fbpx

3 предлози за ЗДРАВИ и ВКУСНИ растителни НАМАЗИ!

Дали честопати останувате без идеја што ќе доручувате или вечерате? Што ќе имате за ужина? Сакате брз оброк кој истовремено ќе биде вкусен и хранлив?

Различните типови растителни намази можат да послужат како одличен здрав оброк наутро, но и навечер. Дополнително, можете да ги користите во комбинација со здравите грицки, како макала, намази за здрави сендвичи, потпечени лепчиња, како преливи за свежи салати итн.

[Поврзано: 10 конкретни примери за здрави грицки]

Во повеќе од претходните статии наменети за рецепти дадовме предлози за попознатите растителни намази, како хумус или тапенада.

Во продолжение, 3 примери за помалку познати, но искучително вкусни и хранливи намази: од црвени пиперки, печурки и ориз !

 

[Поврзано: 3 извонредно вкусни намази од грав!]

 

Намаз од печени пиперки и бадем


Потребни намирници:

Начин на подготовка:

  1. Доколку користите непечени бадеми, кратко запечете ги додека не испуштат малку од своите масла и почнат да потемнуваат (околу 5 минути на висока температура, околу 200 степени).
  1. Испечете ги црвените пиперки.
  2. Додадете малку маслиново масло на тавче за готвење и пропржете ги ситно исецканите кромид и лук. Додадете ги печурките и гответе до 10 минути, додека тие не омекнат соодветно.
  3. Откако печурките и зеленчуците соодветно ќе се оладат, додадете ги во блендер заедно со споменатите зачини, 1 лажичка ладно цедено маслиново масло и сокот од лимон.
  4. ,,Подесувајте” ја текстурата постепено додавајќи помали количества млака вода. Ако сакате структурата да ви биде покремсата, наместо вода додајте уште малку маслиново масло, а можете да додадете и малку таан, путер од кикирики, заедно со лажичка нутритивен квасец. Ако сакате погуста текстура, внимавајте со водата или воопшто не ја додавајте.

 

  • Добиениот намаз, чувајте го до 7 денови, во добро затворен сад, во фрижидер.

 

Намаз од печурки


Потребни намирници:

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Загрејте го маслиновото масло на едно нелепливо тавче за готвење, заедно со путерот од кикирики. Кога маслата ќе се загреат, додадете го сецканиот кромид, а по некоја минута и лукот.
  2. Појачајте ја температурата и додајте ги сечканите печурки. Гответе со постојано промешување, додека соодветно не омекнат, а при крајот на готвењето додајте ги и неколкуте шери доматчиња. Гответе уште неколку минути на пониска температура, додека поголемиот дел од влагата не испари. Тргнете го садот на страна и почекајте да се олади.
  3. Оладената смеса ставете ја во блендер и додајте ги нутритивниот квасец, зачините и солта.
  4. ,,Подесувајте” ја текстурата постепено додавајќи помали количества млака вода. Ако сакате структурата да ви биде покремсата, наместо вода додајте уште малку маслиново масло, а можете да додадете и малку таан, путер од кикирики заедно со лажичка нутритивен квасец. Ако сакате погуста текстура, внимавајте со водата или воопшто не ја додавајте.

 

  • Добиениот намаз, чувајте го до 7 денови, во добро затворен сад, во фрижидер.

 

Намаз од ориз


Потребни намирници:

 

Начин на подготовка:

  1. Добро сварете го интегралниот ориз (имајте предвид дека му треба нешто повеќе време за варење од обичниот).
  2. Загрејте го маслиновото масло и пропржете ги кромидот, лукот, заедно со печурките и тиквичките.
  3. Вака подготовената смеса, секако, претохдно соодветно изладена, додадете ја во блендер, заедно со таанот, зачините, оревите исецканото сварено јајце.
  4. ,Подесувајте” ја текстурата постепено додавајќи помали количества сок од кисели краставички. Ако сакате структурата да ви биде покремсата, наместо вода додајте уште малку маслиново масло, а можете да додадете и малку таан, путер од кикирики заедно со лажичка нутритивен квасец. Ако сакате погуста текстура, внимавајте со водата или воопшто не ја додавајте.

 

  • Добиениот намаз, чувајте го до 7 денови, во добро затворен сад, во фрижидер.

Неколку кратки совети:

Сите намази се приготвуваат на сличен начин. Така, можете да ги направите и во обичен длабок сад користејќи метален или дрвен толчник, но најдобро е да користите блендер. Доколку работите без блендер, споменатите јаткасти плодови ќе треба претходно добро да ги сомелете.

Внимавајте во дозирањето на зачините, не користете премногу маслиново масло за сервирање и можеби најважното: внимавајте со водата и другите ,,подесувачи” на текстурата! Текстурата е најважниот дел кога станува збор за намазите.

Најпрво во блендерот ставете само малку вода. Ако текстурата не ви одговара, постепено додавајте вода додека не добиете густина по ваша желба. Истото важи и доколку не користите процесор за храна. Ако сакате покремаста текстура и не сте во процес на слабеење, слободно додадете малку повеќе од здравите маснотии (маслиново масло, таан или путер од кикирики на пример)!

Ако имате потреба, слободно додадете нешто поголемо количество сол или зачини, според ваш вкус.

 

РЕЦЕПТ: Тава со цвекло и сладок компир

Коренестата храна речиси без исклучок е силно нутритивно сконцентрирана храна, богата со уникатни компоненти кои имаат низа корисни својства за нашето здравје, особено ако се внесуваат почесто. Таа е и богат извор на растителни влакна, а има малку калории. Тоа ја прави одличен избор при процесот на слабеење!

[Поврзано: Рецепт за ферментирано цвекло!]

Денес ви предлагаме да подготвите интересен рецепт за ,,гратин”: сладок компир и цвекло зготвени во павлака пришто добива оброк со уникатен, богат вкус. Вистинската убавина на ова јадење лежи во неговиот специфичен вкус, бојата и интересната текстура.

Зошто е значајно почесто да се консумира коренеста храна?

 

Огромен дел од нутритивноста на растенијата се концентрира во нивните корења. Намирниците за овој рецепт се одличен пример за коренести продукти со висока хранлива вредност.

Цвеклото е извонреден минерален извор (железо, магнезиум, фосфор, калиум итн.), потоа на витамини од Б групата, растителни влакна и низа други антиоксидативни фитохемикалии.  Овој зеленчук содржи нитрати, соединенија кои во организмот имаат потенцијал да се ,,претворат” во азотен оксид, кој делува на релаксација на крвните садови, подобрувајќи го протокот на крвта низ нив – намален крвен притсок. Многу повеќе за цвеклото прочитајте во една од нашите претходни статии: Цвекло – богат извор на молекулата која го регулира протокот низ артериите!

Слаткиот компир е скробест, сладок, коренест зеленчук од  фамилијата Convolvulaceae. Иако имаат речиси ист назив и слична форма, слаткиот компир и обичниот компир имаат големи нутритивни разлики. Затоа е важно почесто да се консумираат различните видови компир.

[Поврзано: Компирот е здрава храна!]

Слатките компири се на прво место по содржина на растителни влакна, железо, калциум, Б- витамини и витамин А, во споредба со другите зеленчуци. Еден од клучните здравствени бенефити за овој плод е неговото високо количество на антиоксидантот провитамин – бета-каротен, кој кога ќе се внесе во организмот се конвертира во витамин А. Овој витамин, освен веќе познатиот факт дека го чува здравјето на очите, е  особено важен за нормална и здрава фунцкија на срцето, белите дробови, бубрезите итн.

 

Тава со цвекло и сладок компир

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 4 средни парчиња цвекло, излупени и исечени на кришки
  • 1–2 големи слатки компири, излупени и исечени на кришки
  • 3 чешниња лук, ситно исечкани
  • 300ml павлака за готвење или кисело млеко(користете кокосово млеко доколку постите или избегнувате животински производи)
  • 2 гранчиња свежа мајчина душица
  • ½ кафена лажичка морско оревче
  • маслиново масло за да ја премачкате тавата


Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на температура од  200°C. Извадете една поголема тава и премачкајте ја со маслиново масло. Користете ренде или остар нож за да ги исечете  цвеклото и слаткиот компир на тенки кругови.
  2. Наредете го коренестиот зеленчук наизменично во садот. Започнете со слој од цвекло, потоа сладок компир и продолжете сè додека не ги потрошите сите.
  3. Измешајте го лукот со павлаката. Додадете мајчина душица и морско оревче, убаво промешајте и истурете врз зеленчукот.
  4. Ставете го садот во рерна и печете околу 1 час, додека горниот дел не зарумени и кремот се згусне. Проверете со нож дали зеленчукот е испечен. Ако ножот помине лесно и цвеклото и слаткиот компир се меки, тогаш тој е подготвен. Извадете го и оставете го малку да се излади пред да го послужите.

    – Овој рецепт прави 4 порции.


Нутритивна вредност:
(на 1 порција, зготвена со павлака за готвење)

Калории: 350 Јаглехидрати: 26g од кои растителни влакна: 5g и шеќери: 5.6g;  Протеини: 12.5g; Масти: 24g од кои заситени масти: 14g; Витамин А: 15515 IU; Maнган: 0.7mg; Калиум: 701mg


Нутритивна вредност:
(на 1 порција, зготвена со кокосово млеко)

Калории: 229 Јаглехидрати: 27g од кои растителни влакна: 5.6g и шеќери: 13g;  Протеини: 4.2g; Масти: 13g од кои заситени масти: 11g; Витамин А: 14450 IU; Maнган: 1.2mg; Калиум: 789mg; Бакар: 0.6mg

 

ХРОНИЧНИ БОЛКИ – Физичка активност, масажи и психолошка поддршка, а не аналгетици – вели NICE

Различните видови хронични болки се огромен проблем за населението, а проблемите се провлекуваат и во начинот на нивното третирање.

[Поврзано: Имате хронични болки? Губењето килограми може значително да Ви помогне!]

 

Болките предизвикани од состојби како остеоартритис, ревматоиден артритис, улцеративен колитис, ендометриоза и слично, се дефинираат како секундарни хронични болки. Од друга страна пак, болките што немаат точно определена причина, а траат најмалку три месеци, се сметаат за т.н. примарни хронични болки.

 

[Поврзано: Остеопороза – колку е значајна физичката активност?]

Сè поголем број на лекари, но и релевантни здравствени институции препорачуваат физичка активност, масажи, психолошки третмани, па дури и акупунктура, пред препишувањето на аналгетски лекарства за пациентите со хронични болки без точно определен причинител – примарните хронични болки.

Неодамна со ваква препорака излезе и Британскиот Национален институт за здравје (Nice). Од таму велат дека лекарите треба да им даваат предност на ,,природните” третман за овие болки, а од голема помош можат да бидат и психолошките третмани, како и антидепресивите (во определени случаи).

 

Дали аналгетиците воопшто можат да бидат од помош?

 

Британскиот здравствен систем заклучува дека хроничните болки од ,,непознато потекло” се доста распространет проблем помеѓу населението (помеѓу 1 и 6% од луѓето во Англија). Во таа насока, нивниот институт NICE формира препораки (за лекарите и јавноста) што имаат за цел да му помогнат на овој дел од населението. Во нив, како што веќе и споменавме, ги нема лекарствата за ублажување на болки или аналгетиците. Но, зошто?

Експертите утврдиле дека не постојат доволно научно поткрепени податоци кои би укажале дека аналгетиците го подобруваат или олеснуваат животот на лицата со хронични болки! Ниту во физичка, а ниту во психолошка смисла!

Заклучокот е дека од достапните лекарства, едниствено одредени антидепресиви во одредени случаи можат да го исполнат базичниот медицински услов – да направат повеќе корист отколку штета. Во оваа дефиниција, според директорот на Британскиот национален институт Nice, Д-р Пол Крисп, не влегуваат и аналгетиците.

 

Хроничните болки се проблем на кој му е потребно поголемо внимание

Искуствата покажуваат дека контролирањето и справувањето со хроничните болки е навистина предизвикувачка работа.

Нашите тела се создадени за да се движат, а умот да мисли и комуницира со луѓето и околината. Овие основни постулати кои нè прават луѓе се сериозно загрозени од хроничните болки, па затоа често луѓето покрај дијагнозата што им ги создава болките, имаат и стрес, а неретко развиваат и посериозни ментални нарушувања, како депресија или анксиозност на пример. Заради овие причини, од особена важност е да се најде некакво решение, односно подобро кажано – начин полесно да се живее со болките.

 

[Поврзано: Стрес – ефекти и начини на справување]

 

Имајќи го предвид претходно кажаното, фокусот не треба да биде само на намалување на болките во одреден момент кога можеби тие ,,ескалираат” (со аналгетици), туку на создавање план или лесно применлива стратегија која ќе нѝ помогне постојано да бидеме спремни да се движиме и дружиме со луѓето.

 

[Поврзано: 5 правила за самопомош кога сме соочени со ХРОНИЧНИ БОЛКИ]

 

Какви се препораките од NICE?

Nice препорачува составувањето на планот за грижа и контролирање на хроничните болки да биде базирано на:

  • колку лошо ваквите болки се одразуваат на секојдневието на пациентот
  • нивото на физичка подготвеност на пациентот
  • отвореност во разговорот за проблемите и прогнозите во врска со дијагнозата

 

Планот треба да содржи третмани кои во истражувањата се покажале како успешни на подолг рок во контролирањето на хроничните болки. Всушност станува збор за дизајнирање на програми за физичка активност, психолошки третмани, како бихевиорална терапија и ACT, а ако има потреба и антидепресивни медикаменти (се споменуваат амитриптилин, ситалопрам, дулоксетин, флуоксетин, пароксеин или сертралин).

 

Советите од Nice вклучуваат и препораки за искучување од употреба на многу често употребуваните парацетамол, нестероидни антиинфламаторни лекарства, бензодиазепини или опиоиди – лекарства што поседуваат потенцијал да направат зависност кај пациентите.

 

Извор:

 

Offer exercise, therapy, acupuncture, or antidepressants for chronic primary pain, says NICE

 

Леблебии во кари и доматен сос

Во индиската кујна, вкусовите се длабоки и сложени, а рецептите честопати бараат состојки кои се туѓи за нашето поднебје. Меѓутоа, сè додека во вашата кујна има кари во прав и некои други пикантни зачини, можете да подготвувате прилично добра и разноврсна индиска храна со речиси идентичен вкус како оригиналната.

Освен што изобилува со вкусови (кои доаѓаат од антиоксидативните зачини), индиската храна има и свои уникатни бенефити за нашето здравје благодарение на различните комбинации од високо-нутритивни намирници.

Зошто е важно да користиме повеќе зачини во исхраната?

За среќа, во денешно време зачините се широко достапни и повторно се враќаат на голема врата. Постои тренд на користење на нови, нетипични зачини за нашите краишта, како куркума, кари,кумин, сумак, коријандер, цимет и многу други. Ваквите навики се искучително корисни, прво заради тоа што зачините имаат одличен хранлив состав и бројни корисни ефекти по здравјето кои произлегуваат од него. Второ, заради тоа што различните зачини ја прават здравата храна попривлечна и трето, не помалку важно, ја намалуваат и потребата за посолување на оброците!

[Поврзано: Намалувањето на солта во исхраната – наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот!]

Храната со сложени јаглехидрати како основа во здравиот начин на исхрана

 

Во најголемиот дел од оброците, ваквиот тип на храна треба да ни ја дава основата. На пример, мешунките треба да ги имаме за ручек барем 3-4 пати во неделата – грав, грашок, леќа, наут итн.

Ќе наведеме само неколку од најважните причини зошто храната богата со квалитетни сложени јаглехидрати, во која се вбројуват и мешунките како наутот, треба да ни биде секојдневние и приоритет:

  • Сложените јаглехидрати, заедно со растителните влакна (со кои исто така е богата оваа храна), овозможуваат превенирање на шеќерните пикови, а потоа и наглите падови, што не е добро само за лицата со дијабет, туку и за сите останати. На овој начин, постојано имаме глукоза во крвта во оптимални граници, што значи подолго сме сити и превенираме прејадувања.
  • Оваа храна во исто време е и богат извор на најразлични микронутриенти – бројни минерали и витамини.
  • Храната што се базира на сложени јаглехидрати во себе содржи солидна пропорција протеини и минимум маснотии и тоа здрави масти.

[Поврзано: 5 причини за редовна употреба на наутот!]

Индиски леблебии во кари и доматен сос

Рецептот кој следува е добар пример за ова што претходно го зборувавме. Во него има доста висока концентрација на растителни влакна, разновидни протеини, но и повеќе микронутриенти и фитохемикалии, како витамините А и К, железо, бакар, манган и повеќе различни антиоксидативни компоненти.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 1 мал кромид, ситно исецкан
  • 3 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 супена лажица свеж ѓумбир, изрендан или исецкан на ситни парчиња
  • 1 мала лута пиперка, ситно исецкана (може да користите и 1 кафена лажичка чили во прав)
  • 1 кафена лажичка кари во прав
  • 300ml сос од домати
  • 2 конзерви наут, исцеден и исплакнат
  • 4 големи шољи лиснат зеленчук, на пример спанаќ, блитва или кељ, ситно исецкани
  • ½ шоља свеж магдонос, ситно исецкан
  • ½ кафена лажичка морска сол
  • ½ кафена лажичка бибер


Начин на подготовка:

  1. Во големо тенџере или длабоко тавче издинстајте го кромидот во вода на средна топлина додека не омекне.
  2. Додадете ги лукот, ренданиот ѓумбир и лутата пиперка, па гответе уште околу 3 минути. Додадете вода доколку е потребно.
  3. Додадете го и карито во прав и мешајте додека целата мешавина од кромид не се премачка во карито. Продолжете со готвење уште неколку минути за да дозволите зачините поуспешно да ,,делуваат” и да се сврзат.
  4. Додадете ги сосот од домати, исцедениот и исплакнат наут и варете додека сè не се загрее, околу 10-тина минути.
  5. На крај, додадете ги исецканиот лиснат зеленчук, солта, биберот и продолжете со готвење додека зеленчукот не овене.
    Тргнете од оган и додадете го свежиот магдонос. Служете со варен ориз.
  • Овој рецепт прави 4 порции.


Нутритивна вредност:
(на 1 порција, без ориз)

Калории: 323 Јаглехидрати: 54.5g од кои растителни влакна: 15.7g и шеќери: 11g;  Протеини: 16.6g; Масти: 6.1g од кои заситени масти: 0.5g; Железо: 4.5mg; Бакар: 0.6mg; Манган: 2.1mg; Фосфор: 223mg; Витамин А: 4015 IU; Витамин К: 288µg; Витамин Б6: 0.5mg; Фолна киселина: 176µg

 

,,Бродчиња” од модар патлиџан полнети со урда

Сакате ручек кој целосно ќе ве засити и ќе ви ги обезбеди потребните нутриенти, а притоа нема да ви даде многу калории?

 

Бродчиња од модар патлиџан и урда



Популарните ,,бродчиња” се одличен хранлив оброк кој има потенцијал добро да ве засити (поглднете нутритивна табела, под рецептот!). Ваквото својство се должи на главните компоненти на овој рецепт: модриот патлиџан и урдата.

Урдата е одличен протеински извор, додека патлиџаните изобилуваат со микронутриенти (витамини и минерали) и растителни влакна.
Квалитетните протеини од урдата го супресираат хормонот на гладот, наречен грелин, додека растителните влакна и водата на свежата храна, како што е модриот патлиџан, поттикнуваат чувство на полн стомак.

Во Индија, модриот патлиџан се смета дури и за „крал на зеленчуците“ – и со право, бидејќи освен што го збогатува вкусот на секое јадење, тој има состав кој ветува најразлични здравствени бенефити. Многу повеќе околу нив, дознајте во една од нашите претходни статии: Придобивки од МОДРИОТ патлиџан!

Се работи за искучителна, нутритивно концентирана храна. Својата темновиолетова боја ја добива од антоцијанинот, моќен антиоксидативен пигмент. Високата нутритивна вредност, пред сè, потекнува од високото ниво на витамините Ц, К, Б1(тиамин), Б3(ниацин) и Б6. Освен тоа, модрите патлиџани содржат и магнезиум, фосфор, фолна киселина и калиум, а имаат и исклучително ниска калориска вредност (само 25 калории на 100 грама!). Ова ги прави модрите патлиџани нутритивно сконцентрирана храна, која освен за зачувување на доброто здравје е одличен избор и за задржување на добрата линија.

[Поврзано: Нутритивно концентрирана храна – што е тоа?]

Модриот патлиџан – специјалитет на медитеранската кујна

 

Во медитеранската кујна, еден од најзастапените вкусови е токму оној на модриот патлиџан. Тој може да се сретне во речиси секоја форма – полнет со различни состојки, во мусака, манџи, салати и ред други јадења. Денес, ви предложуваме да подготвите бродчиња од модар патлиџан со урда!

[Поврзано: Сицилијанска капоната – модар патлиџан во своето најдобро издание!]

За овој рецепт, потребно ќе ви биде:

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Најпрво ги пресекуваме на половина (по хоризонтала) двата модри патлиџани. Внимателно, со лажичка ги издлабуваме по средината, односно го вадиме семето за да оставиме простор подоцна за полнењето. Ја вклучуваме рерната да се загрева на 180°C.
  2. Додека рерната се загрева, секоја од издлабените половини модар патлиџани ја преливаме со 1 лажичка ладно цедено маслиново масло, а потоа зачинуваме со димена црвен пипер и сол и бибер, според вкус. За подобар вкус, добро е да користиме покрупна, морска сол.
  3. На една тава за печење, поставуваме хартија за печење и ги редиме половинките модар патлиџан. Откако рерната доволно ќе се загрее, ги ставаме патлиџаните да се печат околу 10 до 15 минути.
  4. Додека модрите патлиџани се печат, го подготвуваме ,,филот”. Во еден подлабок сад ја ставаме урдата, а потоа ги додаваме сецканиот магдонос, заедно со иситнетите јатки, копарот и ориганото. Добро мешаме додека смесата целосно не се соедини.
  5. Испечените модри патлиџани ги полниме со филот и врз нив наросуваме малку од калинките.
  • Овој рецепт прави 3 порции.

 

Нутритивна вредност:

(на една порција)

Калории: 310 Јаглехидрати: 30g од кои растителни влакна: 12g и шеќери: 16g;  Протеини: 15g; Масти: 16g од кои заситени масти: 3g; Витамин Б1: 0.3mg; Витамин Б2: 0.3mg Фолна киселина: 110µg; Витамин Б3: 5mg; Витамин Б5: 1,6mg Витамин Б6: 0.4mg; Витамин Б12: 0.4µg Витамин А: 750IU; Витамин E: 3,3mg; Витамин К: 130µg; Железо: 2mg; Калиум: 1100mg; Манган: 1,2mg; Магнезиум: 100mg; Бакар: 0.6mg; Селен: 12µg; Фосфор: 280mg

 

 

 

5+ причини зошто секогаш треба да имаме кумин во ормарчето со зачини

Куминот е зачин направен од сушеното семе на цветното, едногодишно растение од видот Cuminum cyminum. Овие билки се типични за Медитеранскиот регион, но и за пределите на Азија.

Во денешно време, зачинот кумин е застапен ширум светот и се користи за зачинување на најразлични оброци – супи, печени јадења, маринади, салати, но и за правење на други зачини, како познатиот мексиканси чили зачин или за кари зачинот. Поседува специфичен, топол и силен вкус кој е и помалку пикантен и ,,земјен”. Куминот може да се најде како целозрнест или фино сомелен.

Во минатото, куминот се користел за најразлични намени и во традиционалната медицина, а во денешно време се појавуваат сè повеќе и повеќе истражувања што ги потврдуваат неговите корисни ефекти.

 

Зошто е важно повеќе да користиме зачини во секојдневната исхрана?

 

За среќа, во денешно време повеќето зачини се широко достапни и повторно се враќаат на голема врата во нашите кујни. Постои тренд на користење на нови, нетипични зачини за нашите краишта, како куркума, кари, кумин, сумак, коријандер, цимет и многу други. Ваквите навики се искучително корисни, прво заради тоа што зачините имаат одличен хранлив состав и бројни корисни ефекти по здравјето кои произлегуваат од него. Второ, заради тоа што различните зачини ја прават здравата храна попривлечна и трето, не помалку важно, ја намалуваат и потребата за посолување на оброците!

[Поврзано: Намалувањето на солта во исхраната – наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот!]

Денес ќе зборуваме за извонредните карактериситики на зачинот кој сè повеќе добива на популарност: куминот.

 

  1. Исклучителна нутритивна вредност

 

Куминот е одличен антиоксидативен извор. Неговите главни растителни компоненти или фитохемикалии се терпените, фенолните компоненти, флавоноидите, кумарини и алкалоидите.

Голем дел од нив се моќни антиоксидативни средства. Веројатно многупати сте чуле за антиоксидантите, но дали знаете зошто овие материи се толку важни за нашето здравје?

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки и ткива на организмот. Во спречувањето на овие процеси, клучна улога играат антиоксидантите компоненти. Телото може самото да продуцира компоненти со антиоксидативни својства, но во голема мера зависи и од оние внесените преку исхраната.

Спречувањето на оксидативниот стрес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за сите огромниот дел од најчестите хронични заболувања како: ревматоиден артритис, синдром на нервозни црева, различни невродегенеративни заболувања, како Алцхајмер,  кардиоваскуларни проблеми, малигни заболувања, дијабет итн.

[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО воспаление!]

Генерално, како и кај повеќето други зачини, така и кај куминот, најголем дел од корисните ефекти се должат токму на неговите антиоксидативни фитохемикалии.

Но, хранливата вредност на куминот не ,,запира” тука. Овој специфичен зачин, покрај сосема малите количества масти, протеини и јаглехидрати (растителни влакна), содржи и низа микронутриенти, односно витамини и минерали, пред сè(во 6g или околу 1 лажичка):

 

 

Покрај ова, во куминот, во нешто помали количества се содржат и: бакар, цинк, фосфор, витамин Е, витамини од Б групата итн.

 

 

  1. Подобро дигестивно здравје и поуспешен процес на губење килограми

 

Во традиционалната медицина, куминот најчесто се употребувал за намалување на стомачните болки. Денес, истражувањата го потврдуваат неговиот позитивен ефект во оваа насока, односно велат дека употребата на куминот, помага во оптимизирањето на работата на дигестивниот систем на човекот.

Куминот го интензивира лачењето на жочна киселина од црниот дроб, што помага за полесна дигестија на маснотиите и некои други компоненти на храната. Дополнително, истражувањата укажуват дека почестото користење на кумин, може да помогне при честото дигестивно заболување – синдромот на нервозни црева.

 

[Поврзано: ,,Нервозни црева” – како да го препознаете овој синдром?]

 

Почестото користење на било кои зачини во исхраната, може да допринесе во процесот на слабеење, заради тоа што ја прави нискокалоричната, здрава храна доста поприфатлива и го поттикнува  полесното заситување. Но, треба да се напомене дека постојат повеќе студии кои поконкретно укажуваат дека редовната употреба на кумин, може значително да придонесе кон поуспешното намалување на килограмите.

 

[Поврзано: Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?]

На приер, една студија од 2014 година, вели дека секојдневната употреба на 3g кумин во комбинација со јогурт, во период од 3 месеци, помогнало за значително намалување на килограмите, односно обемот на струкот и масното ткиво кај жените што имале проблеми со килажата.

 

  1. Потенцијално антидијабетично дејство

 

Одредени фитохемикалии на куминот во истражувањата покажале својства кои се од помош за лицата со дијабет.

 

Така, една клиничка студија покажува дека суплементирањето со концентриран кумин, ја подобрува ситуацијата со почените индикатори на дијабет кај гојазните пациенти.

 

Еден од начините според кои дијабетот ги оштетува клетките во организмот е преку дејствувањето на т.н. AGE продукти, што всушност се протеини или масти кои се ,,оштетени” од преголемото присуство на шеќери во крвта. AGE продуктите се создаваат во крвотокот при високо ниво на шеќер кое трае подолг период, најчесто при состојба на дијабет.

 

[Поврзано: Што секој од нас би требало да знае за ДИЈАБЕТЕС?]

 

Формираните AGE продукти, имаат потенцијал да ги оштетат очите, бубрезите, нервите и малите крвни садови. Затоа лицата што страдаат од дијабет, мораат многу повеќе да внимаваат на споменатите аспекти од нивното здравје.

 

Едно истражување утврдува дека куминот може значително да ја намали концентрацијата на штетните AGE продукти во крвта. Важно е да се каже дека овие податоци се добиени по лабораториски анализи, но постојат клинички студии според кои употребата на куминот, односно неговиот поконцентриран екстракт, може значително да помогне за поуспешно контролирање на глукозата во крвта.

Така, куминот се препорачува за лицата со дијабет, како што се препорачуваат и другите зачини, а особено коријандерот. Зошто е тоа случај, прочитајте.тука

[Поврзано: Како до подобра контрола кај дијабет?]

 

  1. Подобро кардиоваскуларно здравје

 

И овој позитивен ефект на куминот главно се должи на неговиот извонреден антиоксидативен потенцијал.

 

Истражувањата покажуваат дека редовната употреба на овој зачин може да придонесе за намалување на триглицеридите и холестеролот во крвта.

 

Куминот придонесува за кардиоваскуларното здравје преку:

 

  • Антивоспалителниот ефект
  • Минералната содржина
  • Поуспешната контрола на телесната тежина
  • Контролирањето на AGE продуктите
  • Поттикнатата намалена употреба на солта

 

Имено, едно истражување вели дека секојдневното земање 150mg кумин, во период од 2 месеци, придонесуваа за намалување на вишокот триглицериди во крвта.

 

[Поврзано: Зошто триглицеридите во организмот ни се важни?]

Повеќе други научни студии велат дека редовната употреба на куминот може да го намали и т.н. ,,лош” LDL холестерол во крвта.

 

[Поврзано: Зависно од вашата возраст – што треба да правите за здраво срце?]

 

  1. Силен антимикробен ефект

 

Покрај антиоксидативниот и антивоспалителниот ефект на куминот, тој поседува и особено потентен антимикробен ефект.

 

Уште од далечното минато, луѓето увиделе дека куминот придонесува за значајно продолжување на рокот на храната. Така, тој освен како засилувач на вкусот на различните јадење, користен бил и како конзерванс.

 

Денес, науката потврдува дека куминот во голема мера го запира размножувањето на различни штетни микроби, како патогени бактерии, и одредени видови на габи. При варењето на куминот во нашиот дигестивен систем, се ослободува компонента наречена мегаломицин, која поседува моќни антибиотски својства.

Дополнително, постојат студии кои велат дека куминот ја намалува антибиотската резистентност на одредени патогени бактерии.

Дополнителни, потенцијални корисни ефекти од редовната употреба на куминот:

 

  • Антистрес ефект – олеснување на симптомите на стресот, демонстрирано во одредени анимални студии.
  • Подобра меморија – поради антивоспалителниот ефект, односно заштита од оксидативни оштетувања на мозочното ткиво.

  • Превенција од анемија – поради големото количество железо кое го има куминот.
  • Може да придонесе за намалување на одредени типови зависност и да ги ублажи непријатните симптоми што се јавуваат по откажувањето – исто така покажано во анималните студии, но со ветувачко дејство.
  • Силно антивоспалително дејство – куминот содржи фитохемикалии што низ студиите се покажуваат како намалувачи на клучните воспалителни маркери, наречени NF – kappaB. Сепак, треба да се каже дека овие информации не ни се доволни за да знаеме дали самиот зачин е доволен или е потреба суплементација за остварување на овој ефект, па потребни се понатамошни истражувања во оваа насока..

 

 

 

 

Ишијас – како може сами да си помогнете, пред да треба стручна помош

Ишијасот, народски кажано, е навистина чест проблем. Се претпоставува дека тој ќе се јави кај дури 40% од населението, во одреден период од животот. Пациентите што страдаат од некаков облик на хронична болка, ретко се движат, имаат проблеми со обезноста или се пушачи, се во поголем ризик од ова заболување.

 

[Поврзано: 5 правила за самопомош кога сме соочени со ХРОНИЧНИ БОЛКИ]

 

Всушност, станува збор за поим кој реферира на болката што ,,се движи” по должината на скијатичниот (ишијадичен) нерв (дебел колку малиот прст). Поставеноста на овој нерв, инаку најдолгиот во периферниот нервен ситем, се протега од задникот или од долниот дел на грбот, кон нозете, па сè до стапалата.

 

Болките што се јавуваат ретко се слични една на друга. Тие се движат од тапа до поостра болка, вкочанетост, пецкање, трнење и електрицитет, пулсирачка болка, чувство на топлина на болното место итн. Најчесто, болката се ,,спушта” по должината на едната нога.

Интензитетот на болките пак, се движи од непријатни до болки кои врзуваат за креветот.

 

Можни причини

 

Утврдени се повеќе различни причинители за оваа состојба, а најчесто се работи за:

  • Хернија на интервертебралниот диск во лумбален дел – внатрешниот дел на дискусот може да хернира, па да врши притисок врз скијатичниот нерв.
  • Дегенеративно заболување на интервертебралниот диск – нормален процес што се јавува како резултат на стареењето, но кај одредени луѓе прави иритација на скијатичниот нерв.
  • Инфекција
  • Повреда
  • Бременост – поради одредени хормонални промени
  • Многу поретко, но ишијасот може да се јави и како резултат на зголемувачки тумор или на заболување, како дијабетот.

За утврдување на причините поради кој е настанат ишијасот, потребни се детални физикални и невролошки прегледи, а во одредени случаи и електромиограм, рендген, компјутерска томографија и магнетна резонанца,

 

 

Дали и кои промени во животниот стил можат да помогнат при ишијас?

 

Секако, постојат различни опции за справување, односно третман на ишијасот (аналгетици, мускулни релаксанти, кортико, физикална терапија, специјални вежби, па во краен случај и хируршки третман) и сите тие се во доменот на специјалисти во соодветната област на медицината, но во продолжение ќе се фокусираме на она што може да направиме самите ние, за да си помогнеме во превенцијата и при појавата на ишијасот.

 

  1. Немојте да се плашите од раздвижувањето

 

Многумина што го имаат овој проблем се во страв дека ако повеќе се движат, болките ќе се влошат. Всушност, обратното е случај. Самото движење може значително да ви помогне во намалувањето на болките, преку опуштањето на нервот кој е компресиран или притиснат.

 

Секако, најдобро е физичката активност да биде умерена, па обидете се со прошетките. Тие не само што ќе го ,,подослободат” нервот, туку ќе ви овозможат и подобра циркулација, а ќе го намалат и воспалението.

 

Ова е особено важно ако имате навика постојано да седите или пак имате работа која ви налага долго стоење.

 

  1. Контролирајте ја вашата телесна тежина

 

Веќе споменавме дека обезноста е ризик-фактор за ишијас. Така, водењето здрав живот, пред сè практикувањето здрава исхрана и претходно споменатото редовно движење, се клучни во одржувањето на нормалната телесна тежина.

[Поврзано: Имате хронични болки? Губењето килограми може значително да Ви помогне!]

 

  1. Прaктикувајте вежби за истегнување

 

Уште еден добар начин за справување со болките на ишијасот е редовното истегнување. Без разлика дали станува збор за наједноставни вежби или практикување јога, вежбите за истегнување се добри за мускулните грчеви кои се поврзани со ишијасот и помагаат полесно да се одвива процесот на ,,самоизлекување”.

[Поврзано: Видео со вежби за истегнување за ишијас]

  1. Практикувајте и масажи

 

Масажите можат да ни понудат повеќе бенефити кога станува збор за ишијасот:

 

  • Ја олеснуваат мускулната тензија
  • Промовираат создавање на ендрофини (природни аналгетици на организмот или ,,убијци на болката”)
  • Поттикнуваат подобра циркулација

 

Наизменичното ставање на топли и ладни облоги на половината (10-15 минути мраз за намалаување на воспалението, а потоа 20-30 минути пенетрирачка топлина), повеќе пати во денот, може исто така да биде од голема помош за намалување на болките.

 

[Поврзано: Видео со масажи за ишијас]

 

  1. Одморајте доволно

 

Ако не спиете доволно, процесите на ,,обновување” на телото ќе успорат, па тоа негативно ќе се одрази и на ишијасот. Дополнително, ова посебно важи ако имате потешка физичка работа.

 

Добриот сон, дава можност инфламаторните агенси на телото побрзо и поефикасно да си ја завршат работата, овозможувајќи намалување на болката во текот на утрото и денот.

[Поврзано: Како да го подобрите сонот?]

 

  1. Немојте да седите и стоите предолг период

 

Една од најлошите работи што можете да си ја направите ако имате ишијас е предолго да седите или стоите. Ако веќе морате подолго да седите или стоите, бидете особено внимателни на правилната позиционираност на телото – бидете исправени и правете паузи за раздвижување и истегнување.

 

Долгото седење или стоење го зголемува притисокот и го иритира скијатичниот нерв.

 

[Поврзано: Како претераното седење го УНИШТУВА здравјето? И веројатно е лошо колку и пушењето!]

 

 

Најпопуларниот зачин! И со право

Употребата на зачините во источните кујни има своја длабока традиција. Уште од првите средби помеѓу источната и западната култура, луѓето од западот го увиделе значење на различните зачини во подготвувањето на храната и богатите и специфични вкусови со кои тие го збогатуваат вкусот на секое јадење.

Заради овие причини, трговијата со зачините се развила во една од главните економски гранки на тогашните економии, па водени се дури и повеќе војни за зачините.

За среќа, во денешно време зачините се широко достапни и повторно се враќаат на голема врата. Постои тренд на користење на нови, нетипични зачини за нашите краишта, како куркума, кари, сумак, коријандер, цимет и многу други. Ваквите навики се искучително корисни, прво заради тоа што зачините имаат одличен хранлив состав и бројни корисни ефекти по здравјето кои произлегуваат од него. Второ, заради тоа што различните зачини ја прават здравата храна попривлечна и трето, не помалку важно, ја намалуваат и потребата за посолување на оброците!

[Поврзано: Намалувањето на солта во исхраната – наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот!]

Денес ќе зборуваме за извонредните карактеристики на веројатно најпопуларниот зачин на денешницата: кари зачинот.

Мешавина од различни корисни зачини

 

Кога зборуваме за кари зачините достапни низ маркетите, не се работи за една билка, туку за зачин кој се добива како мешавина од повеќе други корисни зачини. За да се добие добар кари зачин, потребна е умешност, вештина, трпение и чувство за рамнотежа.

 

Карито потекнува од индискиот полуостров. Постојат најразлични комбинации од кои се добива, но главните составни елементи на секој кари зачин се: куркума, коријандер, кумин, пискавица (тилчец) и чили. Во некои комбинации влегуваат и: семе од синап, цимет, кардамон, лук, ловоров лист, морско оревче, каранфилче, различни биберови зрна итн.

 

[Поврзано: 6 причини зошто ЦИМЕТОТ не е само обичен зачин!; БИБЕР – 6 причини за да го користите секој ден!]

Извонредна хранливост!

Вкусовите на овој зачин можат да варираат од умерено до силно лути, а кога станува збор за хранливата вредност, кари зачинот е веројатно најдобриот зачин што можете да го најдете на полиците низ маркетите.

Се работи за исклучително моќен антиоксидативен и микронутритивен (витамини и минерали) извор. Тоа и не е за изненадување, бидејќи карито е комбинација од особено корисни антиоксидативни зачини, кои веќе претходно ги наведовме.

Во една лажичка кари или во околу 15g, се содржат:

 

Дополнително, кари зачините вообичаено содржат и калиум, калциум, фосфор, витамини од Б групата и низа потентни антиоксидативни компоненти.

Моќно антиоксидативно и антивоспалително средство!

 

Акутните, односно моменталните процеси на воспаленија му се од особена важност на телото во борбата против инфективните болести. Но, хроничните воспалителни процеси се многу штетни по здравјето.

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки на организмот. Во спречувањето на овие процеси клучна улога играат антиоксидантите компоненти. Телото може самото да продуцира компоненти со антиоксидативни својства, но во голема мера зависи и од оние внесените преку исхраната.

Спречувањето на оксидативниот стрес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за сите огроминот дел од најчестите хронични заболувања како: кардиоваскуларни, малигни заболувања, дијабет Алцхајмер итн.

[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО воспаление!]

Така, секоја компонента која може да помогне во намалувањето на хроничната инфламација е од особена важност. Секој зачин од којшто е составено карито, претставува посебно моќен антиоксидативен извор. Ќе ги издвоиме само куркумата, коријандерот и чилито.

Чилито е богат извор на компонентата наречена капсицин, за која истражувањата потврдуваат извонредени антивоспалителни својства.

Куркумата е богата со куркумин, компонента што е доста истражувана и помеѓу останатото, кај неа се утврдени и следните потенцијални корисни ефекти:

  • Позитивно дејство врз здравјето и развојот на мозокот
  • Куркуминот ја блокира молекулата наречена NF-kB која патува до јадрото и ја поттикнува експресијата на гените поврзани со воспаление. Оваа молекула се смета дека игра клучна улога во развојот на повеќето хронични заболувања.
  • Значајно го намалува ризикот од кардиоваскуларни и малигни заболувања.
  • Помага при артритис, остеопороза и синдром на нервозни црева.

Коријандерот е одличен извор, главно на следните потентни антиоксидативни компоненти, кои имаат низа на корисни ефекти за нашето здравје:

  • Апигенин
  • Кверцетин
  • Кампферол
  • Каротеноиди (лутеин, зеаксантин, бета-криптоксантин, бета каротен) итн.

[Поврзано: Антиканцерогената куркума – како да го подобрите апсорбирањето за 2000 пати?]

 

Едно истражување утврдило значително намалување на алантоинот, кој се смета за маркер на оксидативниот стрес, после консумирањето кари.

Кои се потенцијалните позитивните ефекти по здравјето од наведениот состав на карито?

Имајќи ја предвид извонредната хранлива вредност на кари зачинот, не треба воопшто да нè изненадат бројните потенцијални корисни ефекти по здравјето од неговата редовна употреба. Ќе наведеме само неколку од најзначајните:

 

 

  1. Подобро кардиоваскуларно здравје!

 

Редовната употреба на овој зачин може значително да придонесе за здравјето на срцето од неколку аспекти.

Повеќе различни студии укажуваат дека кари зачинот може да го подобри протокот на крвта, односно циркулацијата, да ја подобри функцијата на крвните садови и да го намали холестеролот, што значително го намалува ризикот од срцеви болести.

 

Едно сериозно истражување, со над 100 илјади испитаници, укажува дека честата употреба на кари зачинот, може значително да ги намали нивоата на триглицеридите во крвта.

Дополнително, постојат повеќе истражувања што сугерираат дека редовната употреба на карито, може да делува позитивно и за притисокот, односно за неговото намалување. Во однос на крвниот притсок, кари зачинот е корисен и поради тоа што ја намалува потребата од солење на храната, а свесни сме дека солта е помеѓу главните ризик-фактори за развивање на хипертензија.

[Поврзано: Основни, а пресудни информации за крвниот притисок]

Ваквите ефекти главно се должат на извонредната антиоксидативна содржина на карито. Но, овој зачин може да се смета за добар за срцето и поради минералната содржина и растителните влакна.

Имено, растителните влакна (фиберот) се компоненти што поседуваат карактеристики кои можат да придонесат за превенцијата од гојазност,   за слабеење, но и да го регулираат липидниот статус, што е од особена важност за здраво срце. Под регулирање на липидниот статус се поздразбира намалување на ,,лошиот” LDL холестерол и намалување на триглицеридите (мастите) во крвта.

2. Може да помогне во намалувањето на шеќерот

Во една студија, со над 100 илјади испитаници, се покажало дека оние што умерено консумирале кари, имале помали нивоа на шеќер во крвта, од тие што внесувале кари помалку од еднаш месечно.

За овој ефект, можат да придонесат и растителните влакна на карито. Познато е дека фиберот делува на дигстивните ензими и допринесува за значително поспора апсорпција на глукозата во крвотокот, што превенира од силни пикови, а потоа и нагли падови на глукозата во крвта.

 

Дополнително, јадењето зачинета храна, овозможува внесување помалку калории, што превенира од повишена телесна тежина – ризик-фактор број еден за гојазност и проблеми со шеќерот.

3. Подобро здравје на мозокот

Порано важеше тврдењето дека невроните или нервните клетки не се способни да се делат или размножуваат, после раното детство. Сепак, утврдено е дека ова се случува.

Невроните се способни да формираат нови конекции, но во одредени делови од мозокот ите можат и да се размножуваат, со што би се зголемил нивниот број.

Еден од главните фактори за овој процес е т.н. хормон BDNF, кој е тип на хормон за растење кој функционира во мозокот. Повеќето чести ментални заболувања, вклучително и Алцхајмеровата болест, депресијата итн, се поврзуваат со намалените нивоа на овој хормон.

Интересно, токму куркуминот може да ги покачи нивоата на овој хормон и на тој начин да придонесе за превенцијата од когнитинвните заболувања поврзани со процесот на стареење, но и други ментални нарушувања.

[Поврзано: Најдобрата храна за мозокот!]

 

4. Подобра дигестија и помош при слабеење

 

Зачинетата храна, но и храната богата со растителни влакна, силно допринесува за подобра дигестија, но и побрзо заситување, што е од особена важност при процесот на слабеење.

Ваков ефект може да се очекува кај кари зачините, а веќе постојат и истражувања што велат дека јадењето 6-12 грами кари, силно допринесува за намалување на чувството на глад.

[Поврзано: Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?]

Дополнителни, потенцијални корисни ефекти по здравјето од редовната употреба на кари:

 

  • Антиканцероген ефект
  • Поздрави очи и кожа
  • Поцврсти коски
  • Антимикробен ефект – помош при уринарни инфекции
  • Помош при артритис
  • Помош во превенцијата од анемија
  • Добар извор на антиоксидативниот витамин Е

 

 

 

 

 

Колку е важен животниот стил во третирањето на стомачните чиреви?

Чиревите се отворени ранички што можат да се развијат во различни делови од телото. Сепак, како најчести се јавуваат чиревите на стомакот: желудникот, (почетниот дел на) тенкото црево и езофагусот (хранопроводот) . Станува збор за ранички на покривното ткиво на органите.

Според истражувањата, овој проблем се јавува често помеѓу општата популација, односно од 3 до 6% од луѓето некогаш во животот се соочуваат со чир на желудникот или тенкото црево.

Како да знаете дeка го имате овој проблем?

 Веројатно изненадувачки, но едно според една понова студија голем дел од луѓето со чир на желудникот, не покажуваат никакви значителни симптоми.

Најчестите симптоми кои можат да ви укажат на чир на желудникот/тенкото црево или на езофагијален чир се јавуваат во блага форма и исчезнуваат или пак се навистина интензивно болни. Најчесто тие вклучуваат:

 

  • Абдоминална болка и чувство на горење, особено по оброците
  • Чувство на гадење и силна потреба за повраќање
  • Крв при повраќање или голема нужда
  • Темна столица
  • Тешко заспивање поради стомачните болки
  • Киселински рефлукс
  • Општа слабост
  • Дијареа

Можни компликации

Полесните ,,варијанти” на стомачните чиреви вообичаено се лекуваат два до три месеци. Оние на тенкото црево нешто пократко. За жал, неретко чиревите знаат и повторно да се ,,вратат”. Затоа е значајно постојано да се има здрав начин на живеење и соодветно, односно правилно да се третираат.

Според искуствата, кај околу ⅓ од пациентите чирот може да направи некакви компликации, покрај силните болки (проблеми со црниот дроб или бубрезите). Сепак, треба да се каже дека најчесто се работи за полесните варијанти и не е потребна хируршка интервенција во третирањето.

Причини

Желудникот продуцира силни киселини кои помагаат во варењето на храната и нè заштитуваат од различни патогени. За соодветно да се заштити од оваа киселина, желудникот исто така лачи специјализирани секрети кои ќе го заштитат неговото внатрешно ткиво – гастроинтестинален мукозен слој.

Ако овој мукозен слој се наруши, односно престане да си ја врши функцијата, силната киселина почнува да го нагризува желудочното ткиво, предизвикувајќи чир. Сличниот механизам важи и за тенкото црево и езофагусот.

[Поврзано: ,,Киселини” – што може сами да направите за олеснување и кога да се побара стручна помош?]

 

Хеликобактер – главениот ,,осомничен” за чиревите на желудникот

Низа фактори можат да придонесат за дисбаланс во стомакот, односно за  појавувањето на ваквите чиреви. Во минатото, одредени видови храна се сметале за директни предизвикувачи, но науката денес дефинитивно како најчест причинител ги наведува бактерии од видот Helicobacter pylori. За нив многу подетално зборувавме во една од претходните статии: Helicobacter pylori, непоканетиот гостин во желудникот!

Други можни поттикнувачи на овој проблем: стрес, пушење, прекумерна употреба на алкохол, неправилна употреба на нестероидни анти-инфламаторни лекарства, како аспирин и ибупрофен итн. Стомачните чиреви се почести кај повозрасните лица, пушачите и кај женската популација.

 

Храната не може да биде главен предизвикувач на чиревите, па ниту главна терапија за нив.

За лекување на чирот на желудник најдобро е да се следи препишаната терапија (инхибитор на протонска пумпа, антибиотици, блокатори на киселина…), од лекар, во комбинација со внимателно практикување на здрави навики за исхрана. Целта на лекувањето ќе биде да се намали болката, воспалението во дигестивниот систем, да се сузбие инфекцијата, да се подигне имунитетот, да се превенираат можните компликации и да се минимизираат шансите за ново појавување на чиреви.

 

Животниот стил е исто така доста значаен дел од третманот, но и превенцијата на чиреви во стомакот. Како најважни аспекти ќе ги споменеме исхраната (постои храна што треба повеќе да се јаде и што треба да се избегнува), потоа контролата над стресот, оставањето на цигарите и максималното избегнување на алкохолот.

 

 

Храна која треба да се преферира при чир на желудникот:

 

  1. Свежа и кисела зелка

 

Зелката уште од далечни времиња се користела во природната медицина за лекување на овој проблем. Денес, модерната медицина преку сè повеќе истражувања ни потврдува дека зелката, особено во концентрирана верзија, како смути/сок, може да биде од исклучителна помош при чир на желудникот.

 

Зошто?

 

Овој круциферозен зеленчук е богат со витамин Ц, но претставува и одличен антиоксидативен извор, меѓудругото на компоненти што докажано помагаат во превенцијата и третманот на инфекциите со споменатата бактерија H. pylori.

 

Киселата зелка пак, дополнително на ова, претставува одличен извор на пробиотици или корисни бактерии што ќе допринесат за баланс во дигестијата. Тоа е од исклучителна важност при проблеми со чиреви во стомакот.

 

[Поврзано: 7 докази дека страшно ја ПОТЦЕНУВАМЕ зелката!]

 

2. Било каква пробиотска храна

Веќе ја споменавме киселата зелка, но тука можат да се наведат и сите останати природни пробиотски продукти, како на пример: цвекло, јогурт, кефир, кисели краставички, комбуха, темпех, тофу и сите останати ферментирани продукти од соја итн.

 

Иако истражувањата сè уште се во зачетокот, постојат силни индикации дека пробиотските продукти ја стимулираат продукцијата на споменатата мукозна материја што го заштитува желудочното ткиво од киселините. Дополнително, постојат докази дека:

  • Пробиотици стимулираат формирање на нови крвни садови, што го олеснува транспортот на важните компоненти и хранливи материи до оштетеното ткиво (чирот) кое треба да се лекува.
    На тој начин, потенцијално се забрзува процесот на лекување.
  • Пробиотиците значително допринесуваат во лекувањето на инфекцијата со pylori. Одредени испитувањата даваат податоци според кои лекувањето на инфекцијата се забрзува дури за 150%.

 

[Поврзано: ПРИЧИНАТА за инстантно подобрување на цревата со ФЕРМЕНТИРАНАТА храна!]

 

3. Храна богата со растителни влакна

 

Ваквата храна е одлична при чиреви на стомакот. Фиберот ја намалува количината на киселина во стомакот, ја намалува надуеноста, ги олеснува болките, а претставува и пребиотик, односно храна за горенаведените корисни цревни бактерии! Повеќе истражувања покажуваат дека јадењето на храна богата со растителни влакна, во голема мера допринесува во превенирањето на чиревите.

 

[Поврзано: 6 конкретни здравствени придобивки од ПРЕбиотиците!]

 

4. Сладок компир

 

Одличен извор на витаминот А, исклучително битен нутриент во лекувањето на чирот. Друга храна богата со овој витамин: спанаќ, моркови итн.

 

5. Црвена пиперка

 

Еден од најбогатите извори на витамин Ц во природата. Овој витамин е доста важен во справувањето на организмот со чиреви, на пример игра важна улога во обновата на ткивата.

Статистиките велат дека луѓето што имаат недостаток од витамин Ц, се поподложни на развивање стомачни чиреви.

 

Друга храна богата со витамин Ц: бобести овошки, киви, брокули итн.

 

 

6. Лук и мед

 

Поради нивните силни антибактериски својстава – присуство на компонентата алицин во лукот и низа други антимикробни компоненти во медот.

 

[Поврзано: Лукот и неговите 5 квалитети!; 5 изненадувачки придобивки од медот, па дури и кај триглицерите]

 

Како продукти што треба да се избегнуваат, се сметаат:

 

  • Млеко
  • Бибер
  • Лута храна
  • Какао, чоколади
  • Цитрусни овошки
  • Многу масна храна
  • Продукти од домати
  • Алкохол и било какви кофеински пијалаци
  • Секоја храна што индивидуално ви претставува проблем, односно ја влошува самата состојба

Контролирањето на стресот е важно!

 

Иако теоријата дека стресот директно може да создаде стомачни чиреви нема научна подлога, сепак јасно е дека неконтролираниот стрес може да игра значајна улога во развојот на стомачни чиреви, односно значително да го зголеми ризикот.

 

Оваа конекција и не е толку изненадувачка ако се има предвид важноста на така наречената конекцијата мозокот – дигестијата, чие значење сè повеќе се потенцира во научниот свет. Многу повеќе на оваа тема, прочитајте во една од нашите претходни статии, под наслов: Не е мит. Мозокот и дигестијата се поврзани!

 

Повеќе корисни совети околу справувањето со стресот, прочитајте тука.

 

Дополнително, важно е да се каже дека стресот го намалува имунитетот, клучна компонента во борбата против сите инфекции, па така и против инфекцијата од бактеријата најчест причините за стомачни чиреви – H. pylori.

 

[Поврзано: Како СТРЕСОТ го намалува ИМУНИТЕТОТ?]

 

 

Причина плус во стотиците силни причини да ги оставите цигарите

 

Цигарите ги нарушуваат природните механизми преку кои организмот се заштитува од чиревите.

 

Киселината во стомакот се неутрализира со натриум бикарбонат, во дуоденумот или самиот почеток на тенкотот црево. Оваа базна компонента се продуцира во панкреасот, витален орган кој е ,,сместен” во непосредна близина на тенкото црево.

 

Постојат докази дека пушењето поттикнува лачење на повеќе желудочна киселина со текот на времето, а од друга страна, го намалува лачењето на натриум бикарбонат. Заради овие причини, пушачите имаат зголемен ризик од развој на чиреви во желудникот, дуоденумот, но и езофагусот или хранопроводот.

 

Дополнително на ова, пушењето се покажало и како поттикнувач на други стомачни проблеми, а може да го попречи и дејството на лекарствата кои често се користат во третманот на овој проблем.

 

[Поврзано: Непријатни симптоми по откажувањето од цигарите – Како да си помогнете?]

 

 

Без разлика дали алкохолот директно предизвикува стомачни чиреви или не, тој дефинитивно се покажал како силна причина за влошување при оваа дијагноза. – затоа, најдобро е целосно да се избегнува при проблеми од ваква природа.

 

 

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор