fbpx

МАШКО ЗДРАВЈЕ – според возраста, кои се најголемите РИЗИЦИ по вашето здравје?

tonus

Според здравствените статистики, без разлика на возрасната група, генерално гледано жените едноставно се поздрави од мажите.

 

Од 15-те водечки причини за смрност во светски рамки, дури во 14 мажите се ,,во водство”, пред жените. Жените единствено имаат поголем ризик за смртност од Алцхајмер, заболување кое голем дел од мажите не ни стигнуваат да го развијат, бидејќи е карактеристично за повозрасните лица.

 

[Поврзано: Животниот стил со изненадувачки ефекти на Алцхајмерот]

"“Online”/

 

И покрај тоа што овие разлики со текот на времето се намалуваат, сепак статистика вели дека мажите живеат околу 5 години помалку од жените.

Иако причините за ваквата ситуација во дел се биолошки, сепак начинот на живот игра можеби клучна улога.

 

Истражувањата и искуствата велат дека многу често машките лица своето здравје го ставаат во ,,втор план”. За најголемиот дел на мажите (во поново време секако и жените), далеку позначајна е социјалната позиција, отколку сопственото здравје.

 

Познато е дека мажите одат помалку на лекарски прегледи од жените и кога веќе одат, имаат значително поголема веројатност воспоставената дијагноза да е веќе во поодмината фаза. Сè додека се чувствуваат добро и продуктивно, најголемиот дел од мажите не се воопшто загрижени за животниот стил и потенцијалните здравствени ризици.

И практиката на Д-р Митов исто така е добар индикатор дека мажите честопати одењето на лекар го изедначуваат со некаква слабост. Во голема мера, термините за преглед наместо самите мажи, ги закажуваат нивните блиски.

 

Ваквата ситуација мора да се промени!

 

Дури и ако се чувствувате перфектно здраво, треба да имате свесност за своите здравствени ризици и за тоа како навиките ви се одразуваат на здравствената состојба.

 

Најголемите ризици за машкото здравје не се нешто непознато за медицината. За среќа, најчестите проблеми што се јавуваат, многу често се и целосно превентабилни, а ако се откријат навремено, односно рано, шансите за добар исход се огромни.

Во продолжение, според возраста, на кои здравствени проблеми најмногу треба да внимаваат мажите.

 

[Поврзано: Превенција од малигни болести – Колку се важни навиките за исхрана?]

 

Мажите во нивните 20-ти години – На лекар не одат само болни луѓе

 

Мажите во дваесетите години општо гледано ги немаат проблемите со најчестите нарушувања што водат до посериозни здравствени компликации и смрност. Сепак, чувството на потполно здравје, енергичност, па дури и семоќност, неретко условува потполна незаинтересираност за здравјето. Таквата незаинтересираност може да води кон формирање лоши навики што можеби немаат никакви импликации во дадениот момент, но на долг рок претставуваат огромен ризик за здравјето и квалитетот на животот што е исто така многу значајно.

 

Ќе ги наведеме најчестите – лоша исхрана, физичка неактивност, несоодветно справување со стресот (пушење и пиење алкохол), незаштитен секс и избегнување/пропуштање на редовните медицински прегледи.

 

[Поврзано: Депресијата не е обична тага]

 

Нема да откриеме нешто ново ако кажеме дека навиките се градат од порана возраст. Така, добро е уште во 20-тите години (период кога луѓето веќе се ,,осамостојуваат”) да усвоиме здрав начин на исхрана кој нам ни одговара, да спортуваме поредовно, да најдеме здрав начин за справување со стресот (не со цигари и алкохол), да практикуваме заштите секс и тн.

 

[Поврзано: Совети за справување со непријатните симптоми по откажувањето од цигарите]

 

Младите луѓе многу често ги прескокнуваат редовните систематски  и превентивни прегледи. За жал, неретко ваквите прегледи се сфаќаат несериозно и од самите здравствени инстуции.

Важно е да се забележи дека на лекар не одат само здравите луѓе, туку и оние што се одговорни и се грижат за превенцијата. Раното дијагностицирање може да значи живот и кај најмладите.

 

Мажите во нивните 30-ти и 40-ти години – Здравјето е во најмала рака исто така важно како и кариерата

 

Мажите во 30-тите и 40-тите години треба посебно внимание да обрнат на превенцијата, особено во однос на срцето. Навиките формирани во овој период од животот можат да го зголемат ризикот од различни кардиоваскуларни заболувања.

 

[Поврзано: Во зависност од вашата возраст, што можете да направите за здравјето на вашето срце?]

Холестерол: Мажите над 35 години треба да го проверуваат својот холестерол барем еднаш на 5 години. Нарушениот липиден профил е многу честа причина за срцеви проблеми, а мажите над 45 години се во посебен ризик.

Стрес: Кариера, финансии, обврски поврзани со семејството – сето ова може да биде предуслов за зголемено ниво на стрес. Мажите под стрес се посклони да развијат дијабет тип 2, висок крвен притисок и други срцеви заболувања, па дури и срцев удар.

 

Крвен притисок: Експертите советуваат мажите да го проверуваат притисокот барем еднаш на 3 години пред 40-тата, а потоа најмалку еднаш годишно (најдобро би било еднаш на неколку месеци). Ова е од особена важност, бидејќи притисокот најчесто се јавува без апсолутно  НИКАКВИ симптоми. Единствен начин да биде откриен е преку мерењата. Нарушувањата на крвниот притисок се веројатно најголемиот ризик-фактор за срцеви заболувања.

 

[Поврзано: Висок крвен притисок – може да имаме со години БЕЗ НАШЕ ЗНАЕЊЕ – Колку често треба секој од нас да мери притисок?]

 

Мажите по навршени 50 години – Виталност или зависност од апчиња, НАЈЧЕСТО вие одлучувате

 

Мажите над 50 годишна возраст треба да обрнат посебно внимание на нивниот индивидуален ризик во однос на развојот на некакви малигни заболувања. Иако ракот на дебело црево е еден од најзастапените кај повозрасните мажи, семејната историја и животниот стил.

 

[Поврзано: 5 едноставни промени за намален ризик од канцер!]

 

Комплексноста на физиолошките процеси кои водат кон малигните заболувања, прави тие сé уште да бидат, во голема мера енигма за научниот свет. Точно е дека со текот на времето научниците имаат сé повеќе информации околу поединечните видови на канцер, па така достапни стануваат и различни нови начини на третирање.

Сепак, превенцијата останува најзначајниот и централен начин за спречување на заболувањата од овој тип.

За среќа, сé повеќе расте и свесноста за ова. Луѓето се сé позагрижени и повеќе обрнуваат внимание на работите кои самите можат да ги превземат, за максимално да го намалат ризикот од развивање некакво малигно заболување.

Во оваа намера, како клучен поим се појавува животниот стил или какви ни се животните навики.

Рак на дебело црево: Почнувајќи од 50 годишна возраст, мажите треба да имаат скрининг за рак дебело црево, бидејќи станува збор за една од најчестите причини за смртност од малигна природа. Повеќе од 90% од малигните промени во дебелото црево се случуваат по 50-тата година, а третирањето е со значително поголема успешност ако се ,,фати” во порана фаза од развојот.

Простата: По 50-тата година, мажите треба да прават тест за канцер на простатата, по соодветна индикација. Речиси половина од мажите на возраст помеѓу 50 и 60 години имаат проширена простата, која во ,,најдобар случај” предизвикува само непријатност, а во најлош, води кон развој на канцер.

Имајќи предвид дека зголемената простата е еден од најчестите машки проблеми со текот на стареењето, важно е по 50-тата година почесто да го отворате ова прашање во вашиот лекар.

[Поврзано: ПРОСТАТА – што треба да знаете за ПСА тестот?]

Здравје на срцето: Во Македонија, но и во пошироки рамки, срцевите болести се причина број 1 за смртност во поодминатите години. Лошиот начин на живот со текот на годините, односно лошата исхрана, стресот, недостатокот од физичка активност и слично, условуваат проблеми со срцето подоцна во животот. Во соработка со вашиот лекар, по 50-тата година треба да ја одредите динамиката според која ќе ја следите состојбата со вашето кардиоваскуларно здравје.

 

[Поврзано: Во зависност од вашата возраст, што можете да направите за здравјето на вашето срце?]

 

Еректилна дисфункција: Се јавува кај дури ⅓ од луѓето на возраст помеѓу 40 и 70 години и може да биде сериозен индикатор за нарушено здравје. Повеќе околу оваа состојба, прочитајте на нашиот веб сајт, под наслов: Еректилна дисфункција – потенцијално предупредување за нарушено срцево здравје?

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор