Изборот на исхраната не влијае само на нашето индивидиуално и колективно здравје, туку и на ,,здравјето” на нашата планета. Импактот на исхраната и на целокупниот систем на производство на храна врз екосистемот се наметнува како уште посериозна тема по пандемијата со коронавирусот.
На 16-ти месецов се одбележа интернационалниот ден на полнозрнестата храна, а во главен фокус беше прашањето: Зошто избирањето полнозрнеста храна е добро и за нашата планета, а не само за нашето лично здравје?
Полнозрнестата храна и еколошките предизвици
Речиси една третина од емисијата на стакленички гасови во светски рамки потекнува од она што се нарекува систем за производство на храна. Ваквиот систем подразбира производство, но и дистрибуција на сè што на крајот ќе се најде на нашите трпези.
И покрај силната комплексност на оваа проблематика, сепак не сме немоќни. Со нашиот избор на храна можеме позитивно да допринесеме.
Помалку вода, помалку простор – еколошка храна
Во овој контекст полнозрнестите житарки и нивните продукти играат значајна улога. За производството на житарките потребни се помалку ресурси во однос на другите типови храна. За продуцирање 1 калорија од полнозрнести житарки, потребно е помало количество вода, во споредба со продуцирањето мешунки или зеленчук. За продуцирање пак на месото, потребно е околу 20 пати повеќе вода, за разлика од житарките.
Житарките пак, како просото, имаат силна отпорност на суши, што е од големо значење, имајќи предвид дека во не толку далечна иднина би можеле да се соочиме со посериозни последици од голбалното затоплување.
Освен што за производството на житарки е потребно помалку вода, потребен е и помалку простор. Дури 75% од земјоделската површина се користи за анимални производи, а од друга страна овие простори допринесуваат за само 17% од калориите на глобално ниво. Нешто над 40% од енергетските потреби на луѓето на дневно ниво, се исполнуваат од храна добиена од различни житарки.
Полнозрнестата храна е важен дел од начините на исхрана базирани на растителни продукти
Идејата за ,,одржливост” на исхраната сè повеќе добива на популарност во последно време. Според комисијата на Лансет, идеалната исхрана е само онаа што на одржлив начин ќе ни ги задоволи нутритивните потреби.
[Поврзано: Која исхрана е најдобра за мене?]
Воопшто не е за изненадување тоа што исхраната базирана на растителни продукти највеќе ги исполнува споменатите услови. Комисијата препорачува над 5 сервирања полнозрнести житарки на дневна основа. Што означува поимот сервирања, подетално прочитајте тука.
[Поврзано: КОЛКУ е дневната препорака за внес на ПОЛНОЗРНЕСТИ житарки?]
Според истражувањата, огромниот дел од популацијата е свесен за позитивниот импакт од избирањето житарки и растителна храна како база на исхраната.
Житарките не се само извор на здрави (сложени) јаглехидрати
Иако житарките примарно се извор на сложени јаглехидрати, сепак тие содржат солидни количества протеини, но и маснотии. Впрочем, количеството и квалитетот на протеините од различните житарки би изненадил многумина.
Многу повеќе на тема полнозрнести житарки и нивни протеини, прочитајте тука.
[Поврзано: Растителни протеини – Дали се доволни, колку и кои се најдобрите извори?; 5 распространети невистини за ЈАГЛЕХИДРАТНАТА ХРАНА]
Улогата на полнозрнестите житарки во борбата со хроничните заболувања
Во повеќе од претходните статии имаме зборувано за различните корисни аспекти од редовното консумирање најразлични непроцесирани житарки и нивни продукти.
[Поврзано: Улогата на полнозрнестите житарки во намалувањето на холестеролот!]
Житарките имаат потенцијал силно да допринесат во намалувањето на ризикот од срцеви заболувања, дијабет тип 2, мозочен удар, гојазност, па дури и да го намалат ризикот од смртност од одредени видови канцер.
Во споредба со луѓето што јадат најмалку полнозрнести житарки и нивни продукти, оние што јадат највеќе имаат до 18% помал ризик од смртност од било кој причинител, 18% помал ризик од срцеви заболувања и 12% помал ризик од смртност од канцер.
[Поврзано: Погрешниот тренд на отфрлање на ЖИТАРКИТЕ ја осиромашува исхраната]
Новиот научен фокус утврдува дека здравјето на нашиот дигестивен систем директно влијае на целокупното на здравје, вклучително и на имунитетот и воспалителните процеси. Овие факти стануваат уште позначајни имајќи ја предвид ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.
За да го одржиме оптималното здравје на нашата дигестија, потребно е редовно да внесуваме храна богата со пребиотици – фиберот на полнозрнестите житарки е токму ваков, добар пример. Повеќе за пребиотиците и пребиотската храна, прочитајте тука.
[Поврзано: Растителни влакна – како да препознаеме дека ни фалат?]