  • Oвој рецепт прави околу 3 порции.

 

Нутритивна вредност:
(на една порција, без салатата)

Калории: 340 Јаглехидрати: 54g од кои растителни влакна: 12g и шеќери: 5g;  Протеини: 22g; Масти: 6g од кои заситени масти: 1g и омега-3: 0,3g; Витамин A: 10000IU; Витамин Б1: 0,6mg; Витамин Б6: 0,7mg;  Витамин Б9: 400µg; Витамин K: 500µg; Бакар: 0.7mg; Фосфор: 300mg; Железо: 7mg; Магнезиум: 130mg; Манган: 1,8mg; Цинк: 3mg; Калиум: 1200mg; Калциум: 170mg

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор